Јас јавно се откажувам од а1. Сите граници ги поминаа со емитување на истите дебилни снимки на секоја минутка. Просто ми се повраќа. Не! Доста ми е од перењe мозоци
Значи тебе попрво те засега тоа дали А1 се виновни, па саде за тоа зборуваш на темава, отколку едно од твоите основи граѓански права? Каква допирна точка имаш ти во животот со А1? Директно ли те краделе? Индиректно? Некако те краделе ли? -Не, сигурно... Директно не` краде власта, не зборувам во контекст дека си политички определена онака кажувам. И налет што не краде, туку удира и по нашата демократија, ради сопствени цели. Зошто еве јас пак ќе прашам, не отворите тема за Мијалков за неговиот чешки пасош, за имотот што го има низ земјите членки на ЕУ? Знаеше некој за тој имот? И тоа замисли, низ другите држави што е неспоредливо спрема фирмите регистрирани на Перо Наков 60.
На Вери отсега ќе спомнувам за кој е. Јас кога го испраќав мислењето во исто време го испрати ти па кликнав уште еднаш
Уф, добро е, јас се спремав да се тепам А ја така, па баш дека ме заболе ку*от(со извинение) си викам, па шо ми е гајле мене за а1
^^ Значи ве читам цело време и сакам да ви кажам дека до задутре да дебатирате, нема да се разберете. Оффи, ти зборуваш за ДЕМОКРАТИЈА, а вери зборува за А1. Значи Оффи, твоето мислење е малце подлабоко и сакаш да го искажеш сопственото гледање како тој напад влијае врз нашава "демократија". Јас во најголем дел од постовите го делам твоето мислење. Размислувам малце под површината дали некој глумел, дали крадел, дали лажел и имал вошки. Жал ми е што некои луѓе ја немаат таа способност да размислат малце подлабоко.
Велат инспекторите биле попречувани да работат и затоа пристигнала полицијата на помош! Ако е така, јас се чудам како тоа полицијата им помагала на инспекторите, а не ни беше присутна внатре во зградата? Ако била таму да помага, а инспекторите биле во заложништво, логично би било полицијата да биде во истата просторија со инспекторите, за да никој не ги попречува инспекторите да работат. Ама да биде пред зградата, и наместо да овозможува инспекторите да ја вршат работата, таа да попречува друг да врши работа, стварно не ми е логично. Ама битно ли е дали на мене или на некој друг не му е логично? БИТНО НА ВЛАСТА И Е ЛОГИЧНО!
се,се ама го напнаа овие од A1!!! добро, знаеме што се деси, ајде доста веќе! леле мислиш бомба им пуштиле и ги разнеле! ама и тој велија па не е нешто поарен! до вчера со бучко се караше а денес.... за жал недолжните како и секогаш го јадат- а тоа се вработените или така наречените жртвени јагненца и бтв кај беше велија да каже пред 4 години дека грујо му дал 4 милиони за реклами! или убаво му беше на газето, ако е толку загрижен за граѓаните, тогаш што ги прифатил тие пари?? ајде нека покаже и сдсм и другиве партии со чии пари му плаќаат?!?! ако веќе отвараш карти, отвори ги до крај
Газдата на А1 во вчерашното интервју во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, вели дека дел од она што деновиве јавно го изнесе околу случувањата на Перо Наков б.б., како и за парите кои ги добил од премиерот, било во афект. - Во тој налет, во таа еуфорија, во тој, би рекол, специфичен психолошки момент, траеше тој афект подолго време од 25 (ноември) и ние мислам претеравме. Мислам дека и новинарството претера. Гледачот информирај го! Мислам дека тука згрешивме. Затоа го прекинуваме сега и повикуваме многу чисто и јасно инспекциите да си ја продолжат несметано својата работа. Нема што да криеме! - изјавил Рамковски за Алсат-М.
да да да.... сега си ги повлекува зборовите мене ова искрено ми личи на масло на сдсм и велија, тие ја собрале цела топлпа таму, колку филм да напраат, да падне грујо! !... и демек сега бранко не е на страната на велија.... а бре се е исценирано јас мислам бтв кој му дае награда на велија бре?! награда за што?
Единствениот медиум кој навистина можев да го пратам со задоволство, затоа што имаше критички став за Владата што е најмногу потребно во една држава, која медиумски е целосно замолчана и претворена во портпарол на власта, се продаде за политички цели и проба да изманипулира со граѓаните на начин, кој е навистина најсуров со сега! Сокривање на информација... Не сакам да коментирам за настаните кои се случија УЈП, полиција и.т.н, сакам да коментирам за А1 како медиум и за новинарите како гласници на информацијата. Врвни, морам да кажам врвни новинари се прикажаа во дегутантно светло... Очајна слика за еден новинар беше врескањето на Боријан во студио, повикувајќи ги министерката, премиерот и претседателот во студио! Јас можам до утре да зборувам за нив дека се вакви и такви, меѓутоа на сред отворена програма, каде цел народ слуша, јас да ги нарекувам овие лица со имиња и да го скратам демократското право на портпаролот на министерката да зборува, тоа драги мои е прекршување на новинарскиот кодекс на однесување! Боријан пред се требаше да биде новинар таму, а потоа да биде, портпарол на СДСМ! Билјана исто така го достигна врвот, трчајќи низ студиото и давајќи им збор и смешкајќи им се на истите криминалци, кои пред неколку години ги критикуваше така остро и ги нарекуваше секако! Наташа и Билјана, беа излезени надвор од контрола, не само како новинарки, воопшто како луѓе! Врескаа, пиштеа, се буткаа во полиција, во студио, се обраќаат со ти... Невкусно, апсолутно невкусно! А1 беше медиум кој значеше нешто во државава, а сега, сега е само една мала сенка од се што беше порано! Мене не ме интересира Велија, негов проблем, сите крадат краде и он, меѓутоа новинарите во А1 ги сметав за едни од постручните лица од новинарската фела во Македонија, а денес за жал, можам да кажам дека стојат рамо до рамо со еден Латас, Миленко и Томиќ, кои се се само новинари не! Жална слика за новинарството, жална слика за целата држава! Новинари вовлечени во сурова политичка игра, повлекоа и многу граѓани со себе, кон патот на партиското боење! Веќе нема медиуми во Македонија! Едниве се катастрофа, другиве се разочарување! Последниот удар секако го примија од сопственикот, од газдата во кого се колнеа! Велија излезе и кажа дека новинарите претерале и дека кажал во афект многу работи! Оф, црни А1-новски новинарчиња, каде ли сега ќе се криете? Едниве ќе ве згазат, а другите ве продадоа за ситна пара! Е, драги мои, политика је курва, еднаш рекле и не згрешиле! Памет за сите, не си ги продавајте задниците за партија, лошо ќе завршите!
Кој и да е во право ние не добиваме ништо од тоа затоа да се насмееме малку http://www.youtube.com/watch?v=Pr6njZTZ3Bg
ме изнасмеа ова: НЕ ПЛАЧАМ ЗА А1 ПЛАЧАМ ЗАШТО НЕМА ДА ЈА ВИДАМ ЏЕВРИЕ или пак ова НЕ МИ Е КРИВО ЗА А1 КРИВО МИ Е ШТО НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ЈА ВИДАМ ЏЕВРИЕ
Не добиваме, но темава е отворена со цел да се дискутира на неа, без разлика дали добиваме нешто или не. Секако дека не, но убаво е да искажеш свој став. Многу поубаво отколку да напишеш оф топик.
Поминаа години, и проблемите со телевизијата не се решија. Официјално е затворена и нема враќање ми се чини... Останаа зад сенка тие ,,криумчарења'' и никој не даде конкретно објаснување за што точно станува збор. Сепак, беше интересен медиум. Имаа добра организација, и информираа навремено. Мање више точно, но според мене беа солидни. Ако не и едни од најдобрите ако реално компарираме со другите македонски програми.