Да речеме дека таа нема доказ за тоа, па дали ти имаш доказ дека новинарите си седеле мирно на гзот. Не можеме за тоа да дисктутираме, а за да се повика полиција значи треба да користат динамити, пушки или незнам што... ако новинарите им досаѓале на инспекторите овие требало сами тоа да си го решат затоа што новинарите се обични луѓе, ненаоружани и замисли да се употребело сила нада некој од новинарите, па што ќе настанеше тогаш?? Логично е дека ќе повикаат полиција, што значи дека полицијата треба да се грижи да не се направат некои престапи и ако треба да се дејствува со сила за да спречат некого да направи некој престап тогаш тоа да го направи полицијата која нормално е овластена за тоа а не некој друг што отишол да си ја врши својата работа ..
абе ви се молам.Зошто Рамковски ѓубрето не се јави да даде изјава? па негова ли е а1 или што?? Епа мили,рамковски беше во бегство истата вечер некаде на север !!мразам политика ама се иритирав од новинарките што глумеа како кокошки.
Не се работи дали го сакаш Бранко или Грујо или било кој друг. Не се работи ни за бранење на Бранко или Грујо, се работи за БРАНЕЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ПРАВАТА НА ЛУЃЕТО! Било која политичка гарнитура да го направеше ова, никогаш не би ја бранела ниту подржувала, па не ВМРО, СДСМ, ЛДП абе кој сака нека е. Денес на мета се новинарите, утре можеби јас, ти или било кој друг човек. Тоа ми е поентата!
Па зошто тогаш инспекторите молчеа и се чудеа кога беа прашани дали се попречувани во работата? И да логично е да се повика полиција, која треба да им обезбеди на инспекторите да си ја вршат работата, а не да попречува движење на новинари, да ги легитимира и да не ги пушта да си одат.
И мене ми беше тоа поентата Боависта, ама видов дека не бива и се откажав. Значи мене не ми е гајле дали рамковски имал нелегални бизниси! Ако е за така нека повелат во Велес да видат колку луѓе се имаат збогатено од затворањето на рандом фабрика! Значи не ми е гајле. Си крадел му се можело. Негова работа си е тоа и вас не треба да ве тангира воопшто. Вас треба да ве интересира слободата на вашиот говор и демократијата во оваа држава! А не да бистрирте дали Велија крадел или не крадел. Ама гледам, дека повеќе ве интересира ВМРО или СДСМ отколку вашата лична демократија!
на новинарите не му направија ништо, тие само си глумеа и врескаа без причина и толку...како новинари, не само во оваа политички напумпана ситуација, туку во секоја општо, "правило" му е на секој новинар да ја преувиличи ситуацијата за да им бидат поинтерсни вестите на гледачите, за да се зголеми бројот на гледаност, а во оваа ситуација, не да преувиличат, туку филм изрежираа
Се обидувам ситуацијава да ја перцепирам најобјективно. Значи Вику: Не само што провоцираш, туку си дрска и безобразна. Има и други форумџики симпатизери или јатаци на Позицијава, но се далеку по прибрани и по-аргументирани во постовите. И незнам како не ти е срам да се декларираш како политички независна? Пола од мислењата кои ги имаш ти се во темава, и тоа така арогантно, настрвено, и пред се: без покритие ги браниш Властите небаре плата земаш за тоа..
Нека глумат им се може! Аман бре више! У заслепени едни од носот подалеку не гледате, ќе се испоколите за ВМРО и СДСМ ! Гледајте ја вашата демократија! Вашата слобода на движење и говор, а не кој што направил и наместил. Очи нека вадат!
Како бе Кике не им направија ништо? Па што фалеше да им направат? Да почнат и да применуваат сила со пендреци за да кажеме да им направија нешто? Па нели беше доволно што им ускратија човекови права и што ги буткаа натака навака, недозволувајќи им да си ја вршат работата? Како и да е, јас си го кажав моето мислење за оваа тема. Несакам повеќе да дебатирам со луѓе кои не знаат за објективност и компромиси, ниту пак сакам да докажувам нешто некому. Секој си има памет и нека си мисли што сака! Само немој утре да ви биде криво кога ќе сфатите дека полека, но сигурно сте ги изгубиле сите права.
^ се сложувам со тоа дека треба да се почитуваат правата, ама мислам дека повеќе објективноста на медиумите кај нас не постои што многу добро знаеме и не треба да се потпирате на сите тие информации што сте ги слушнале на а1 кои зборат за човечки права а истите тие ни ја скратуваат нас можноста да бидеме објективно и правилно информирани за тоа што се случува во државата што е наше право. Истото се случува и со ТВ Сител и другите ама сега конкретно зборувам за а1,затоа што беше многу очигледно дека се прават претстави и најдоа 'причина' да се изрекламираат..
Истото го прават и Сител и Канал 5 и А1, и со тоа НЕ НИ УСКРАТУВААТ НИКАКВО ПРАВО, затоа што имаме право на избор која телевизија ќе ја гледаме. Прочитајте ги основните слободи и права на човекот загарантирани со Уставот, убаво е секој човек да ги знае, а такво право какво што наведуваш ти погоре, не постои предвидено ни во Усатв ни во закон. И да, и Сител секој ден прави претстави со Латас и тоа во дневни вести, и Канал 5 со Миленко кој јавно повикува на линч и истребување на сите неистомисленици, така да не држи вода муабетот за А1 кога сите се исти.
Ти за воспитанието мое нема што да коментираш ...Инаку најискрено ќе ти кажам ДА, ВМРО ми била уште од самиот почеток од постоење, одбивна партија...Не можам да ги смислам.Затоа што многу добро знам кој се е во неа. А искрено сум за трета опција која конечно ќе покаже што е демократија кои се нашите права и која ќе може и ќе сака да и донесе на Македонија ред,мир,просперитет во секој поглед...најважно економска стабилност.Само тешко дека таква опција ќе се појави
Ве замолувам да се воздржите од лични напади и препукувања затоа што во спротивно ќе биде заклучена темава.
За овој народ само пендрек,што ќе ни демократија кога сам не сака,што дека нема став,што дека не му се мисли па за да има став,што заради тоа што е ограничен,па не знае и за поинаку.Демократијата вака или така спие на демагогија,но колку-толку ѕирка низ клучалката,но дури и да ја има некаде на светов во чиста форма,ние не сме тој народ кој треба да ја применува.Точка! Од утре,сите до еден да немаат избор,точка!Да си ги гледаат интересите само оние што се на власт,нема да има потреба од полтрончиња,всушност нема да им треба подршка,луѓе што ќе ги бираат,па фино лепо нека не месат сите комплет,барем да нема дискриминирани...кога ќе размислам,па и тоа е каква-таква еднаквост! Ајт така.
Значи најмногу што ме чуди е тоа што на темава не се гледаат своите интереси, туку се напаѓа некој си Велија кој што крадел. Неможам да разберам. СДСМ вака рекоа, ВМРО онака рекоа. Дај бре! Со своја глава размислувајте. Што ви е на вас гајле дали некој крадел или не ? И мене да ми се може ќе крадам. Точка! Гледајте ја вашата демократија која што е ставена под знак прашалник! И немојте да се чудите ако по некое време некој ви забрани да дишите! Е така.
женски.. ма стварно претеравме со темава.. многу се замараме.... не заслужува ниеден ПОЛИТИЧАР толку да му обрнуваме внимание.. а и сите новинари (не само од А1, туку и од другите телевизии) направија вистинска драма... сите македонски телевизии претераа околу тоа, како да нема други работи што да даваат на вести...
Да па затоа споменав дека и другите тоа го прават ама сега конкретно мислам на А1. Не бидете толку сигурни дека сите новинари се сложуваат со тоа што го кажуваа на вестите и морат тоа да го кажат затоа што Велија така сака. Поентата ми беше тоа дека новинарите кај нас мораат да бидат марионетки на "газдите" и знаејќи го овој факт не можеме да градиме заклучоци дека новинарите биле тепани, а сите видовме како лошо глумеа, пискаа и што ти не друго, тоа е барем тоа што го видовме на телевизија, а за тоа што навистина се случило тешко дека некогаш и ќе дознаеме зашто секој си го презентира тоа на начин на кој му одговара