Актуелни политички настани И јас слушав тоа ... Глупости ... ама сепак не се криви луѓето од А1 ... Овие од вмро или полицијава сеедно што не си го собрале велија на разговор поштено туку глумат лудило тука пред телевизија. Свашта . Па и колку сеирџии има а главните ликови нигде ги нема.
Актуелни политички настани Главните ликови се спремаат за поставување камен темелник на спортска сала во рандом село во Македонија
Актуелни политички настани комедии како и да е што сакаат нека прават сите, ако сакаат нека се испоколат, не џабе си земаат толку пари, кој од страна, кој легално, па што ако си скршат по некој заб, има со што да си стават нов , па и доста е цимолење за без веза САКАМ ТЕПАЧКА, досадно е само вака, ајде малку акција нека има...
Актуелни политички настани АААА не не сеси можеби фонтаната од Вардар решиле да ја преместат во Треска па зафатени се Немој село ... како делиш толку убави комплименти ??
Актуелни политички настани Ааа не, ќе се испотепаме ние во партијата која да е главна Уште во предизборната кампања ќе ни се распадне партијата
Актуелни политички настани Уште ова за тие кои викаат дека е сценарио на А1...Ај вака да треснам и јас, да не е ова сценарио на ВМРО и компанија само за да има предвремени избори затоа што не можат да го решат спорот со името ни??И затоа што си собраа парите од народот си ги складираа по странски банки и сега џом да ги нема?!а народот нека пропаѓа во криза...А?
Актуелни политички настани сеа пуштив на сител ама таму многу бавно зборат, а вака овие ми прават поголемо друштво да не сум сама во собата се исто па исто, сите исто зборат .. Кога ке заврши сакам да знам што ке се случии... хахах а што некогаш биле блокирани и мртв? леле јака и душа на чистачката во А1 како ке исчисти после ?
Актуелни политички настани Искрено се ова ми е мене интересно ... Државава е секако во гомна ... А џули името ке се смени бре се е перење пари. До сега собираа од лк и пасоши,сега убрзаа процес па ке го сменат името и оп троп пак ке менуваме се од документи што имаме.(мое мислење е тоа) Тука нема иднина тоа е се што знам. И затоа не сакам да се нервирам. Не ви препорачувам ни вас. Ама се согласувам со сеси и сдсм и вмро се прочитани книги. И баба така вика Никогаш политики не ме занимале и сеа мн не разбирам што се дешава. Ама многу се напорни.
Актуелни политички настани Оооод фризер?!И од цел ден у 7 им текнало дека таму треба да одат?! Пуфки на некој друг,тоа не е едноставна работа за да ја користат ко изговор.Кој имал искуство,знае како е. Леле што убаво објасниле,бравос!
Актуелни политички настани Pink4e мило, знаеш ли колку интересни игри има на интернет? Те молам симни си некоја, млада си да бистриш политика
Актуелни политички настани О боже... Џандари блокираат фирми. Новинарки глумат дека се истепани. Медиуми собираат рекет. Стечајци гаѓаат лавови со јајца. Народ гледа сеир и се труе со глупости. Улици се затвораат секој ден поради протести. Каде се родив јас??? (во СРМ ) ************************************************** Само да ми паднат медиумите во раце... како би ги затворила... И не само тоа, какви се промени би направила... и како би го воспитала народов. Кампањи фрчат, како да е месец пред избори. Одврарно. Добив желба да си одам. ************************************************** Си бил еден змеј којшто живеел во својата пештера преку 7 мориња, 7 планини, 7 реки и 7 низини. Еден ден се разбудил, излегол од пештерата, погледнал лево, погледнал десно, погледнал напред, и рекол, „по ѓаволите, каде тоа живеам јас“
Актуелни политички настани Абе росоњерче не се зезај ... Велија сега е во Хедис инспекција има работното време им почна. Нели Следиш од почеток
Актуелни политички настани Е како друго, кога инспекцијата е од УЈП, правеле рутинска инспекција, ама луѓето таму не и дозволувале да си ја вршат работата, па поради тоа викнале полиција. Инаку таму биле од 10 саат сабајлето, а ја чекале адвокатката до 19.00 часот, затоа што таа „била на фризер“. Јас ова го сфатив до сега.... Ама и цајканиве се гадови
Актуелни политички настани Извини девојче, ама те читам од прееска...Ај фати магла од темава политика, те молам... На нерви ми одиш веќе, извини стварно, ама немаш поима што зборуваш...Ај, оди во форумски игри или во некоја друга тема посоодветна за тебе... Иначе, за ситуацијава, наместено е ова за Велија, да му покажат заби сакаат...Така мислам, ако нешто сум пропуштила бидејќи спиев до пред малку, поправете ме...А сега во моментов го гледам Фрчко на А1...Што бара сега он таму?
Актуелни политички настани Не може полицајци и специјалци во толку голем број кога ќе им текне да поставуваат блокада. Ако се работи за некои неправилности во работењето на фирмите на А1, тогаш требало инспекцијата културно да си ја изврши работата, а без вакви форми на окупација. Од друга страна, мене ми изгледа како А1 да ја испумпаа работата и ја однесоа во крајна екстремност. Имаат моќ и сега ги преувеличуваат работите и ги вртат во нивна корист. Ако А1 е демократски медиум, нека се брани сама, а не моментално во студиото имаат гости само од СДМС и се едни исти работи зборат против власта. Цел живот, само се напаѓаат едни со други ( ВМРО и СДСМ ), а народот упорно само нив ги избира, како да нема други политички партии во државава. Цело време изјавуваат дека не можеле да влезат во А1, а на секои 5 мин им доаѓаат нови гости во студио, како така ако не можеле да влезат?