1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

A1 телевизија под полициска опсада

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 25 ноември 2010.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Епа нели контролата не била за Рамковски? Иво Котевси и министерката сами рекоа дека контролата не била за Рамковски и дека не можеле да најдат никаква поврзаност со Рамковски. Незнам зашто пишувате вакви работи, кога сите слушнавме што кажаа надлешните.
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Јас сум за сите да се проверуваат подеднакво. Ама таков филм кај нас ретко се гледа!
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Вику да бидеме искрени и да не се правиме дека сме паднале од Марс, досега му се простувало зошто си имал на ти го - дај ми го и со оваа и со претходните власти. Така да :x
    Само ме интересира кога ќе почнат да ја чешлаат ТВ Сител :)

    Во склоп на контрадикторностите кои се појавија во врска со ова што се случи со А1, Латас упорно не убедуваше дека немало опсада над А1, дека новинарите глумеле, за на крај да ја изговори најконтрадикторната реченица ,, Каде е сопственикот на А1, зошто не се појави, зошто ги остави децата(новинарите) сами да гинат со полицијата,,. Чекај дали јас не разбрав добро или човекот рече сами да гинат? Па како може некој да гине ако полицијата не правела ништо и не му попречувала ништо?
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Аииии Велија кради а?? :^) А Гвујо и Мијалков(посебно) и детската градинка околу нив толку се невини и чесни просто да ги имаш за пример!!? 8) :fubar:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  6. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    ДА, бе- лапсус до лапсус. А ја слушнавте ли Шеќеринска дека и Груевски ќе падне и дека тоа нема да биде на демократски начин? Нели се срцки?!?
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Златна знаеш нели дека клин со клин се избива?! ]:) ;)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  8. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Заклучок- Во државава ни фали ЧЕКАН!
     
  9. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Се беше изрежирано за да се направи една политичка реклама, ја прекинаа серијата на средина, во ударен термин, а луѓето што протестираа надвор беа од цела Македонија што значи протестот бил договорен. Незнам што е овде недемократски кога луѓето си го спроведувале законот и чим имало потреба од полиција значи дека им пил пружан отпор, што беше тоа протести кога убаво беше објаснето дека не може да се излезе од зградата од проста причина што некој може да изнесе некои документи. Среќа што секого не можат да го залажат со лоша глума.. ама добро свативме што им беше намерата :rofl:
     
    На Victorya и veri им се допаѓа ова.
  10. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    ...Истото сега го направи и Груевски. Додека со Рамковски му одеше и дружбата и прислужбата, немаше ни „И“ од каква било инспекција. Груевски четири години беше соучесник во градењето на медиумската екстериторијална зона на Рамковски, која не подлежеше на никакви закони. Таа „зона“ престана да важи кога Рамковски реши да го стави на критички нишан владеењето на Груевски. Од тука натаму во живо гледавте како изгледа одмаздата за невозвратената љубов од „А1“ кон Владата.


    Нај издран коментар! :clap: :clap: :clap:
     
    На julie77 и BoaVista им се допаѓа ова.
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Но, текстот надолу продолжува :

    По се' што видов на „лице место“, на моите колеги од „А1“, кои пресиноќа ме прашаа зошто не сакам да учествувам во отворената дебата, јавно ќе им одговорам.
    Не сакав со своето присуство да им дадам легитимитет на плејадата инстант-ловци на евтини политички поени, на луѓе што кога се на власт имаат друг аршин за демократијата различен од тој што завчеравечер го проповедаа.
    Не сакав да седнам на иста маса со луѓе што дотрчаа во „А1“ не заради поддршка за новинарите, туку заради бесплатната минутажа во која видоа отворена ТВ-можност за уривање на власта Груевски.
    Не сакав да седам до лицемери кои дојдоа само за да ги оплодат своите политички амбиции.
    Не сакав да седнам на столче во кое претходно седел човекот кој пред една деценија го воведе естрадниот начин на дејствување на полицијата, а денес згрозено го критикува.
    Секогаш ќе и' припаѓам на професионалната класа, а не на ура-насобраната маса, без оглед од каква провиниенција е таа.

    Ќе ме радува ако на оваа фреквенција се позиционираат и колегите од „А1“, бидејќи само така ќе увидат дека ова што сега им се случува е логична последица на она што со години не успевале да го спречат.
     
    На LovelyGirl и Victorya им се допаѓа ова.
  12. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Тебе не може ништо во врска со мене да ти е јасно, освен тоа што не ти е јасно. Многу погрешна реторика за луѓе кои ја бранат слободата на говорот, за каква што сакаш да се претставиш. Незнам со кои ингеренции ми браниш да го искажам овде своето мислење, кога сите го правите истото.

    Јас, на пример, мислам дека ти мене ме провоцираш- и сега???? кој да напушти???

    Не се сите, срце мое, ментално ограничени ако не се сложуваат со тебе, ама за жал не ве учат така во штабовите. Не би те обојувала, ама сакам да ти кажам дека зборовите значат и одговорност кога ќе бидат кажани, и треба да се носиш со нив, како на пример кога ти ме обележа погоре (обоив со црвено). Со тоа што ме навредуваш ми оставаш слобода да ти вратам, ама нема- не си ти крива, така те воспитале.

    Поздрав и не се нервирај, се е ова само муабет, ништо не е до нас!
     
    На angelce1 и Marence.D им се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Вери некаде прочитав дека си политички неопределена, но по коментарите изгледа дека не е така. Прво пишуваш коментар(она за неотпакуваните касети) кој веќе два дена стои како топик на фејсбук на еден вмровски функционер, сега го издвојуваш само оној дел од текстот кој се однесува на опозицијата. Каде е овде објективноста?
    И знам дека сега ќе напишеш дека јас сум контра власта, да сум, но не ја оправдувам опозицијата ама баш никаде. За разлика од таквите како тебе кои сакаат да не убедат дека не се подржувачи на оваа или онаа власт, а во секој коментар вртат сучат само за да ја одбранат пустата партија. Но навикнавме веќе, отрпнавме, знаеме дека најдобрата одбрана на секој вмровец е нападот на опозицијата! И тоа беше во ред до сега, поминуваше кај народот, ама народот веќе не сака да знае кој е крив, дали Бранко или Грујо, народот сака РЕЗУЛТАТИ, ПОДОБАР ЖИВОТ И СИГУРНОСТ, што очигледно оваа власт не може да го обезбеди, па затоа сега бара изговори и не враќа како било во времето на Бранко. Како било знаеме, мене ме интересира како е сега во времето на Груевски? Исто, ама тоа никој од власта не го споменува. Зошто? Зошто толку е вашата објективност!

    И Вери точно е дека текстот подолжува, следува дел од текстот кој ти СВЕСНО ГО ИЗБЕГНА САМО ЗАТОА ШТО Е КОНТРА ВЛАДЕАЧКАТА ПАРТИЈА.
    ,,Но, и покрај тие огромни слабости на новинарството, сакам да укажам на една многу важна работа. Власта може, треба и има право да врши секакви контроли. Но, контрола во еден медиум, кој било, мора да се спроведе на начин кој нема да ја загрози слободата на движењето на новинарите и нивната работа. Во медиум не се доаѓа со комбиња полицајци и со камиони полни со специјалци. Не смее да се разбиваат врати со токмаци, ниту да се употребува физичка сила врз новинарите. Сметките на сопственикот, трагите на парите, кои потврдуваат концентрација на медиуми или даночно затајување, може да се утврдат во нормална и легитимна законска постапка без груба полициска иконографија. Се' што е спротивно од тоа, во иднина може да го компромитира секој искрен обид на власта за спроведување каква било законска постапка.,,
     
    На HeidiDiWalt и Victorya им се допаѓа ова.
  14. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Ај што партииве го претворија ова во партиско препукување, нив и можам да ги разберам!

    Ама зошто на форумов се претвори целава дискусија во партиско препукување, не ми е јасно!

    Јас кажав, мојот став беше дека јас сум против новинарите кои што дозволија да биде дел од овој Рамковски театар на криење на криминалот! Срамота е за новинарството во Македонија! Срамота е за слободата на говорот!

    Апсолутно сум против Латас идиотот кој секојдневно на Груевски да не кажам каде му влегува, за да изгребе уште неколку илјади евра плус на своето конто!

    А, после завчерашното шоу, сум и апсолутно против Чадиковски, Јовановски и Секоуловска, кои ја направија целата драма, само за да се изгребат неколку илјади евра плус кај газда Велија, кој патем е финансиран од лицето Б.Ц!

    Искрено многу ми е жал што живеам во држава каде се е обоено! Ајде народот е поделен и обоен, затоа што и нема друг избор! Ама, новинарите, никој не им брани да поддржуваат одредена политика, меѓутоа тоа јавно да го наметнуваат како став, особено оној квази новинар Латас е тоа драги мои е најжално!
     
    На Lolipop23 и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  15. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    ама сепак му пречеле, тебе убаво би ти било ти да си ја вршиш работата, а некој да ти стои на глава, да ти баботи како папагал и да ти се плетка насекаде, па нормално дека ќе викнат полиција
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Кике душо, па што молчеа тие инспектори и што не кажаа дека некој им боботел додека работеле? И да имаш ли некаков доказ дека тие биле попречени во работата или напамет си пишуваш?
    Не би ме изненадило некој овде со цел да ја оправда акцијата на власта да каже и дека новинарите носеле со себе експлозивни направи, па затоа полицијата интервенирала. Да се разбереме, зборуваме за НОВИНАРИ, а не за Бин Ладен!
     
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Според мене ова сето беше манипулација на А1 предводена од опозициската СДСМ. Не дека сум нешто посебно настоена, но да бидам искрена се изреволтирав од глупостите кои ги видов на телевизијата а поготово глумата на двете новинарки кои врескаа како да имаше трка кон рајот а не за влез на работa.
     
  18. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    А еден од инспекторите што ги снимиле на прашањето дали се попречени во вршење на својата работа одговори со-немам коментар.Па зошто ако толку биле спречувани да работат не изјави нешто друго??
     
  19. bilmil

    bilmil Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    So smknati gaki i opinok vo glava vo Evropa, ha,ha,ha,ha,ha........Tesko nas!
     
  20. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    во никој случај не ја оправдувам и бранам власта за ништо, ама пак рамковски-мафјашот :puke: и бранко :puke: да ги оправдувам нема шанси, од авион се гледаше дека ништо не му направија ништо на новинарите и дека тоа беше само низок начин за собирање на политички поени, што во никој случај не го оправдувам
    и уште еднаш ќе повторам само за тебе воопшто не ја сакам власта и не ја сметам за добра влада, ама пак за разлика од претходната оваа подобра, и не го сакам грујо, туку само го мразам бранко и не планирам да се расправам веќе со тебе