Од алое вера може сами да си направиме лек, природно и поздраво. Ние дома десетина години го правиме и сме задоволни, исто и гелот од алое го имаме пробано, но колку и да се фали за нешто дека е природно, додека самите не замешаме прсти џабе е .
http://aloeveramk.ga/ Овде можете да прочитате за производите од Алое Вера. Инаку не се препорачува во домашни услови да се прави гелот за пиење бидејќи во листот на алоето има една состоја (не ми текнува) која прави проблеми на желудникот, дијареа (не е нешто мн штетно но не е препорачливо)
Имате дома од растението? Кај може да се најде за да се засади? Сакам да го одгледувам дома. Кај што поминувам секојден за на работа гледам едно големо алое ( најверојатно е тоа) така ми рече и една пријателка. Се мислам да влезам да прашам да ми даде коренче да засадам.
Доколку сакате да консумирате Алое вера производи, произведени и дистрибуирани од американската фирма Форевер Ливинг продактс, обратете ми се на 078 448 178. Имаме докажани позитивни резултати од разни заболувања. Вложете во Вашето здравје, користете ги нашите производи!
Дали некој го користел овој Сладок Пелин (Artemisia annua) што го рекламираат за имунитет. Бил анти-канцер, анти-агинг, за имунитет, за женски тегоби а го имало по здрава храна продавнициве. Го пробал ли некој?
Zdravo Devojki, dali moze nekoj da mi kaze kade mozam da najdam Imune MC kaj nas vo Skopje , eve i na slika blagodaram odnapred
Правете ли пауза во пиењето?јас испив едно шише и сега не знам дали пак да си зремам или треба да се паузира?
здраво девојки. Пиењето на алое вера гел од форевер може да се пие колку сакаш и до кога сакаш,значи може после да се продолжи а и не мора.Проблемот е што лиѓето почнуваат да го пијат кога се болни или имаат некои проблеми а тој е наменет и за здрави луѓе кои сакаат да си истанаат здрави. Подобро превенција отколку доктори. Јас сум вчудовидена од тој гел мајка ми исчисти хпв со комбинација на гел и едни таблетки исто од форевер, јас пијам поместен сокчето за енергија и имунитет. Како голем обожавател на кафе,значи прво станување јас кафе пиев сега е заменето со поместен и немам никаков проблем можам комотно цел ден да сум активна. Поради се тоа мајка ми стана дел од тимот на Форевер така да доколку некој сака нешто да нарача може слободно да пише. Поздрав
Ако сака некој да користи алое вера,би му го препорачала ова.Кој е заинтересиран нека ми пише. Гелот на Алое Вера од БИОНАТУРАЛ е единствен препарат со толку висока концентрација на алое во нашата земја (99,5% концентриран гел), збогатен со Ресваратрол - антиоксиданс, добиен како екстракт од грозје (90% е алое а 9% е Ресвератролот; во минималната дневна доза од околу 30мл се внесуваат над 2500мг на ресвератрол што е извонредна концентрација! Првенствено гелот од алое вера е додаток на исхраната којсе препорачува за 3 примарни работи: за подобрување на работата односно кај заболувања на дигестивниот систем, за подобрување на имунитетот (пред се при заболувања на дишните органи и алергиски реакции) и за општо подобрување на метаболизмот и енергијата (подршка за детоксикацијата, како на клеточно ниво и на црниот дроб, регулација на мастите и шеќерот). Ресвератролот е тајната на здравјето и долговечноста на Французите и покрај нивната исхрана богата со црвено месо и заситени масти. Статистиката покажува дека Французите имаат најниска стапка на срцеви удари во Европа, а денес истражувањата потврдуваат дека редовниот внес на ресвератрол ги штити крвните садови и ги спречува нивните оштетувања кои доведуваат до покачено ниво на масти и притисок. Ресвератролот е 20 пати посилен антиоксиданс од витаминот Ц, кој докажано помага да се спречат оштетувањата на крвните садови, срцето и мозокот, и да се регулираат мастите (со тоа директно превенира инфаркт и мозочен удар). Ресвератролот помага во уништување и спречување на размножувањето и на клетките на ракот. Дополнително, најновите истражувања покажуваат дека ресвератролот е состојка која ги спречува оштетувањата на молекулата на ДНК и придонесува за виталноста и долговечноста на организмот. Погоден е за дијабетичари.Може да го користат и деца од над три годишна возраст.
Алое вера мене лично ми помогна во решавање на хеликобактер пилори, бактерија која живее во желудникот, во кисела средина, и прави проблеми на здравјето. Прво, кога ми кажаа дека ја имам, испив многу антибиотици и киселините во желудникот исчезнаа, но по кратко време, пак почнав да чувствувам мачнини и купив алое, прво од ESI од аптека, а потоа од форевер ливинг продуктс. Малку е скапо но има голем ефект. Сега го пијам повремено, со паузи.https://www.facebook.com/groups/208076883813672/permalink/317615236193169/
има ли некој да сподели искуство со алое вера од натура терапи ? дали се добри гледам има акции цело време ( 2+1) или пак forever ?
Сакам да земам некој напиток од алое вера. Кажуваат дека многу бил корисен за хидратација на организмот и спречува дехидратација. Како што имам константно низок притисок потребно ми е нешто што ќе ми го одржува нивото на хидрарација. Повремено пијам и електролити по препорака на матичен бидејќи покрај рехидратација дејствуваат и против главоболки. Е сега прашањето ми е кој производ со алое вера е добар? Имам забележано во стокомак дека има некои лименки ама не знам колку вредат
Зедов Алое вера гел од Форевер, само многу гаден ми е на вкус. Не знам дали е таков или овој е нешто расипан.