Актуелни политички настани Абе не само Фрчко многу политичари беа(Жерновски, Бошковски, Имер Селмани, Шекеринска и незнам уште кој), беа и јавни фаци(оној Зоки од Фаци, Јоце Панов, Викторија Лоба), беа многу новинари и од други медиуми, беа адвокати, професори од правен факултет и од други факултети.... Сигурно за да дадат подршка, незнам за што друго би биле
Актуелни политички настани Мене не ми е јасно....нели А1 е НЕЗАВИСНА и ОБЈЕКТИВНА телевизија зошто сите (политичари) во студио ја нарекуваат ОПОЗИЦИОНА???
Актуелни политички настани Па реално оние телевизии кои се независни и објективни се опозициски Така било и кога ВМРО било во опозиција или кога СДСМ е во опозиција. Тоа толку просто, секоја телевизија која ја пренесува објективната реалност(бидејќи реалноста ни е лоша) се контра власта, па аналогно на тоа ги нарекуваат опозициски.
Актуелни политички настани Не гледам зошто не би биле гости. Еве со некој поедноставен пример:Ако на мене или на тебе ни влезе полиција дома и ни ја ограничи слободата на движење, секоја помош и подршка би ни била добродошла. Е сега дали политичарите од СДСМ го искористуваат тоа за политички поени, не ме интересира, власта им дала многу убав повод да собираат политички поени Со ова власта сама си даде автогол!
Актуелни политички настани Епа сигурно не очекуваш дека ќе дојдеше некој вмровец да каже дека се кршат правата на човекот Како и да е не беа сите бранковисти, имаше многу угледни и ценети професори, адвокати, новинари... Еве моментално зборува претседателката на Хелсиншкиот комитет.
Актуелни политички настани Превише издраматизираа.. Цела Македонија(симаптизерите на опизицијата ги алармираа).. сеа очекувам Б.Ц да прати бесплатни автобуси по земјава за да оргазира протести пред А1.. А професориве зарем немаат срам што се појавуваат и зборуваат пред народов?!
Актуелни политички настани Море незнам кој нема срам, дали тој што гази врз човековите права и демократијата без око да му трепне или оној кој дошол да каже дека тоа не е одлика на правната држава и демократијата.
Актуелни политички настани Ама полицијата нема врска со А1, убаво си кажа портпаролот. И ова дејстување на УЈП се случувало од сабајлето, ама од кај 7 часот почнале да се собираат Бранковците и да урликаат, да галамат и да драматизираат пред зградата. Портпаролот во сител убаво си кажа дека А1 како ТВ не е предмет на УЈП, туку друготе фирми кои се основани на исто седиште како и телевизијата. А зошто навреме на кажала полицијата? Па тие не смеат да изнесуваат што, како , како и за што се случува. А дека цело ова А1 и СДСМ си го зема во прилог, се гледа од самите снимки кои беа приложени и воедно со јавувањето на портпаролот кој се обидува да ја објасни ситуацијата, а овој Борјан (нервниот), почнува да хистерише да го гасат од линија (едно 100 пати го повтори тоа). А пред А1 само членови, и тоа спремни, од СДСМ. Со знамиња, плакати... Добро е што Бранко не организирал автовуси од сите градови (како обично за митинг што прави) и да ги однесе пред ТВ. Па и како се погодија сите минувачи (случајни и неслучајни, пешки и со автомобили) да се од оваа партија бе?
Актуелни политички настани Не, секако дека нема никој од Вмро да дојде и не дека јас ги бранам нив, туку викам дека ова што сега го даваат на А1 повеќе изгледа како предизборен говор на пратениците на СДСМ.
Актуелни политички настани Па се обиде министерот да објасни за што е целава работа, но не му беше дозволено. Каква демократија се бара кога пред цела јавност новинарот(не знам како се вика) го исклучи министерот од програма? ах... или кој и да беше... не знам.. не сум многу упатена во политикава
Актуелни политички настани Уште да воведат режим како во Туркменистан и ќе бидат задоволни! Изгледа тоа им е целта...од чудење а богами и пиење винце веќе немам сила ни да коментирам на ова што се случува. Скопје 2014 - Николче на сите страни, во злато! Ново име ни треба? Нема гајле, по примерот на горенаведенава држава - Николистан. Најнова верзија, се било наместено. Леле колку сум изненадена. Ваков контра-удар не очекував, мајке ми! Абе ај Не велам дека А1 не драматизираат малку...ама сите знаеме да си ги преброиме овците, така? Впрочем им се може бе! Мене да ми дојде дома полиција на ваков илегален начин, па да ви кажам и преку покрив би ја повикала сета можна поддршка само за да му докажам на светот што ми се случува. Едно големо БЉАК испраќам, онака тивко, на форумов, до владата....кој да ме чуе од компетентните, нели Ама да го сретнам Николче верувам дека не би имала проблем да му р’кнам во фаца, со извинење. Но како што тргнале работиве, тоа би ми била веројатно последната радосна и од се срце преземена акција во животот.
Актуелни политички настани не сум за никого ЗА, не сум определена, ама искрено треба да си стварно слеп да не видиш чие сценарио е ова... стварно е ужас за цела држава... новинарите не сакам да ги коментирам, не сакам ни новинари да ги наречам... луѓето кој и да ги ВИКНАЛ... им кажал шо да прават, на крај краева што бараат да влезат во а1? заложници да не имало? од ништо направија НЕШТО, а тек доправа ќе видиме што е тоа нешто ова е срамота, и пак ќе кажам немам ЗА, имам ПРОТИВ... знам против кого ќе гласам, ми олеснија сеа во изборот И аман бе Билјана и Борјан оставете некој да се доискаже, АМАН
Актуелни политички настани Абе не разбирам стварно... Мајка,татко државни службеници со книшка,бедна 18 000 плата...ама нема везе,благородниот потег со вработувањето толку многу го цените,што мижите пред капии,споменици,платите каснат сепак,здравството пропаѓа,судството исто,плаќате факултет со тие ситни пари,едвааај,па уште ако сте повеќе деца... За толку пари ли ви е арно 2 000 000 народ да се чувствува револтиран вечерва,а е во депресија последниве 20 години?! Значи не вмро,не сдсм и за двете зборувам...
Актуелни политички настани Оф... Јас предлагам сите Феминки зелник да замесеме, за сиротите новинари на а1, а за натепаните и гребените бонус и јогурт ке дадеме. Бре, бре не отруја со мозок перење, којзнае што е цела поента на ова, овде повеќе не се живее. Тотално разочарувачки.
Актуелни политички настани Девојката во виолетовата блуза сега што збореше, не знаеше една реченица да сврзи како што треба, Ќе ги срушиме, само тоа успеа да каже.
па не е а1 независна....да ја прикажуваат реалноста, ама таа која нив им одговара, ако дојде СДСМ на власт тогаш сител ќе биде објективната(според тоа што ти го велиш), факт е а1 е на сдсмовците, сител на вмровците и точка, нема што понатаму, сите си прикажуваат како што нив им оди одговара и готово