Актуелни политички настани пинк фор евр не ти е тука местото. ме потсеќаш на братучедка ми кога ја бркам да не ни слуша сексуални муабети. Стварно претеруваш. Извини вака.
Актуелни политички настани леле што кажува оваа новинаркава сега... ја тепале полицајците, ја клоцале со нозе, ја гребеле со нокти... и баш тоа не можеле да го регистрираат камерите... приказни за мали деца... ни го солат паметот....
Актуелни политички настани Ме интересира каде е Грујо ? Е стварно ситуацијава тотално ме иритира А уште повеќе ме вади од такт, тоа што некои веруваат дека ова не е наместено
Актуелни политички настани Ете наместо глупавата турска серија Лисјата што паѓаат, гледаме македонска глупава серија...
Актуелни политички настани Груевски и Иванов не се глупави да се јават,ќе излезе како да се правдаат,затоа и нигде ги нема Се јави портпаролот и сто пати убаво му кажа на овој водителот НО ова е планирано и исценирано па затоа не се разбираат од збор ...
Актуелни политички настани Дааа...златно сега место да гледавме како Хаирие ја тепа Ферхунде, ќе гледаме како полицајците ги тепат новинарките
Актуелни политички настани Ова Милчо Манчевски да го режираше и немаше вака да испадне хахах а и како се избрани актерите... нснснснс
Актуелни политички настани Дечки без драматизирање како новинарките пред А1 , или незнам како да кажам ,може и ХОЛИВУД Мислам дека новинарките пред се ,се и многу добри глумици ,тоа што стои полиција пред врата можда и не требало но сигурно дека инспекторите биле попречени да им извржат контрола на работното место и заради тоа има интервенција од полиција. Не ги бранам полицајците но и тоа им е дел од работава ., сеа и самите ги гледаме снимките и немаше тепање повеќе добра глума за да има што да се збори на А1 . Сето ова е смешно на некој начин и од двете страни ,ама за ова сигурно се има налог ,но секој си приложува како што му одговара. Сеа свртете на друга телевизија која е да речеме подржана од васта ке ни претстават друга слика на дешавката и ке излезат со други ставови смешно ми е
Актуелни политички настани Багуфче...што кажа портпаролот?!М?! Ништо,повторуваше едно та исто.Јас не сум партиски одредена,ниту ме занима политика,мене ме занимаш ти,луѓето,стечајците,сутдентите.И да е ова манипулација и местенка,сеедно,вчера сите вас ви пречеа спомениците на плоштадот,така?!Што е сега?! Друго,да објаснам...сум имала работа со УЈП,УЈП по фирми оди во нормално време,Хедис како што знам не е дискотека или кафана.Финансиска служба не работи во 8 навечер за да се изврши контрола и друго,каде е автомобилот на УЈП,каде се инспекторите?!М?!Зошто полицијата не кажа зошто се тука и првенствено зошто толку многу?!М?! Гледајте како народ,а не како партија.Очи малце и ум,свои интереси со нив,а не со книвчиња наречени партиски книшки.
Актуелни политички настани А што ако и полицијата е дел од сценариото?Мислам со нив лесно е да режираш
Актуелни политички настани Се напнав дури и јас што немам ни п од политика Божеее !!! Невозможно е да се толку малоумни и убавата вечер ми стана политичарска ... Ако имаат грам памет јас одма ке се прекрстам !!! тој па портпарол не знам од која партија е не ме сфакајте погрешно врти сучи врти сучи едно те исто милион пати го кажа .Боже ме чувај !!! А да напоменам Немаат ни грам општа култура ! И не сфаќам што е работава меѓутоа глупави се сите ! а министерката оп троп бизи женска им спушти слушалка
Актуелни политички настани Џули,сериозна си?! Полициска држава сме,МВР е запоседнато од вмро-овци.Сите копачи вмро-овци станаа полицајци.
Актуелни политички настани Епа ете тоа кажува дека се е изрежирано. Штом нема ниту едно возило на УЈП, доаѓаат во 9 часот, го прават тоа точно за време на пред избори...ниту јас сум партиски определена, но сето тоа нема да го смени мислењето на народот.
Актуелни политички настани ^^ Груевски и Иванов не се јавувале зошто ќе изгледало како да се правдаат...?????? Хм, а зошто бе злато се тие на власт?! Кој треба да се правда пред граѓаните ако не тие?! Ако никој не е крив и ако тоа навистина било инспекција, зошто никој не се јавуваше на телефон 1 саат? Можеле фино лепо да кажат дека тоа било инспекција. А Котевски не кажа друга реченица, освен: "Согласно со Законот и Уставот на Република Македонија, бла бла бла..." И на секое прашање од Борјан го повторуваше истото. Не кажа ама баш ништо што може да го оправда присуството на полицијата. Стварно ова страшно смрди.
Актуелни политички настани Искрено да ви кажам, ми изгледа дека А1 си ја користи ситуацијата да ја сврти во политчки контекст како им одговара. Смешки... Тој велија стално мути нешто, така да, ако не друго, сега која гледаност ја имаат леле леле
Актуелни политички настани А бе ти ме свати нели..ме читаш меѓу редови нели? Се разбираме за ситуацијава ние...Знам јас кој и зошто и како е во и со полицијата.Него гледам некои од младиве девојчиња некако уште им лета памет...
Актуелни политички настани Што и да се напише овде е излишно. Целата македонска јавност ВИДЕ како најгрубо се кршат човековите слободи и права, како се малтретираат новинари, како не им се дозволува да ја вршат слободно новинарската работа, како на луѓето им е ОГРАНИЧЕНО ПРАВОТО НА ДВИЖЕЊЕ! Со ова што се случи вечерва можам слободно да кажам дека во Македонија НЕМА ДЕМОКРАТИЈА. Нека се засрамат оние од власта, нека се засрамат и сите нивни подржувачи кои сеуште имаат доблест да ги бранат партиските бои. Во однос на јавувањето на портпаролот Иво Котевски, само ќе кажам дека сите веќе сте прочитани книги, никогаш не одговарате конкретно, само заобиколувате и си го вадите газот, ама од оваа каша тешко дека ќе се извадите така лесно. Ниедна власт не победила во војната против сопствениот народ, а вие господа од власта таква војна почнавте да водите! Народот ве стави на власт, народот и ќе ве смени! Не сакам да навлегувам во конфликт со партиските послушници по форумот, само кратко ќе кажам дека и да сум член на некоја политичка партија(а не сум) НИКОГАШ НЕМА ДА БРАНАМ ВАКВО НАСИЛСТВО И КРШЕЊЕ НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА, па каква сака нека е партијата која ја подржувам.