ADHD кај жени, полови разлики во манифестација на симптоми

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 30 октомври 2021.

?

Дали вие имате ADHD или познавате некој кој има ADHD?

  1. Да

    37 глас(а)
    56,9%
  2. Не

    19 глас(а)
    29,2%
  3. Јас немам, но познавам некој кој има

    10 глас(а)
    15,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.261
    Допаѓања:
    189.584
    Тело е една работа, психа е друга работа. Во некоја мера поврзани (знаеме за психосоматски, нели) , ама обратното, не баш- не мислам дека од интроспекција, може грб да ме боли (карикирам). А од интроспекција можам пар психички состојби да си најдам сигурно.

    Ќе се вратам пак, со повеќе концентрација и конструктивност.
     
    На Idedemja и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.011
    Допаѓања:
    17.155
    Пол:
    Женски
    Може ќе бидам оф топик.
    Сега вака кога ќе размислам и познавам некој со ADHD. Тоа беше мој соученик, еден и единстен во класот. Буквално одговара на описот со целата таа симптоматологија. Детето беше живец, никако не мируваше, учењето воопшто не го интересираше, не дека немаше интелигенција да научи ама едноставно нема фокус. Често пати ме ставаа да седам со него за да не зборува, ама тој буквално 5 минути не можеше да седи мирен во купата, мора со некој да зборува, да се задева и така истурка основно без да остава. Читав дека ова можело да се лекува, оваа состојба, за детето практично да почне да функционира ако можам така да речам во секојдневниот живот. Овие деца исто така тешко стекнуваат пријателства и се често несфатени од околината.
     
    На mira.mira, Idedemja и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не сум против да се постави дијагноза ако ја има и истата да се избегнува, особено ако има решение. Не реков да се игнорира. Само сакав да кажам дека претерана информираност генерално за болести или состојби, физички или психички, и човек со сосема здрава психа ќе го направат анксиозен. Нема потреба. Ако требаше толку да сме информирани, ќе бевме сите доктори или психолози/психијатри. И јас сум прилично информирана за одредени работи, но тоа се работи со кои се соочувам. Затоа што да, точно е дека има доктори кои не се доедуцираат и коишто применуваат застарени или стандардни методи за сите луѓе. Но тогаш подобро е да го најдеме вистинскиот доктор, а мене ми е важно да нема претерано его, отколку ние сами да навлегуваме претерано во таа проблематика. Сепак тоа е широка и многу комплексна тема.

    @Angie1432 не е рана деменција, барем тоа знам :)

    И мислам дека ова кажува се за мојот став. Не мислам дека како родител ќе игнорирам некои состојби кај моето дете. Но, дете како дете ќе расте, ќе се разболува, ќе има секакви тантруми и ако не знаеме да поставиме некоја граница помеѓу тоа што е навистина сериозно и невообичаено, а што не, накрај ние ќе се разболиме психички. @theowndemon работи со ова и секако дека може да зборува од искуство. Тие на коишто им е дијагностицирано исто така. Но нема ништо лошо во тоа што другите луѓе не се доволно запознаени и не значи дека премногу генерализираат ако некои работи не им се јасни. Едноставно се обидуваат да разберат.
     
    Последна измена: 1 ноември 2021
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.844
    Допаѓања:
    41.067
    Пол:
    Женски
    Хахаха абе не дај боже, како пример кажав само.
     
    На Idedemja и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Јас не ни видов дека има анкета сега гласав(facepalm) 8-|
    Ете ти @Bridget поголем доказ од ова што да ти наборјам, сите сте виделе, гласале, само јас улетав да прашам кај да ме тестираат за точно да си знам. Внимание нешто, што беше тоа?:^)
    Секундарно лета и ми шета насекаде освен кај што треба, мачно е да се фокусирам на едно нешто, се расејува мислата, пажњата ете немам ни мала ни голема пажња:D
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Како тоа сите виделе и гласале, само ти не, од каде доказ? И јас касно ја видов, не ми е првпат да не гледам анкети, нема врска со дијагнози, едноставно фокусот ми е на мислењата. На некои мислења, некои ги прелетувам или скролам. Пак, насочувам внимание таму каде што сакам.
     
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Доказ види колку гласале, а неколку пишуваме на темава па логично е да сте гласале сите освен јас, по мојава логика ова:D За логиката не ми барај доказ од дијагнозата ми е:D
    Мајтапот настрана јас си имам оправдани сомнежи за мене, спомнав нешто во претходните коментари и ме занимаше само дали има некои што стварно се во тек и имаат знаење, да не е како оние неапдејтирани од 93, па и ако си кажеш како се осеќаш да те убедуваат не е така, ама пак учебници напишале алфа и омега кај нас(facepalm)
     
  8. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    99% сум убедена дека имам ADHD.
    Дали би сакал/а некој во лп да ми препорача стручно лице каде што би можела да одам на разговор?
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.173
    Допаѓања:
    175.476
    Пол:
    Женски
    Јас само за ова знам, ако ти се најди еве цитатот:
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    Лицата со ADHD, слично како луѓето со други психички проблеми (како растројства на расположение и емотивни растројства на пр.), се многу неразбрани од светот околку нив. Нивниот проблем се негира или се омаловажува. Кога не се разбира нечија состојба, лошо се реагира кон нив, па и се даваат и погрешни совети. Еве прочитајте само овде во 3 страни на темава веќе се појавија коментари дека луѓето што имаат вакви проблеми измислуваат дијагнози. Имам впечаток дека и се негира постоењето на ADHD кај некои од членовите на форумов. Затоа е потребно информирање. Ако се обидеме да ги разбереме оние кои се различни од нас ништо не губиме, може само да добиеме. А ако некому читањето за болести (било физички било психички) му предизвикува анксиозност, немора ич да отвара на овие теми и да се измачува. Оние пак што се грижат за своите деца, сегашни и идни, ако прочитаат за различни психички проблеми, не значи дека ќе се оптоварат со тоа, туку само се едуцираат и информираат. Тоа е предуслов за превенција - зошто многу проблеми може да се СПРЕЧАТ, за да не се појават. Ако утре, не дај Боже детето сепак развие некаков проблем, подобро е порано да се препознае зошто кај децата раната дијагностика и навремената терапија прават огромна разлика. Некој овде пиша дека нормално е здраво дете да не се носи на психолог. Јас ви тврдам дека тоа не е точно! Психолозите не се тука само за болните и оние кои веќе имаат воочлив проблем, туку за сите луѓе. Стигмата од одење на психолог/психијатар очигледно си постои кај нас. Затоа треба информирање, објаснување. Децата се носат кај психолог и за да се следи неговиот развој, за да се добие информација плус, за да се прилагоди грижата и воспитувањето на родителот кон потребите на детето во тој период. Одговорен родител тоа го прави.
    Извинете ако се оддалечив од темата. Ќе пишам дополнително информации за ADHD. Темата си е супер.
     
    На bellak, MeowMeow, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    Кој сака да знае повеќе и знае англиски еве едно видео каде што е објаснето што претставува и ќе ви даде јасна слика за ADHD:



    Второво видео е сведоштво на лица кои ја имаат оваа дијагноза, како изгледа да живееш со овој проблем и со кои проблеми се соочуваат во односите со другите луѓе.



    Многу деца поминуваат под радарот, односно не се дијагностицираат во младоста и детството, израснуваат во возразни единки кои живеат со ADHD, а се погрешно сфатени. Обично проблемите се очигледни за прв пат во училиште кога имаат дисциплински проблеми и проблеми со успехот во учењето. Неинформираниот училишен кадар нема да ги препознае и погрешно ќе ги етикетира овие деца како непослушни, мрзливи, глупави или невоспитани деца. Реалноста е дека не се ништо од тоа.
    Како што кажува името - има две компоненти кои се афектирани - вниманието и активноста/импулсите. Кај некои лица е поизразен проблемот со задржувањето на вниманието и неможат долго да го држат фокусот на еден проблем, лесно им бега вниманието на страна. Тие имаат проблем со организација, каснење, делуваат отсутно кога им се зборува, забораат т.е. пропуштаат задачи, закажани состаноци, повици и сл. Вториот тип лица со ADHD имаат проблем со контролата на импулсите. Тие се хиперактивни. Не можат да седат мирни подолго време, особено им е тешко да немаат никаква психомоторна стимулација продолжен временски период, имаат изразена потреба за движење, голема енергија, тешко се уморуваат, опуштаат и заспиваат. Некои лица пак се комбинација од двата типа и имаат некоја комбинација од симтомите својствени за двата типа. Значи има спектрум за ADHD и луѓето со оваа дијагноза може да се најдат на различни позиции на овој спектрум, зависно од видот симптоми и од нивниот интензитет. Некои од симптомите на ADHD се преклопуваат со симптоми од други дијагнози (како аутизам на пр.) но не значи дека се ист проблем и дека имаат ист метод на лечење. Заради преклопувањето во симптомите можно е да се даде погрешна дијагноза. Сеуште нема доволно студии за врската меѓу ADHD и аутизмот, иако постојат некои индикации за генетска поврзаност. Лицата кои имаат ADHD имаат поголема веројатност дека некои во семејството има аутизам или некој друг развоен проблем.
     
    На MeowMeow, Idedemja, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.173
    Допаѓања:
    175.476
    Пол:
    Женски
    Поверојатно е да има некој со ADHD, другите во помал процент ама да, и то е возможно. Има силна врска меѓу личност со ADHD и блиска роднина која исто има ( родители, браќа/ сестри, први брачеди, тетки, онака најблиски роднини). Ама, то е само од генетски аспект, сепак нели, се смета дека има поќе фактори во јавување на ADHD.

    За остатокот од мислењето секоја чест. Сама не би можела да го кажам подобро.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    Малку долгичко но на темава една лична приказна:
    Баш пред некое време дојдовме до заклучок со дечко ми дека има големи шанси да има adhd. Дури од почетокот на врската забележував детали во неговото одесување кои ме иритираа или едноставно ми беа чудни и се прашував зошто реагира и се однесува така во конкретни ситуации, но ни јас ни тој не можевме да ги објасниме и често доведуваа до кавга. Тука, да дадам контекст, не зборувам за големи промени во однесување туку за ситници кои можеби друг не би ги забележал или би ги категоризирал во карактерот на човекот, но тој што вистински го познава човекот знае дека тоа не е негов карактер но некој вид на избувливост/ реакција во моментот. Таков беше случајот со дм. Првото нешто што го приметив е кога ќе излезевме со друштво, и јас или било кој друг ќе започне да кажува некоја случка и додека зборува тој (дм) постојано ќе се умешува во разговор и ќе пробува да ја заврши приказната сам пред да ја каже другиот што ја почнал, иако не знае што се случило си прави негови претпоставки. Ова не се случуваше на пример кога е сам со мене него кога ќе излезевме во поголема група со други луѓе, а посебно ме иритираше кога ме прекинуваше на сред збор (јас сум генерално тивка личност и секогаш кажувам промислени работи па затоа сакам да бидам чуена а не прекината). Како што кажав ова често поттикнуваше кавги и ветувања дека следен пат нема да се случи но се случуваше секогаш. Друго што приметував е тоа што немаше воопшто трпение и фокус прво за работи кои мора да ги прави (пр. учење за испит, извршување на какви било обврски итн.) иако стварно вложуваше труд во тие работи, и второ секогаш кога ќе почнев да му раскажувам некоја случка ми викаше да убрзам и да ги изоставам деталите не дека не сакаше да ме слуша или не беше заинтересиран но бидеќи немаше трпение да ме ислуша ни 1 минутка. Во спротивност со ова, премногу се фокусира на детали во игри и филмови и ништо не му пропушта око, па ми беше малку збунувачки но си го образложив со тоа што тие работи му се интересни а другите не. Исто, да се навратам кога ќе бевме излезени со друштво сакаше фокусот да биде на него во разговорот и секогаш наоѓаше нешто да каже и образложи иако темата не беше во негов интерест и знаење. Пред некое време налета на видео на јутуб за adhd и ми кажа дека се наоѓа во скоро сите симптоми, па потоа двајцата прочитавме книги за ова и мене посебно многу ми се смени погледот кон тие негови реакции. Секако не можеме сами да дадеме дијагноза но чисто информативно се едуциравме повеќе за ADHD. Позитивно можам да кажам дека од тогаш не започнувам кавги додека има таквии периоди но пробувам да го разберам и да му помогнам. Но секако би сакала да слушнам и ваше мислење и искуства.
    Мило ми е што @theowndemon ја започна темава и исто работи активно да се рашири свест за ваквии работи имаш follow на инста:inlove:
     
    На mira.mira, Cosmic Girl, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    @RockNroLLGirL
    Доколку сакаш, би споделила ли кои книги ги читавте во врска со АДХД?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам збор до збор на насловите но беа нешто со Advantage of ADHD и ADHD in Adults, ако најдам линкови ќе споделам
     
  16. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
  17. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    ADD Likely, си реков јас дека имам голем сомнеж за адултната форма, ама треба пак да презакажам кај психологот што ме тестираше.
    АДУЛТНА.png
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.011
    Допаѓања:
    17.155
    Пол:
    Женски
    ADHD Unlikely

    А и немам симптоми карактеристични за ADHD.

    Screenshot_20211103-012832_Chrome.jpg
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.173
    Допаѓања:
    175.476
    Пол:
    Женски
    Онлајн тестови ми се офц недоверливи ама многу ме интересираа прашањата и на многу се смеев. :D
    IMG_20211103_083822.jpg
    И пошто на многу прашања се смеев издвоив две шо толку ме мачеа шо барав помош за нив. :D
    IMG_20211103_083842.jpg
    Вака ја добив првата препорака. Пошто побарав помош. Поќе и поќе памет губев оти сум толку расесна и хаотична и на сегде. Уште ме мачи расеаноста. Многу глупи грешки прам. Ко ќе сфатам сум ко "к а к о", а во мозокот немам меморија дека сум требала да памтам то нешто.

    Ова е смешно. Последно кога многу сум утнала со ова е кога месев... Нешто... Не памтам шо. Не памтам шо оти испадна лош леб. Ама знам дека од 6-7 состојки јас кладов 3. Вода, брашно и квасец. И сол и шеќер вбројвам во тие 6-7 состојки. Не кладов. И тестото беше чудно. Јас рецептот инаку го читав после клавање на секоја состојка. И апсолутно немав меморија дека има други состојки дур не почна да ми чита мајка ми: "ова кладе?" и јас бев ко: :sweat: "а ова кладе? А ова?" :sweat:. Ова го кажвам оти многу се смеев оти на ова прво ми текна.

    Али ко веќе отворив прашањето. Да. Ми треба чеклист за да напрам нешто. Кога ми кажва пример мајка ми 5 обврски, шансите се дека ќе имам меморија само за една. Enter magnetic whiteboard into the household за да ми бие очи. И во последно прам: "ако видиш дека нешто не е чекирано шо требало да е чекирано СТАНИ И ОДМА НАПРАЈ". Ако се прај брзо - веројатно ќе напрам. Ако трај подолго - обично го преќинвам за да прам нешто друго шо ќе ми земи внимание ама па покасно ко ќе го забележам недопраено сфаќам дека не допрајв и се навраќам.

    IMG_20211103_083856.jpg
    Ова е толку сериозно шо јас имам одено на ушно да се проверам. :D Супер слушам. Према доктори. 1 на 1 ако не е досаден муабет можам да слушам и фокус да ми е таму ( е са ако не ми е интересно... (lalala)), во група ми е тешко да се концентрирам на 1 извор на звук и обично "ми лета пилето" и сум само физички присутна. И сега интересниот дел шо не знаев како да го објаснам: звукот шо излегва од устата на луѓето некогаш е gibberish. Кажано јасно, гласно, сите го разбираат, јас гледам ко теле после 3 пати не разбирање. Велам 3 пати оти после толку пати се откажвам од слушање и се преправам дека слушам.

    Или на училиште од 10 збора, слушам 3, ама грешно сум ги слушнала. Одговарам скроз друго ко резултат на то. 1ца оти по мое си одговарам, непочит кон наставник било и така. :l:

    На звук можам да се концентрирам ако иди директно в уво, пример преку слушалки. Ако ми "бега" низ просторот можи дури да ме изнервира ако не го слушнам и/ли пак воопшто да не го разберам.
     
    На senjorita-v, mira.mira, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.