1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

A1 телевизија под полициска опсада

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 25 ноември 2010.

  1. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Абе политики не политики, битно помогнал за разлика од Грујо кој сј*ба све живо и диво од здравство, образование итн!
    Ма да и тој врти политики како да се добере до столица и врши мутни работи! Али то е то, снајди се па живеј! Дури има овци ко нас, којшто ќе гласаме за нив, дотолку ќе има вакви лешинари!
     
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Што се секирате јас не знам?
    Дури имаме и по некој денар, живи ке не одерат. После ке си продаваме бубрези, па како така?
    Нашите политичари треба да одат на одмор во Египет, треба да се образоваат, треба да учат англиски, треба да шетаат по држави, по некое спомениче им треба да не биде досадна глетката кога ке шетаат низ Скопје.
    Никој нипто не направил Скарлет, сториите се дел од секој медиум. Оффспринг, ние во Мк отсекогаш лошо сме живееле, и допрва не чека исто без разлика кој ке дојде. Малку избегавме од темава, но јас си стојам зад тоа, никој ништо добро не направи, и во ниедно време не било подобро. Народот кој не се испика на позиции тоа ке си го однесе, и ке му перат мозок како ке им дувне.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Да се надополнам дека и од ВМРО-вски директор беше избркан од работа! Од место каде што работеше 23 години. Сега е осуден да биде таксист на 46 години. А јас и моите дома сме осудени да јадеме буквално леб и маргарин.

    Не бегам веќе од темава, последен оф топик ама бесна сум, гневна и незнам каде да се истурам.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  4. natasaltd

    natasaltd Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    48
    A Eвропа не гледа и се гази од смеење......Жално...
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Тој коментар за неотпакуваните касети го има ставено на ФБ како група за лајкување, а не сум го прочитала на ѕидот кај некој функционер, од каде за пријател би имала некој функционер кого не го ни познавам? :^)

    Во врска со тоа дека го издвоив оној дел од текстот кој ја напаѓа опозицијата, тоа го направив затоа што претходно ти го имаше цитирано само делот што ја напаѓа ВМРО, нели беше така?
    Значи, ти беше таа што почна со необјективноста, а не јас.
    Јас само го надополнив она што ти "заборави" да го напишеш ;)

    Ти не знам по што си заклучила дека јас сум подржувач на ВМРО.
    Ова што го пишувам тука е лично мое мислење и гледиште за оваа ситуација.
    И јас на почеток кога гледав што се случува на ТВ бев од страната на А1 ( како и повеќето затоа што тие така се прикажаа како жртви ), но после кога видов како СДСМ си прави предизборен митинг во студиото на А1, како надвор се собрале сите активисти на СДСМ ( а овие лажат демек тоа биле загрижени граѓани ) и како тие новинарките ( или подобро речено актерки ) викаа таму како ненормални и правеа циркуси а никој не ги ни допре, е дури тогаш почнав да се сомневам во тоа што го прикажува А1 и сфатив дека самите испланирано го направија тој скандал.
    Тоа е мое размислување, а секој може да си го протолкува ова на свој начин.

    Ако некој не се согласува со твоето мислење, не мора одма да му ставаш етикета дека бил Вмровец. Кај мене дома на моите политиката никогаш не им била важна, татко ми има приватна фирма и никогаш не му биле потребни ни вмро ни сдсм за вработување или за некаква друга корист.
    Така да, не ми ни требаат партии, ниту пак сум видела некаква корист од нив, а нема ни да видам.
    Се исто ми е кој е на власт. Ама баш се исто. Не работат моите во државни фирми за да ми биде гајле кој ќе дојде на власт.

    Ова го напишав само за да сфатиш дека ако некој ги брани вмро во оваа ситуација, не мора да значи дека е вмровец.

    Како што сите останати фирми можат да си плаќаат даноци и сите други јавни давачки, така треба и Рамковски да плаќа.
    И како што на сите други фирми во секое време може да им дојде инспекција, така и кај него може.
    А не да се замислува дека светот е негов и не смее да му влезе инспекција.
    Во Ск не знам како е, ама овде во Источна Мак врие од инспекции, колку фирми затворија за најмали нерегуларности, а кај овој што прави разни нелегални зделки, не смеело да влезе инспекција, така? Како што другите можат да си ги подмират обврските кон државата, така и неговите фирми можат.
    И никој не може да ме убеди дека Рамковски бил во право, а инспекцијата била крива.

    Сега се надевам дека ќе сфатиш дека има такви ( како мене ) што не се вмровци, но сепак во врска со овој случај, се на страна на власта, а не на страна на А1.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    А вери, зошто ти толку се потресе дека Велија Рамковски не плаќал данок? Нешто директно ти влијае тоа или? ЧЕкај, а мислиш дека Сител пак плаќаат данок? Не плаќаат, затоа што се ВМРОвска телевизија. Затоа што им лижат задник на ВМРО и се ослободени од данок, тоа сум 100% сигурна, само на никој не му е во корист да го објави тоа. Тоа што се случи пред А1, без разлика дали беше издраматизирано или не, беше крајно безобразно, тоа беше нешто што ја става нашата слобода под знак прашалник. И мене како и Боависта и незнам кои други, ич не ме тангира дали Велија не плаќал или плаќал данок. Мене ме интересира, мојата слобода како граѓанин на оваа држава. Затоа што јас, а и многу други луѓе не сакаат да живеат под диктатура од дотичниот господин гwujo.
     
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ^
    Ме интересира, затоа што како што веќе кажав, ако законот го спроведуваат врз другите фирми и ако другите фирми можат да си платат данок, ако шоферот што ќе го казнат може да си плати казна, ако тој што ќе фрли отпадок на улица може да си плати парична казна, тогаш по таа логика би требало и Рамковски да може да плати данок на државата.

    Како што секој обичен граѓанин со една минимална плата од 6000 ќе плати казна ако направи некој прекршок, така и Рамковски со неговите милиони може да издвои пари за данок.
    Ако законите важат за обилните граѓани, треба да важат и за него.

    А не тука преку неговите новинари - глумци и преку неговиот медиум да им ги мачка очите на граѓаните и да се прави дека демек е некој светец што многу се грижи за народот.

    Мене кога ќе ми влезе инспекција во фирма, ќе ги пречекам културно, ќе ги внесам во канцеларија кај сметководство и ќе ги оставам таму слободно на раат да си ја вршат работата. Сигурно нема да викнам новинари да снимаат дека ми дошле инспектори и сигурно нема да им ја попречувам работата.
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Целиот муабет е дека инспекцијата се вршела 2 дена пред да се направи бумот, виделе дека ги фатиле и како да се затскрије велија, епа ајде а1 напрај драма, за да ги скриеме париве?

    мое мислење е тоа, башка гледав и по другиве телевизии, разговарав на темава со лице блиско до случајов (партиски неопределено лице, ако е битно) малверзација и перење на пари е случајот, а а1 направиле се` да го затскријат( пробале да направат)
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Оф мори мајко мила... Пак ќе речам, мислиш дека Сител плаќаат? Кога веќе гледаме дали некој плаќа или не плаќа... Има многу работи кои ние обичните граѓани не ги знаеме, затоа не се мешам дали Велија Рамковски не плаќал данок и колку крадел. Ич не ми е гајле, да ти кажам, да ми се може мене и јас ќе крадам и сигурно нема да живеам во 2 соби. Грујо не краде? Мијалков не краде? Латас задниколижачот? Ајде бре, сите се една марка и ич не се заморувам околу тоа. Јас кажав и ќе кажам. Мене ме интересира едно од моите основни права во оваа држава, како граѓаник, затоа што не планирам да живеам под диктатура и не планирам дека ако речам нешто што не треба да ме наместат дека имам нива со марихуана.

    Ајт така, не планирам со народ да се расправам ради нечиви долгови и затајувања. Само кога ќе почнат да ви забрануваат како што кажав да дишите немојте да се чудите.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    не била а1 вмешана во ова, не и се вршело на неа инспекција, и колку што мислам, не сум сигурна, а1 си плаќала данок...
    сите на таа позиција во нашава држава би краделе
    сакав само да кажам дека пробале да скријат на тој начин и тоа е тоа...
    а ова со партииве, не ги можам ни едните ни другите, искрено бираме меѓу две зла, така да... :x
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Стварно незнам кога веќе ќе стане јасно дека она што е битно и што треба да не интересира е фактот ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО А1 ВО 19 ЧАСОТ. Тогаш немаше ни опозиција, ни народ, ама затоа пак ИМАШЕ ПЛЕАДА ОД ПОЛИЦАЈЦИ КОЈ БЕЗ ОБЈАСНУВАЊЕ ЛЕГИТИМИРАА И ПОПРЕЧУВАА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА НОВИНАРИ. Тука е повредена демократијата, а за се што се случуваше отпосле не ме интересира. Слободно во А1 можеше да дојде и премиерот и министерката и портпаролите, ама тие одлучија да отидат во Сител и Канал 5 И ДА ГО ПРАВАТ ИСТОТО ШТО ОПОЗИЦИЈАТА ГО ПРАВЕШЕ НА А1! Само тоа никој не го споменува. Епа сега да те прашам Вери, нели ти засмета она што го правеше власта во истото време на Сител и Канал 5? Очигледно не ти засметало, затоа не го спомена.

    И за крај, абе луѓе стварно не ми е јасно дека самите се согласувате дека е подобро да ни ги скратат човековите права, за да можете да одбраните партиски интереси |(
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    А тоа што е уште побитно е тоа што се случувало пред да дојдат полицајците.
    Инспекторите биле попречувани во својата работа од страна на новинарите, тоа јасно се виде на снимките кога новинарите нападно се буткаа во инспекторите и уште малку ќ им ги пикнеа камерите во фаца да можеа. Крајно безобразно. Тоа на новинари ли личат или на папараци. А па оние што викаа надвор, на новинари личеа или на актери? Они самите немаат никаква доза на професионализам, па че продаваат тука разни приказни на народот.
    Ако новинарите не им попречувале на инспекторите, тогаш немало ни да има потреба од полиција.
    А полицијата не ги ни допре, никакви прави не им наруши, туку едноставно никој не требало да излегува од зградата за да не се изнесе некаква битна документација ( како што се изнесувала пред да дојде полицијата ).
    Како што новинарите имаат право на слободно изразување, така и ујп има право на контрола без притоа да биде попречувана во таа постапка.

    И погоре ти кажав дека немам интерес да бранам било која партија, затоа не се повторувај те молам.
    Си го бранам моето гледиште во врска со актуелнава ситуација, а не партијата.
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    ^ ако ги запреле за да не изнесат важна документација, зошто не им објаснија човечки зошто не ги пуштаат да излезат? :^)
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    ^затоа што не се овластени да зборуваат пред телевизија, а новинарките и коа се буткаа во гужвата рикаа на микрофон за да ги слушнат после на снимката....
    а јасно се гледа на една снимка како еден полицаец им кажува на тие двете „дојдете да ви кажам“ и се трга од камерата
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски

    Тоа дали инспекторите биле спречувани или не се сеуште само шпекулации, кои допрва треба да се докажат во соодветна постапка. Снимките на инспекторите се направени по пристигнувањето на полицијата, зошто јасно се гледаше и се служаше дека новинарите ги прашуваа дали навистина се попречувани во работата.
    Туку не ми одговори на другиот дел од постот.
    ,, Слободно во А1 можеше да дојде и премиерот и министерката и портпаролите, ама тие одлучија да отидат во Сител и Канал 5 И ДА ГО ПРАВАТ ИСТОТО ШТО ОПОЗИЦИЈАТА ГО ПРАВЕШЕ НА А1! Само тоа никој не го споменува. Епа сега да те прашам Вери, нели ти засмета она што го правеше власта во истото време на Сител и Канал 5? Очигледно не ти засметало, затоа не го спомена.,,
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Каде го пишува тоа дека не се овластени? Закон таков постои некаде? Ги прашаа фино зошто неможе да излезат и требаше да добијат одговор за да не дојде до таква драма.
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    обичен џандар нема право да дава изјава, може да изгуби работа, така му е наредено и така прави
    некој друг требало да даде одговор... ама тие ги немаше, не ги напаѓајте џандарите, тие исто како и новинарките си ја вршеа својата работа
    да ги прашале без камера ќе добиеле одговор
    и ако не приметивте сафет бишевац, се тргна од се, со него немаше камера, знаеше што е, неќеше да се меша, сакаше да си иде дома, ама од толпата народ не можеше
    а и тој ете е од а1 ;)
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Значи ќе почнам дел по дел. Прво како тоа обичен џандар нама право да даде изјава и да каже зошто не ме пушта да си одам? Чекај луѓе вие ова закони читате или од памет пишувате? По се изгледа ова второто. Друго, никој не ги напаѓа џандарите, така им е наредено така прават. Виновни секако се тие од горе.
    И трето за Сафет Бишевац, ја незнам дали ти го слушна телефонскиот разговор на Сафет во кој тој јавно и пред камери си кажува дека нема смисла без објаснување да ги држат и дека е срамота ова што го прави власта. А делот во кој тој сакал да си оди, ама неможел од толпата народ најверојатно сум го испуштила. Само се прашувам како ќе си оди кога полицијата не им дозволуваше да си одат?
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Не зборувам за тие снимки кога ги прашуваа дали се попречувани, туку за тие снимки кога инспекторите влегуваа низ вратата во зградата и овие одеа по нив, ги сликаа и снимаа и нападно ги прашуваа "кои сте вие, од каде доаѓате... " Не знам дали ти текнува на што мислам.


    Зошто да одат во А1 да се правдаат, кога таму веќе се одржуваше митинг на СДСМ, што ќе бараат таму, кога веќе Рамковски си испланирале со СДСМ нивно сценарио? А отидоа во Сител затоа што тоа е телевизија од нивниот табор, нема зошто мене да ме прашуваш за тоа, кога секој го знае тоа.
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    во ниедна нормална држава џандар нема право да дава изјава на телевизија, тоа го прави неговиот надлежен...

    а тие што беа надвор сите можеа слободно да си одат, заедно со толпата народ, попречено беше влегување во зградата и излегување од неа.... надвор од неа беше слободно