Женски,дали некоја од вас порачувала сенки за очи или четки за шминкање и ако може некојa да ми даде линк
Дали може веќе пуштената нарачка да ја избришам односно да ја поништам и да ми се вратат парите? само што ја пуштив
јас имам нарачано и ништо ми нема поцрнето, а не ги вадам кога се мијам раце. Ај и јас да прасам, од малта за колку време одприлика стигаат пратките во МК ?
За маичкава што ми стигна пред некое време, му пишавме на селерот дека не одговара бојата според описот (требаше да биде чисто бела, а не кремаста). И замислете ми врати 2 евра Значи ми испадна 3 евра маицава. МИ се извинија, ми пишаа нешто во стил ве молам разберете нé, имаме многу порачки, најверојатно сме немале таков материјал во моментот. Ама стварно не очекував дека ќе ми вратат дел од сумата. Така што, ако имате некакви жалби и поплаки, пишете им. Стварно се коректни за такви работи. На дечко ми многу често му праќаат гратиси, ако прави некоја поголема порачка. Во знак на благодарност
Ima nekoj od vas naracano poskap nakit? Konkretno jas sakam da poracam set od 50 evra skoro za svadba ama me faka malku strav sepak nee mala suma i dali bi stignala do krajot na juli? Izvinete za fontov
Порачај си го, ќе ти стигне пред свадбата. Само гледај порачката да ја направиш денес, најкасно утре.
Кога ќе видиш дека денес сме 19, еден ден е потребен да се верификува наплатата, неколку дена (а може и две недели) ќе поминат додека селерот да ти ја прати порачката, сметај дека може и со пратката стигната во Мк недела дена да чекаш од пошта да ти стигне картончето - да станува збор за мене, најискрено, не знам дали би порачала Можно е да стигне на време, но големи се шансите и да не стигне.
^ Со опцијата E-banking која мислам дека ја имаат сите банки, може да се проверува состојбата на вашата сметка. Кај некои банки, тоа може да се направи самостојно, лично и онлајн си правиш корисничко име и лозинка, додека пак кај некои банки,мора да се отиде до експозитурата и да се поднесе барање за онлајн banking(јас тоа го правев во Про Кредит).
Ќе идеш на страната на соодветната банка од која ја имаш Визата и таму на e-banking и влез, ќе го внесеш корисничкото име и пасвордот кое ти ги пишува на документот кога си ја вадела картичката. Линкот од Стопанска банка е http://www.stb.com.mk/e-banking-page-new.nspx А од Тутунска банка е https://www.nlbklik.com.mk/LoginModule/ ... fault.aspx
Не можеш, али и сметката од банка, немаат врска едно со друго. Али и картичката никако не се поврзани, едноставно при секое плаќање ја внесуваш картичката. Секое плаќање може да биде со различна картичка.