Актуелни политички настани ^ Па ке го исклучат кога збореше безвезе! Нападнатата новинарка му кажува за нападот а овој зборуваше сосема трето.Ако е во право Вмро каде е Грујо да ја разјасни работата?Па после имало демократија во Македонија ,КАко не ! Се повеќе и повеќе се оцрнува сликата на Македонија па после ке одиме во Европа Такви како нас не им требаат на нив ! ПС Не сум партиски определена ,мислам дека сите се исти лопови ама тоа е кога сме таков народ цело време ќутиме и прифаќаме се и сешто што ни наметнува владата! Како можат Грците? како можат студентите од Лондон да се дигнат сите да се бунат а ние ке си седиме како се да ни е совршено !
Актуелни политички настани Па вака... Како што повтори 10000 пати Иво Котевски... Во согласност со Законот и Уставот на Република Македонија, ќе престанам да коментирам на темава од едноставна причина што ме фркна главава од некои коментари што ги прочитав. Или некои од вас се премногу млади и не ја разбираат ситуацијата или пак имате тазе книшки од одредена партија. Ме заболе Spoiler пичнава жила чија местенка била, кој биле гости во студио, зошто се случило тоа што се случило. Не знам по чија вина се случи, ама ќе ја посветам песнава од дното на мојава душа зошто само вака ќе ви е јасно што мислам за целава работа! http://www.youtube.com/watch?v=_7m8VT0X3GQ
Актуелни политички настани Сакам да го бацам Фрчковски во чело!!!Алал ти вера човече секоја ти е на место !! "Постапуваме по закон и доколку е направен некој прекршок ќе поведеме соодветна постапка" -Одбраната на Јанкуловска..за да немора Фуере да се мачи да ја добие,Фрчко му ја кажа..а истите тие зборови упорно на Сител ги употребува потпаролчено на МВБ,сирото изгубено Не е местено неможе да биде наместено..може само да биде допумпано што е нормално..Леле колку сакам владава да падне уште вечер ни сама не сум свесна..А уште гнидана Латас коа ќе ја видам ми иде јавен линч да му напраам...завршил факултет пред година дена и сега новинар ќе и глуми! Бедно пионче на Груевски Доле Влада
И јас се прашувам за оние кои се државни службеници, зимаат 18 000 плата и се презадоволни, слепи се пред сите овие немили настани. И кога сме кај здравството, па доволно е само еднаш да идат во клинички на доктор,па да им се потребни некои тестови,ќе потрошат цело богаство за да им се постави една дијагноза, и плус тоа пак нема да уживаат барем во некои нормални услови,бидејќи кај нас условите во здравството се никакви,катастрофални. И покрај тоа за едни бедни плати кои нон стоп и каснаат,изиграваат мајмуни и се плескат во гради за партијата.Која им е користа,т.е. дали ја имаат?
Бројче си измешала некои работи очигледно УЈП си вршеле контрола од сабајлето и НИКОЈ НЕ ГИ ПОПРЕЧУВАЛ ВО РАБОТАТА. Но на помош им пристигаат полицајци, а зошто никој не знае. И тоа е ок, ајде дошле нека седат, но тие почнале без да се легитимираат и без НИКАКОВ НАЛОГ да ја попречуваат слободата на движење на новинари, камермани и вработени во А1. Не ги пуштале вработените во А1 ниту да влезат ниту да излезат од телевизијата. А пази предмет на инспекцијата не била А1 . Па со кое право тогаш полицијата БЕЗПРАВНО ќе држи над 200 лица затворени или нема да им дозволи да си ја вршат работата? ТУКА ИМА КРШЕЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА! Се што се случуваше после тоа е ирелевантно и небитно. Ниту ме интересира дали гостин бил Бранко, Петко или Трајко, битно е дека сите видовме дека НОВИНАРКИ НА А1 БЕА ПОПРЕЧЕНИ ДА ВЛЕЗАТ И ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ЗГРАДАТА ОД СТРАНА НА СЛУЖБЕНИ ЛИЦА.
Леле аман до сега дебатирав со колешки и се напнав!! Аман луѓе, (извинете на израз) ама ќори ли сте? Ова е дефинитивно ФИЈАСКО на моменталнава ситуација наша. Маските паднаа..туку не ми е јасно...каде се главните актери на серијава? Па и оној мамлакон на Сител си решил журка да прави во студио, кутиот мораше да дојде на трошка бајат сеир, а до пред тоа се појави дека бил на вечера со Цеца. Леле гревче, ама му е тешка работата! Убаво си пишав јас: Ајде да се собереме 2000 души, да отидеме во А1 и на сила да си ја пуштиме Ферхунде!
Добро навистина ли има луѓе кои мислат дека Грујо Мијалко и ВМРО се невини и дека сите се здружиле за нив да ги набедат? Абе Груевски свака част ти честитам како си им ги испрал мозоците на луѓето ,ретко кој така да успее ,сварно респект!
Ех па и ти, Хитлер ја убеди цела Германија да го величи Холокаустот!!! Тоа е тоа...моќта на говоРот и РетоРиката и уште нешто: Дур има овци ќе има и вуна...а вуна не е заебанција
Како тогаш излегуваат и влегуваат гости во студиото, новинарите еднаш ги гледаме надвор, еднаш се внатре во студио, значи ги пуштаат да влегуваат. Инаку, да искоментирам дека овој Борјан новинарот ми е многу симпатичен човек а Биљана Секуловска ми иде на нерви
Добро не гледате како влегуваат?Прво се тепаат се туркаат пола саат со полицијата за да влезат во А1 ,и доаѓаат цели расчупани во косите???
Вери па новинарите влегуваат и излегуваат во дворот, но не и надвор од капијата, а политичарите влегуваа на сила, тоа го покажаа на телевизија. Ако не сте гледале како влегуваат почекајте утре, сигурно ќе репризираат, ќе видите како секој влегува на сила и е спречуван од полицијата.
Заврши,тоа се само стриптизери у цајкански униформи.Сега во А1 ќе започне забавата. Како да не видоа колку ги имаше,па уште прашуваат прашања шо не заслужуваат одоговор.
супергрл ако сакаш да најдеш оправдување на власта, барај и чувај си го за себе, а не не прави слепи при очи!
Добро јас изгледа вечерва не функционирам као што треба... Кажете ми кој го изрежира ова? Рамковски и компанија или груојвистиве? Мозгам од прееска и никако да дојдам до некој заклучок