Незнам дали видовте кога им влезе новинарка на тие и ги праша дали биле попречувани во работата и на тоа и одговараат - Немам коментар. Па немаат ами.
Нема оправдание за хаосот што го предизвикаа полицајците, значи требало инспекцијата да си ја врши работата најнормално, а не да вика на помош толпа од специјалци. Но, тоа што ме натера да се сомневам во она што го прикажува А1 е драмата што ја направија со луѓето кои беа надвор пред зградата, дека тоа биле обични граѓани што дошле да дале подршка. Тоа мислам дека не е ни малку точно. Еве јас сум политички неопределен граѓанин, па зошто не се кренав да одам пред А1. Значи, јас мислам дека таму не беа обични граѓани, туку членови на СДСМ, тие се собрале таму и ја направија ситуацијата посериозна и по драматична. Преска бев излезена во град и една другарка ми кажа дека на снимките видела многу луѓе членови на СДСМ од нашиот град, собрани таму пред А1. Па се прашувам, како тие луѓе се кренале од друг град да отидат во Ск пред А1, без некој да ги организира? Сигурно нема да трошат свои пари за превоз до Ск само за да и дадат подршка на А1. Тоа е испланирано однапред.
^^Реков не пишувам веќе ама не можам да се воздржам. Не дека немаат, НЕ СМЕАТ да имаат коментар. Не им се има Грујо уште јавено за да им каже што треба да изјават!
Па и тоа што викаш... Ако кажат грешен збор, одма ќе ги наместат дека одгледуваат марихуана, или пак, кокаин можеби имаат дома
Добро, некој дел плус минус , не е важно. Туку работата е во тоа што, ако сте го гледале отпочеток цело ова (уште пред лисјата), кога таа една најпаметна новинарка почна да галаме и да вика пред зградата, со тоа што директно му се обраќаше на полицаецот... па демек не ја пуштале затоа што не била легитимирана.. таа сакаше нејзиниот глас да биде над сите, сите да ја разберат, и нормално драмата да ја достигне својата кулминација. Е сега што се случува, по неколку минутно викање (од страна на новинарката), полицаецот на понизок тон и вели дојди на страна, оваа пак црка вика, зошто да доаѓам, легитимацоја ли сакаш... овој и вика, па да ти кажам зошто е ова. Оваа не тргна со него, туку уште си стоеше на своите 3 реченици, дека таа е на работа, дека е новинарка и дали треба легитимација. Па зошто не се тргна со човекот на страна за да и каже што како... или уште подобро што не тргна, може после ќе извадеше дека ја силувал таму или ја натепал. Како и да е, не е важно кој, како , зошто... се почна од 7 часот... и до 9 веќе сите граѓани беа собрани, пази, не СЕКАКВИ граѓани, туку само БРАНКОВЦИ. Па и што има бе да влегувам во зградата внатре? Што ќе направам јас? И политичарите колку што можев да забележам не беа оттурнати да не влегуваат, туку поради гужвата и поради тие двете (ние сме новинарки, пуштете не, ааа, ууу, ооо...), настана тензија и овие не можеа да влезат. А не забележав некој отпор да им пружи (можеби грешам, не знам). И полицаецот убаво и кажа на таа ,,натепаната,, . не знам дали чувте ,, Г-ѓо Катерина смирете се, не кревајте тензија,, , а оваа дури се свитка, демек ја турнаа, ја свиткаа и ја згазнаа на ногата.
Пих нема врска. Мене ми се јавија маалциве од банда да се договориме за вечер, ми викаат ајде пред А1 има журка Пола од нив се ВМРО-вци или родителите им се, четврт не се замараат за политика а пола не знаат ни кај се ни кои се Плус цело маџари отиде да види, да фати сеирче троа, се случува нешто во населба, тоа ретко се гледа. Ете еден колега имам блиску до А1 живее, му се јавив за скроз трета работа, неможам од галама да го надвикам, вика еве пиеме пиво кај А1 и глеаме шо се дешава. Си отишле луѓе на провод бе, гратис журка, плус на телевизија ќе ги има...фантазија.
Ни ВМРО ни СДСМ ни НИКОЈ !! Ова не личи на ништо ! Ама ако како што рече Heidi дури има овци ќе има и кој да ги шиша
Кога ќе дојде СДСМ на власт, тогаш Бранко нема да чине. Грујо тогаш ќе биде перфектниот, оној, знаете вистинскиот. И се така, зависно кој ќе биде на власт. Така бедно и жалосно ќе си тера приказната, т.е серијата
Сигурно девојчето нема да лаже дека видела активисти на СДСМ од нашиот град, меѓу луѓето соберени пред А1. Не викам дека немало луѓе што случајно се нашле таму или отишле само за да видат што се случува. Но еве имало и такви што се приврзаници на СДСМ и најверојатно организирано отишле таму.
Море наредниве избори за ДУИ ќе гласам... Ни Гвујо ни Бланко...... Значи не знам дали да се смеам или да плачам, па овие комотно можат да се пријават на шоуто Мацедониан Идол! Многу талентиран народ сме, затоа не шиша кој ќе стигне! 4 години Бранко, 4 години Грујо.......Цацко да јаде на друг да не даде! Значи ми се смачи од Цацковци......и веќе упм, нека сменат име нека ни ја земат територијата, ние не сме народ за држава......Да бевме уште пред да почнат вакви трагикомедии да кажуваат (до тој степен да се дојде), ќе се кренеше народов, ќе паднеше власта, ќе назначеа асолен водач, и ќе беше нов почеток! Само гледајте ги кутрите Французи, цела војска кренаа против законот за пензија....а нашиве сеуште ќе живеат под капата на Гвујо и Бланко! ЕЈЈЈ 2 милиони народ и да не може да се нахрани.....ова ни во Африка го нема! Е затоа за Дуи ќе гласам...........
Не ми се верува дека само си нашле прилика, туку повеќе ми личи дека осмислено се собрале таму за да ја направат драмата поголема.
Абре како може да е осмислено, јас ли ја пратив полицијата да дреме таму, без никаков налог, без никакво објаснување зошто воопшто е таму. Не ја пратил ниту било кој од СДСМ! СДСМ таму нема моќ. Сета моќ е во рацете на ВМРО, полицијата во рацете на мустаќлијата, полицијата е таму по наредба, не дека и тие сакаат да стојат таму, ама наредено им е и си го чуваат лебот. Ако направи грешка ќе лета од работа. Сега беше малку издраматизирано не велам не, ама си нашле момент, зошто да не?
^ Офи не викам дека СДСМ ја пратила полицијата, тоа е јасно дека полицијата е пратена под наредба на владата.. Тоа што јас го коментирав е дека ситуацијата немаше да стане толку помпезна и скандалозна, ако не ја преувеличеа работата новинарките и ако СДСМ не донесеше луѓе пред А1, кои демек биле обични луѓе кои се грижат за нивната омилена ТВ.
Јас верувам дека поголемиот број на луѓе беа таму за да фаќа сеир. Другиот дел може биле некои сдсмовци, ама не е битно. Кога може Грујо да праќа вмровци да протестираат на митинзи на сдсм, зошто па сдсм да не пратат луѓе пред а1? И според мене беше во право новинарката. Нов закон ли е тоа кога зборува со некој да дава лични податоци?
Гледав А1 добар еден час и верувајте дека не знаев дали да плачам или се смеам. Е добро бре луѓе во Тонгузија да живеевме немаше ова да се случува. Прво, морам да му честитам на Рамковски. Човекот е толку моќен што и Владата ќе ја турни. Не знам кој е во право, кој е виновен, но сметам дека преголема галама се крева од ништо, а опозицијата само користи ситуација и ова сум 100% сигурна дека ќе доведи до предвремени избори. Ете, кажа потпаролот Иво Котески дека имале налог за тоа. Дека претходно имало инспекција и бидејќи откриле неправилности е повикана полицијата. Но ете, нив никој не му покажал налог. Плус, тоа што физички нападнаа две новинарки од А1 е бескрајно срамно! Е добро, не за друго, барем за тоа што се жени треба да имаат некаква почит. Потоа, големо У за Груевски и Јанкуловска. Зошто не се јавија или не дојдоа лично во А1 телевизија јавно да го решат проблемот, туку господичната го исклучи мобилниот, а типов не креваше?! Ако се во право, ако имале налог зошто се кријаат? Или си ја имаат мувата на капата? Борјан ме изнасмеа кога го предизвикуваше Иванов да дојде на студентите да им објасни што е тоа демократија. И искрено, најмногу ми е жал за Иванов. Тој е само една марионета на Грујо, за жал. Вери, полицијата била таму од попладнево. Доволни се само неколку минутки за да се организира бесплатен превоз за членовите на СДСМ од останатите градови. Само ќе му се јават на членовите на партијата и за еден час од цела Македонија ќе има граѓани во Скопје. И тие користат ситуација, зошто да не?!
ете сите што се против власта испаднаа сега им дојде редот да кажат збор и да прават галама а и тие не знаат зошто!! народ, се туркаат, демек подршка прашај од таму дали еден знае што е подршка или пак почит, не ги бранам никој, само полицајците што се најдоа во незгодно ним тоа им е должност одете таму и таму мораат да одат, а ВО таа фирма на А1 има милион други регистрирани ќерки фирми и ако полицијата сака да направи увид финанскиска контрола ќе направи кога сака и каде сака и во кое време, за финансиска инспекција нема време, глупо беше што никој не знаеше во што е проблемот??? а тие новинарките глума не видена па како сакаш во гузва да биде?? само пискаат како кокоишки посебно таа црната, како се викаше?? во секој случај неправедно од власта, а од опозицијата многу нисто, се собрале човечињА и подршка давалеее, а бе ајјдееее... кој што сака нека сиправи неможам да им ја разберам политикава ниту на едните ниту на другите!!!