Мене најмногу од се ме интересира како човек од Охрид од селото Пештани (активист на СДСМ) "ЈА БРАНЕШЕ А1"? Хахахахха мислам луѓе дека се е јасно однапред смислено.Договорено
Синока најмногу настрадаа новинарите,а које крив незнам на сите телевизии до 2 саат сабајле имаше стручњаци од повекето области и тие го докажаа спротивното.Дека инспекторите ги маткале 13 часа од канцеларија во канцеларија и дека имале парво да дојдат со финансова полиција.А сдсм го искористи ова и ја направија голема,до речиси граѓанска војна.Голем минус е молчењето на вмро ни премиер,ни министерката ниту пак претседателот се јавија да објаснат што се случува и од тука одма кај граѓаните се јавува сумља дека тоа што го гледаме навистина се случува,со свој камен по глава.И сега останува во текот на денот да видиме што навистина се случило,ако однапред било режирано сценариото, граѓаните заслужуваат едно големо извинување од а1 и сдсм за манипулацијата,а ако стварно се случувало она што го гледавме тогаш министерката и премиерот да си дадат оставка уште денес.
ајде и јас да кажам нешто, нема да критикувам никого, само ќе речам тешко народот, тешко сиромашните деца и болните луѓе што страдаат во ова сиромашна држава. Тешко народот што треба се да трпи! Останува само да се надеваме за подобар ден!
Не знае човек што да каже.Некој матка нешто,а кој е тоа ќе излезе на виделина.Или Вмро се навистина виновни или пак сдсм ја преувеличуваат :geek:
Што се нема да се направи за внимание, тоа синоќа беше циркус!!!! Како демек се случуваше нешто многу важно. Убаво и кажаа инспекторите на новнинарката што ги испрашуваше no coment!!!
Ах пусто македонче!Ма нека се смени и име,нека нема ни македонче...не ми е гајле! Само нека има ред,мир и стандард...иако тешко дека тоа ќе дочекаме тука!?
Она вчера беше циркус, јадно и бедно, толку незрело изиграно од страна на власта А бе Грујо, сам си се местиш, нема потреба никој да те мести. Не сум политички определена (исто г се) ама она вчера беше жално, ете кога искомплексирани дечиња си играат држава, тоа е. Што сега, ако апсат мој комшија, треба цела зграда да не затворат и да не малтертираат? Така изгледаше ова. Однеси ги полицајците во просториите на фирмите каде што се врши увид и ајт'... Ова опозицијата да палеше свеќи секој ден и Бога да молеше да и се сервира вака, немаше да успее. Како се напенали сама владава, да не е жално, ќе беше смешно. А жално е затоа што такви зелени ни ја водат државава и одлучуваат за нашиве судбини.
Вака... Исти се ама има и разлики....СДСМ се покултурни и одмерени во се што прават,додека ВМРО се силеџиски и провинциски наметливи. А со ваква младина која само се и сеир тепа на се што се случува, државичево напред не иде...Н Е И Д Е.
Борјан сам си кажа дека Финансиската инспекција била таму од утрото! Тоа го кажа кога прашуваше што бара полицијата таму, дека од утрото имало инспектори од УЈП, па немало проблеми. Така тој рече. Само сакам да кажам дека инспекцијата си ја вршела уредно работата ама таа нема медиум за да го каже тоа!
баш вчера немав нет сега треба 18 страни на читам! а за ова со а1 и поолицијава,немам коментар- катастрофа!!!! бтв срце ми се полнеше кога видов на вести тоа лавовите како јадеа јајца по глаа!!!!
Најмалку ме интересира политика неутрални си сме ние семејството- никогаш не гласаме Си имаме своја фирма во која сами си вложивме пари здобиени од сопствената пот сами си сме осигурани и никој ништо не ни може мирни луѓе си сме и не се задеваме со никој па затоа никој не не задева нас . И кој и да биде на власт нас исто ни е не чекаме ни врабоување ни ништо најубаво е кога не зависиш од никого. Независноста е бесценета . Така да што сакаат нека прават. Тоа вчера беше судир на политичките партии срам за Македонија. Во градинка кога одев бев покултурна, поцивилизирана и поинтелегентна од глуците во вчерашната драма
политика не-барем така сум домашно воспитана но културно однесување и пред цела јавност е тоа е стварно ги преминува сите граници демократија и право на слобода би требало да има секој граѓанин,нека не манипилираат со народот без разлика дали е вмро или сдсм. народот страда и тоа е жално,свеста на политичарите ги премина сите граници според мене вчера на телевизија. секогаш било и ќе остане вака,работите ако не милум се средувале силум-ПОГРЕШЕН ИЗБОР (за мене губат поени во култура и едните и другите)
Вику очигледно не си ја сватила поентата. Точно дека финансиската инспекција уредно си ја вршела работата и дека немало никакви проблеми. Аналогно на тоа нема потреба од полиција. Ама полиција имало и таа не им дозволувала на луѓето да влезат или излезат од зградата. Зошто? Ако била нормална инспекциска контрола и немало никакви проблеми и попречувања во вршење на работата зошто тогаш полицијата има потреба да интервенира и да покажува сила?
Што ја волим позориште,ал не у својој кучи! Ајде,ајде почнале врати да се пломбираат слушам.Кариес на петка(у случајов кец и двојка)!
Слушнав некој вели - ова само кај нас го има. За протести ги има сегде, и тоа многу поголеми од овие и многу поорганизирани. Али што е разликата меѓу нас и западот? Епа на запад тие кои не се засегнати од таа ситуација не даваат ич 5 пари, а кај нас Македончето одма фати таму да оди сеир да мава, на телевизија да гледа, на фејсбук групи да прави (20.000 луѓе ејјјј....) На запад ич не ги интересира што се случува, си одат на работа другиот ден треба припремени да бидат. И да, нигде не сум слушнала да се затвори некој објект без налог.