Еве повели moda-i-stil/aliexpress-t20692/2900.html Тука имаш повеќе moda-i-stil/onlajn-proizvodi-iskustva-i-kritiki-t20081/280.html
Прати линкот од селерот. Инаку, штом имаш доказ дека не работи, сакале нејќеле, ќе ти ги вратат парите. И не само тоа, штом не работи, барај фул рифунд, часовник е тоа, не е украс, го купуваш за да работи! А тоа, ти да им го праќаш назад е чиста небулоза, ќе се изнададеш пари за поштарина. Си налетала на безобразен селер, сега сака да те смота и да те натера да се откажеш од диспјутот.
Требало и ти да се направиш безобразна и да речеш дека не ти стигнал и готово и да си ги бараш парите или нов часовник да ти пратат , тие ти го испратиле таков расипан и сега наудрени се прават
Онлајн производи (искуства и критики) Ќе ве замолам некој што има искуство ако може да ми објасни како оди процедурата за онлајн купување конкретно преку Алиекспрес затоа што немам до сега купувано, па не знам како може да нарачам.. Фала ви многу. Може и во ЛП да ми пишете.
Ние си ја направивме и втората нарачка на старки. Ќе ставам доле линк, ако некоја планира да нарача во скоро време. Минатиот пар ми беа околу 3$ поефтини, ама цената не ми прави толку разлика. Во однос на квалитетот се знае дека не можат да бидат како оригиналот кои ми издржувале со години, најстарите ми се можеби и нешто повеќе од 6 години и уште немаат мака, а овие белите кои ги нарачав од тука по неколку месеци почнаа да напукнуваат од страна, ама не е ништо што добар кондураџија не може да го среди. Сепак разликата во цената ми е огромна и не ми се даваат 50 евра само за патики. Сигурно и овие ќе ги м'кнам со години, кога се работи за обувки или облека многу знам да ги зачувам парчињата, па колку сака нека се неквалитетни, тоа е веќе лична способност со која си се гордеам потајно. Овој пат нарачав ниски тегет, уште такви ми фалеа. Спојлер http://www.aliexpress.com/item/free...-leisure-canvas-shoes-sneaker/1730440997.html
^Која боја ја нарача? Сакам и јас да си нарачам ама ми е страв да не ми дојдат никакви, никогаш да не ги облечам Моите од 50 евра оргинални веднаш испукаа по 1 година и тоа не ги носев редовно, не знам твоиве како издржале 6 години .
Не знам ниту јас, ама си ги пазам како очите. Нарачав тегет овој пат, претходните ми беа бели и кога ги споредив со другите што ги имам купенo од продавници на Конверс, не приметив ниту разлика во ѓонот, ниту во бојата или знакчето назад. Ми стигнаа уредно спакувани во Конверс кутија како што ги даваат од продавниците. Едноставно исти се, со можеби малку послаб квалитет, ама сепак и те како се исплаќат за сумата. Па и кога ќе ми текне што сѐ не претрпеа овие претходните старки од Али, се прашувам како не рикнаа уште првиот месец.
Пред околку 3 недели си порачав наочари од алиекспрес, ми пишува дека he seller has shipped your order а кога ги лоцирам да видам до каде си не ми ги лоцират пишуват origin china. Тргнати се наочариве воопшто,што им се дешават? Инаку ве молам не ми се смеете, прв пат правам порачка затоа сум ваква збунета Ќе може да ми кажете што се случуват со моите наочари?
^Селерот ги има испорачано и сигурно се тргнати штом има три недели поминато од тогаш, и јас имав исто наочари порачано пред некој месец и неможев да ги следам го прашав селерот зошто, ми одговори еве ова, . Значи има некое си ново правило за бројчето за следење, најверојатно и кај тебе е исто, но сепак ми стигнаа, е сега за да си посигурна и да не му ја мислиш дали ќе стигнат или не исконтактирај го селерот и ти. Но, јас мислам дека ќе ги добиеш за скоро
Се мислам дали да порачам перика зошто косава ми е метла. Може и да ми се допадне друга боја и должина.
за порачување незнам ама да носиш перика не ти препорачувам се познава што е перика што е природна коса, пдобро земи купи си некои масла, капки и сл работи за коса и полека оправи ја
Сакам да си порачам еден фустан ,ама ми е страв за големината.Сите облеки ми се S ,дали ќе биде грешка и него да го порачам S , или поголема величина .
Ако има мерки измери се , ама јас еве носам М ама секогаш порачувам L , кинескињите се помалечки од нас , секогаш вака порачувам и никогаш досега не сум згрешила
Тоа зависи од мерките на фустанот.Измери се и според тоа види која големина ќе ти одговара,само нека има неколку сантиметри плус,за секој случај.