Тебе Вери да ти дојде некој дома нема да го прашаш кој е и зошто доаѓа? И да, можеа да се јават кога ги бараа да образложат, а не да отидат во канал5 кај миленко бре а другиот кај Латас и да јадат каки. Народот се загрижи, а тие молчешкум по другите телевизии... СРАМОТА!
тоа е, секој кај своите.... сите исти гом*а се.... тоа барем сега го видовме ако не сме го знаеле до сега
Епа тоа е целава моја поента. Си ги бранат своите идеали, што ние не знаеме кој е Латас, кој е Ѕинго и кој е Миленко? Ма ајде, нашле трици да ми продават, за срамови! Невидени срамови. Се насмеал црепот на шутерот! Латас па ќе дели правдина, и Миленко, продадениот г*з !
Па како што опозицијата отиде кај нивните од А1, така после и власта отиде во емисија кај нивните А да ми дојде дома некој секако дека ќе го прашам кој е, ама да ми дојде инспектор во фирма нема да го испрашувам зошто е дојден, кога се знае инспектор зошто иде - заради контрола.
Да краде и затајува даноци и пере пари само Велија Рамковски, ај да ми е јасно да му се нафрлите на човекот. Ама не е само тој, што не зборувате за другите? М? Ајде отворете тема, за ТВ сител веќе јас имам отворено се наоѓа во Филм и Тв, одете и слободно таму напаѓајте и зборувајте, затоа што се тие бетер од А1, само никој не го кажал тоа затоа што се телевизија на власта и на никој не му одговара. Сигурно дека сега Грујо нема да испрати инспекција во Сител, затоа што не му одговара, Сителци му го лижат чмарот, на чело со Латас! Ајде овде отворете тема за чешкиот пасош на Мијалков со кој може да купува имот и фирми низ земјите членки на ЕУ. Зошто не кажете нешто за фирмите и парите за кој никој појма немаше дека постојат и од кога дознавме преку А1 се случи тоа што се случи? Зошто не отворите? еве јас ќе отворам, па пишувајте. И пак ќе речам, мене не ме интересира кој краде пари. Затоа што мене Велија пари не ми украл, ми краде државата, затоа што јас и моето семејство плаќаме даноци кон оваа држава при што се полни државниот буџет, а со парите од државниот буџет сите сме свесни што се случува. Затоа што Скопје 2014 е од наши пари, од моето семејство, од семејството на Вери, на Тедигреј, на Боависта... Државни пари, од цела Македонија... Тоа што секој граѓанин е обврзан да плаќа данок и со истите тие пари се градат бесмислотини како погоре наведената и се перат ненормални пари. Ама кој ќе каже?! Да не ќе застане Грујо кој патем ја има целата моќ во оваа држава и да каже "Да јас крадам од проектот Скопје 2014 ненормални пари исправ одовде, да сте живи и здрави и сиромашни". Нема кој да ја истражи таа работа, затоа што се е под контрола на ВМРО а нив им одговара како што моментално е. Вие мислите дека навистина толку пари коштаат спомениците? Тој може ќе каже (отприлика зборам) дека споменикот на Гоце Делчев е 50 000, а тој е 5 000. Замислете која пара лежи овде. Колку време вие сте плаќале данок за тие пари да се соберат во буџетот. И колку од тие пари отишле на нечија сметка во банка. Глупав народе, освести се! Црно ти се пишува!
Офи, за спомениците ни јас не ја подржувам власта, кај нас во Мк колку работи фалат па баш до споменици ни дојде. Точно дека во секоја западно развиена земја има споменици и склуптури и со нив се привлекуваат туристи, ама во Мк има толку многу работи што треба прво да се средат, па спомениците за на крај да се остават. Ние патна инфраструктура немаме , па до споменици сме стигнале. Ама ај да не должам, тоа е за во друга тема.. Но како што тој проект се прави од наши пари, од пари на сите граѓани и како што сите ние плаќаме даноци, така е ред и г-нот Рамковски да плаќа. Уште еднаш ќе кажам, не ја бранам власта, ама па во никој случај не сум од страната на А1 после овој циркус што го направија. Едноставно, кога ќе ми текне на тие новинарките како глумеа лудило, ми доаѓа да
Оффи џабе се нервираш...Како што знаеше тетин ми да каже- проста маса -...Е тука проста маса живее.Се извинувам ама морам така да етикетирам.Поголем дел тоа се. А за Сител јас од човек кој работи таму се наслушав се и сешто и тоа негативно.И кажа колку пари добива Ѕинго со Латас заедно...Бројката е во милиони евра..Меѓутоа си ја кажа вистината какви се луѓе работат и што прават за да си држат работно место и да се филмаат дека се главни.
ПА затоа се изнервирав, му се здадоа на човекон аман више. Дури и жал ми падна А да отидеш во Сител да провериш, ружи цветаат таму Уште кога ќе чујам дека е ВМРОвска телевизија се ми е јасно
А каде беа надлежните? Нели требаше некој инспектор да има со џандарите за да им објасни на новинарите и да се решеше проблемот?
Вери проблемот не е што луѓето од власта отишле во Сител и Канал 5. Она што ми падна во очи е тоа што ти рече дека ти засметало тоа што опозицијата ја окупирала А1 и си направила предизборна кампања. ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА НА СИТЕЛ И КАНАЛ 5 СИ НАПРАВИ И ВЛАСТА. МЕ ЧУДИ КАКО ТОА НЕ ТИ ЗАСМЕТА? После ова паѓаат во вода сите твои убедувања дека не си партиски определена.
Ако навистина ја гледа реално работата и не е партиски оределена, нема да ја напаѓа едната страна туку ќе ја гледа објективно целата работа и ќе коментира за двете страни.Затоа што не само опозицијата, и власта си правеше предизборна кампања по другите телевизии. Ако имаа барем малку совест ќе отидеа во А1 да му објаснат на народот што се случува.
Се согласувам,требаше да оди премиерот или министерката да датат изјава и да објаснат што се случува во а1,а не после да трчат по другите телевизии да се пеавдаат.
Ај не се нервирајте еве ви еден виц на фб го најдов:Изјава од Груевски: Јас пwaвам вака бидејќи не можи сите да кwадат во оваа дwжава, само јас ќе кwадам бидејќи јас сум Пwемиеw !! И не се нервирајте се е џабе. Да смени нешто никој од нас не може. за сите политичарки тука
Не е може место тука да пишам ама има допирни точки со цела ситуција во нашава Македонија... Ццц луѓе до каде е дојдена работава ... Човек да оди по врати и да нуди тегла со мед за пари... Е до таму,луѓе на секој еден начин да се снаоѓаат за да заработат некој денар, а оние горе ич да ни ги заболи за тоа дали се има или нема.
Ги немаше, тоа и јас го пишав. тоа и јас се прашував... и да, требаше да има инспектор, ама немаше никого не пробав да оправдам, само пробувам реално да согледам
Па нели опозицијата беше таа што прва почна со митинг на А1? Не беа вмро тие што први отидоа во Канал 5, туку СДСМ дотрчаа во студиото на А1 и глумеа некои многу совесни граѓани. Јас убаво се изјаснив во моите претходни постови дека не сум за ниедна партија. Ако ти си СДСМ, не значи дека сите што не се согласуваат со тебе се Вмровци. Не сум ВМРО, ама еве во врска со овој настан сум од нивна страна. Такво мислење имам формирано според тоа што сум го видела и стојам на тоа дека новинарките глумеа и сами го направија овој циркус. Во никој случај не можеш да ме убедиш дека А1 биле во право, кога според мене не се. И ако не сум политички определена, тоа не значи дека не треба да си имам свој став во врска со некој политички настан. Се изјаснив убаво дека не можам да ги бранам А1 и не сум на нивна страна, а тоа мислење ми е формирано објективно посматрајќи ја целата драма што се прикажуваше на ТВ. Не зборете за објективност, затоа што вие сте тие што ја гледате ситуацијата само од ваша страна во полза на вашата партија - сдсм. Јасно е дека сте нивни приврзаници, па нормално е да зборите во нивна корист, само не зборете на некој друг да биде објективен, кога вие не сте. Јас не знам како не сфативте дека партии не ме интересираат, затоа што ниту моите ниту па јас ќе чекам некоја партија да ме вработи, немам никаква корист ни од вмро ни од сдсм, а не ми ни треба да се мешам во политики. Се исто ми се фаќа кој ќе биде на власт. Треба сам да си ја поткараш работата, а не од друг да чекаш ( во ов0ј случај од партијата ).
Чекај, а те убедувам дека А1 се во право? Каде го виде тоа? Ги оправдав некаде? Реков дека не се единствени они што затајувале данок и имаат нелегални бизниси за кои ама ич уво не ми чуе. Дали А1 краделе? Ич не се замарам, верувај ми, реков дека во случајов, мене единствено ме интересира МОЕТО право на слободно движење и говор! Ајт така.
Офи не беше само ти цитирана горе во мојот пост. Боависта упорно пишува дека сум била вмро затоа сум ги бранела, а и ти ја надополнуваш во тоа. Сфатете дека не ги подржувам А1, затоа испаѓа во случајов дека сум на страна на власта. И веќе доволно се искажав на оваа тема. Не ги оправдувам А1 и точка.