1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

A1 телевизија под полициска опсада

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 25 ноември 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Пред малку го гледав Грујо на Канал 5, кажа дека откриле дека од опозицијата платиле на некои словенци (со пари од народот) да го изрежираат сетоа тоа што се дешаваше со А1 , за да изманупулираат со луѓето, на штета на власта, а да добијат поени за себе. Односно дека идејата за скандалот што настана им била купена. :lol:
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Лелеее |( А полицијата јас ја пратив таму? Боже Господе, дека беше издраматизирано до бол беше! Ама дека било наместено нема да ме натера жива сила да поверувам. Јас ја гледам објективно целата дешавка и не барам игла во сено, затоа што нема потреба од тоа.
     
    На crnokosata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Е Лелееее оној уште тупе у место |(
    Де нека не се тресе барем кога зборува, и нека не плука, ме живцираа !!! ]:) ]:)
    Па и не ми се верува дека организирале превози од Гостивар и Кавадарци, за подршка на А1 ТВ :fubar:
    За што бре луѓе подршка, алоооо :fubar:
    Или ви плаќаат по 300 ден да одете таму и да мрзнеете |( Дневница без пот ти е тоа.
    Ех бреее, сељачара :swear:
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    А дали слушнавте што кажа Рамковски во врска со тоа како се плаќале партиски рекалми со народски пари, со пари од буџетот :o И после некој ќе напише за народот работеле, како па да не!
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Наидов на убава колумна во врска со она што се случуваше во А1, па повелете ;)
    Колумната е напишана од новинарот Љубиша Николовски.


    ,,Во А1 влезе полицијата, но во А1 упад направи власта. Одете и запечатете ја зградата и луѓето во неа, никој не смее да влезе ниту да излезе, таква била сигурно глупата наредбата од началството до полициските службеници кои не занаеја зошто го прават тоа што го прават, ниту кого штитат од кого. Уште и специјални сили пратија.

    Шефот и шефицата кога ги испраќаа точно знаеја дека таму и во тоа време има пред се и повеќе од се новинари. Заборави ли Иво Котески кој се уште сака да се нарекува новинар, кој се работи на Перо Наков 60!

    Не ги препозна ли нему до вчера блиските колешки и колеги со кои го делеше тенкото новинарско кафе и во нив виде лица кои ги попречуваат неговите сегашни колеги, полицајците во работата.

    Зарем Кате, Сашка, Коле, Наташа, Анета, Сафет и другите дојдоа во полиција и им застанаа на патот на полициските службеници и инспекторите или беше обратно. И уште велиш да се покајат и да се извинат, аман бе Иво. Јасно е како ден. Вие ја пративте полицијата да не замолчи, зашто многу збориме.

    Министерката Јанкуловска вели причината било финасиски криминал, а ние новинарите сме биле во заблуда. Не праша дали знаеме колку фирми има Велија Рамковски. Не знам и не ме интересира. А колку фирми има Сашо Мијалков, вашиот директор на УБК министерке?

    И вие не знаете. А што не пратите полиција да констатира. Не смеете. Кој смее. Ќе го снема. Како многу други порано.

    Во Љубчо се крстеа како во господ, сега не го признаваат, го ретушираа од историјата на партијата што ја создаде зашто рече дека ВМРО не е она истото од порано.

    За брат Љубе гинеа, па и од него се откажаа, Трајко Славевски им ја направи економската програма со која се прчат ама им згреши, па и него го сменија.

    Љубиша Георгиевски со мечки се бореше за нив, тие во Белград за амбасадор го испратија. Да не зборам за преговарачот за името Никола Димитров, го замрзија зашто му реферирал и на претседателот Црвенковски.

    Или за Ивица Боцевски кој за ВМРО смени и партија. Или за Лазе Еленовски што го критикувал премиерот во кругот на својата партија НСДП.

    Ако тие со нивните така, тогаш за другиве ич муабет да не праиме: Тито ги издал, Андов ги изиграл, Тачи ги мести, Бранко сака да ги урне, Велија им зврте грб, Милчо Манчевски им заби нож, Соросоидите им копаат гроб. Но, не се само овде, тие душмани наоѓаат по цел свет:

    Грците не мразат, Еевропа е стара курва, НАТО неправедно ни затвара врата, Американците наместо нас, ги сакаат Албанците, Албанците се змија во пазуви.

    И натаму: новинари предавници, интелектуалци платеници, амбасадори лажговци, донатори шпиуни, судии кодоши.

    Ех, Крсте, Крсте и тебе те мрднаа. И пречиш на Триумфалната капија, па градоначалникот на „Тинкес“ ти пушти булдожер. За него си само предмет што треба да се помести потаму десетина метри.

    Важно бизнисот да оди, а дали ќе остане во оваа земја Македонец чесен, а да не е од нивното стадо, не е битно. Дајте порти, споменици што поголеми, за народот да се чуствува што помал.''
     
    На JuLleE, milky-candy, NelChe и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    ^ Баш затоа реков му се насмеал црепот на шутерот. Ние слепи сме и не гледаме што се случува. |( Само ми е криво како што реков дека народот не си ги гледа своите интереси, попрво би се исколил за вмро и сдсм.
     
  7. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    48 часа непрекинато се пишува на оваа тема |( Толку ли се вредни политичариве да си го трошиме времето пишувајќи за нив? Тие да не се замараат со нас случајно? :fubar: Имаат милионски сметки по банки по странство, буџетот го сотреа до коска и ние овде ќе бистриме политика, одвај крај со крај крпиме повеќето...А од друга страна пак, македончево проклето се декларира како мизерно, сиромашно итн..., ама затоа Арена Борис Трајковски два вечери по ред е преполна со гости на концертот на Цеца. И лупнаа 300.000 евра во џеб за 2 вечери и чао пријатно...
    Ќе си ја прчи таа во раскошната вила што ја има на Кипар, а ние ќе јадеме леб и суво грозје ебаго...)
     
  8. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку се испотилизирани медиумите,посебно сум згрозена од сител тв каде вечерта кога се случуваше немиров пред а1 латас седеше со влатко ѓорчев и иво котевски небаре седнале во љуц на скара и им раскажува шали демек ќе се насмеат под брк,сите стегнати и се знае зошто беа таму мислам дајте....На ничија страна не сум но симпатизирам една партија,да,но ова е смешно ,сум рекла 100 пати дека простата маса во државава ги надбројува интелектуалците..таму лежи голема основа на проблемот...а а1 тв какви сака нека се,најгледани се,новинарите се еминентни начитани,си ја знаат работата,имаат квалтетни емисии....за инцидентов завчера е незнам што да кажам незнаеме која е суровата вистина а и тешко да дознаеме...фамава нека трае баш убаво што се случи се надевам конечно диктаторскава политика ќе падне вмровциве немаат никакви квалитети и способности,освен залажување на проста маса баш така!
     
    На BoaVista, Offspring и Danilela им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Кучињата лаат - караванот си врви! Ние сме кучињата во случајов. Се согласувам со членката над мене, но простата маса, останува за жал проста. Простата маса останува онаа која не гледа од носот подалеку. Затоа што како им свири Гwуjo така играат. Ете ги групите на фејсбук, да се затворела лоповската а1. Пред својата демократија ја ставаат политика на некое креле! Јас лично не познавам позамаен народ од македонциве. Не ги срам! А на идолот нивни што да му направиме? На Мијалков, што да му направиме?! Од простотилук ми се бега одовде. Државава ни ја командаат шути и рогати! Нека не се навредува некој вмровец на форумов, ама јас од моето место сите вмровци што ги знам се најтешката сељачаана со завршено едвај основно!
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Сепак ете излезе дека полицијата и не била за џабе таму. Парите најдени во станот во Чаир (100 000 евра) за кои прво на А1 велеа дека немало никаква врска со Рамковски, излезе на крај дека и те како се негови, па дотичниот господин незнаејќи како да ги оправда своите матни бизниси, кажа дека му биле од ВМРО што му плаќале во готово за реклами. По голема глупост во животот немам слушнато. Цела вечер се криеше, имал време барем да смисли нешто попаметно да каже.
    Па потоа што ги скусува од државата како данок, ќе ми изигрува Мајка Тереза и ќе им дава на сиромашните фамилии по 100-200 евра, сето тоа пропратено со камери, како демек потоа да го величат, ќе ги научат тие неуките жени и малите деца да кажат пред камерата како државата не се грижела за нив, ама ете чичко Велија бил добар и не ги заборавил. |(
    И јас би тако... нема да плаќам на данок на државата по милиони евра, па потоа ќе подарувам во хуманитарни цели.
    Ма што е до мене, таквите криминалци сите би ги ставила таму каде што припаѓаат. Ма биле, СДСМ или ВМРО, исто ми се фаќа. Ма не Рамковски, не Мијалков, Бранко, Грујо... сите до еден!!!
     
    На Stam и Offspring им се допаѓа ова.
  11. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    А пак овие од СдСм демек многу учени?? Сите заедно се селјаци отепани, последни.
    Далеку од тоа дека сум вмровка, нималку не сум политички определена, не ни планирам во оваа гнасота
    на некој да му бидам фан. Велија до некни со Грујо први пријатели беа, откако ја смени политиката Велија, и во А1 почна да пушта разни работи, чукна на врата и инспекцијата, што чекаа до сега? информации собирале да,да, баш така. Господ ги знае колку се збогатија сите заедно, одвратни гнаси се, човек во нив нема. Нас ке ни ги перат мозоците сите заедно, и ке не оставаат да си трескаме глава како да се помине до следниот 1ви. Јас да можам, со трчање ке си заминам од државава. Не сме ние овци, секој да не лаже, ние безрезервно да веруваме. И за а1, и за владана, по еден молотов коктел, и завршена приказна.
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    ^^ Абре каков молотов. Атомска треба за нив.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    На тоа што Велија го кажа претходеше едно посериозно обвинување, дека премиерот плаќал реклами со државни пари.
    Лоли дали ти навистина мислиш дека политичарите воопшто(значи не мислам на никој конкретно), не им плаќаат на медиумите со државни пари :o ? Па тоа беше јавна тајна, само требаше некој јавно да го каже. До сега никој не се осудувал, ама се прелеала чашата и Велија си кажал. Зарем мислиш дека некој ќе излаже за такво нешто, кажувајќи го пред два милиона народ и знаеќи дека ако се дознае дека тоа не е вистина ќе биде кривично гонет за клевета?
     
  14. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Велија претендираше како политички опонент на Груевски, па тоа е причината зошто Груевски го направи тоа! Значи Грујо се што не му чини го брише, го затвора, му пушта полиција! Рамковски има ите како влијание преку помошта на луѓето што ја дава,фондација Рамковски,Фармер, подршка - Фон! Така да Грујо го смета Рамковски како иден политички опонент! Само ова не е начин.....ова е многу глупав начин за да се оцрни некој!..Сам си ископал гроб Грујо! Пад на рејтингот!
     
    На milky-candy и BoaVista им се допаѓа ова.
  15. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    ^
    Рамковски потекнува од Дебреште, село близу Прилеп. Колку за информација, дека толку многу помагал, неговата фамилија е најсиромашна во селото за леб немаат. Барем една фабрика да му отвореше, да работеа во неа. Во вегетата којзнае што ставал, пари тарапана напрви нечисти. Сите се гнаси невидени, освестетесе реално погледнете. Вам некој ви помогнал??
    Ако не ви помогнал Вам, тогаш ни на луѓето од телевизија не им помогнал сигурно!!
    Никој не е добар, и за жалење верувајте!
     
    На Stam и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Боа се ми е јасно, какви се не работи се прават задкулисно. Ама пак баш во тој стан и баш тие пари... Многу смешно ми падна.
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Не велам дека СдСМ се подобри, сите се исти, сите си полнеа џебови, и едните и другите не направија подобрување на животниот стандард, ама за реторика, за ораторство, за начитаност мислам дека повеќе ги бива овие од СДСМ. Мислам дека повеќе интелектуалци има во редовите на СДСМ, одколку во ВМРО.

    Ова да не сфати некој погрешно, ама мислам дека во тој поглед се за нијанса подобри :)
     
    На lylaby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    А ајде кажи ми ти мене, зошто сите оние случаи на екстремно сиромашни луѓе што немаат за леб, имаат потреба од медицинска помош а не можат да си дозволат ги даваат како А1 сторија???
    Знаеш на колку луѓе им помогнале А1 така?.......А владава од кога ќе видат на ТВ одма после другиот ден трчаат со социјалните служби!
     
    На lylaby му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Па јас колку што знам, тоа е работа на еден медиум.
    И на сител даваат стории, тоа што треба да значи, дека сето таму ангели луѓе се? :D
    Матер си е***е сите, кои политки се вртат, идеа немате. Светот ке беше многу поубав, ако сите луѓе беа наивни, и добри како Скарлет, и повеќето од нас, па да не можиме ни да смислиме на што се се способни да направат, горенаведените ликови, сите по ред.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Во контекст на тоа дека и вмро и сдсм краделе. ДА! огромно Да за тоа... Но барем додека беа СДСМ на влст, немаше вакви бесмислени закони, стегнат народот од сите страни, само даноци се трупаат, само закони и казни нови... Татко ми како таксист му имаат неколку пати залепено казна од ни помалку ни повеќе туку 500 евра! 500. Дали тој треба да работи за да ги плаќа казните или да работи за да донесе денар дома за леб?! Затоа зборувам, додека беа СДСМ крадеа тие да, ама крадеше и народот, не го стегаа да не може да мрдне! Еден куп нелегални бизниси имаше, барем се живееше од нешто. Незнам само од кога за такси во град како Велес со еден куп сокаци, треба да имаш мерцедес или незнам каква кола. Затоа ги мразам. Ете, баш затоа! Затоа што од нив, и нивните закони неможеме дома да врземе крај со крај.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.