Океј се состојките направена е за сува кожа . Е сега малце проблемот е што има премногу масла буквално што нема потреба ама во ред. Не е најчист производ но додека немаш сензитивна кожа или некоја проблематика немаш проблем да ја пробаш. Би ти рекла стави малце на вратот преспиј ( навечер да ја ставиш ) и ако веднаш не видиш иритација пецкање и сабајлето некаква реакција ќе можеш. Но ова е ако немаш сензитивна кожа или проблематика бидејќи на таква кожа овие масла без потребни што се премногу внатре ќе направат проблем .
@Bella__ ќе може ли да ти пратам во лп детергент за бебе да ми кажеш дали е ок? Или ако има некоја тема таму да пратам?
@Biodevojka на нејзиниот блог / страница може да побараш или нејзе да ја прашаш она повеќе има искуство во тие работи . Јас само за лице и тело се разбирам за сега извини.
Ве молам тука да ја продолжите дискусијата околу детергенти за бебиња/деца: https://forum.femina.mk/threads/Детергент-и-перење-на-бебешките-алишта.6770/page-84#post-6295664 Зашто оваа тема сепак не е наменета за тоа. Благодарам на разбирањето.
Денешниот шопинг во ДМ, дел од производите ми се веќе испробани, дел допрва ќе ги пробам и се надевам нема да згрешам. @Biodevojka дали алверде се добри за користење или да барам нов бренд.
Ако ја има некој користено кремава, дали му се има случено да му се прават партали на лицето од неа? Јас мислам дека претерувам со количински ставање, ама сум пробала и помалку да ставам, и пак се прават малку. А криво ми е зошто ептен ми е меко и ми сјае лицето од неа:
И јас ја имам користено и рецензирано, немав таков проблем. Убава е како производ. Можеби ставаш многу голема количина.
Може да ми прикачиш линкче од рецензијата (и за некои слични продукти од Алверде ако имаш направено рецензии, пример што содржат хијалуронска киселина, Q10, поконкретно за крем за очи ме интересира, ама и за нешто друго да имаш направено супер би било). Пробав да најдам кај тебе на блогот за кремава конкретно, ама не видов ништо.
Знаеш дека не успеав ни јас да ја најдам. Можеби ја немам објавено а знам дека го тестирав производот сигурна сум. За производи ко содржат Q10 имам рецензи од: 1. Ампули на Алверде со Q10 http://biodevojka.blogspot.com/2017/10/alverde_31.html 2. Оваа колекција од маслинка феноменална за сува кожа (не е со Q10) http://biodevojka.blogspot.com/2018/09/alverde.html 3. Ако сакаш роизвод со Q10 и хијалуронска овие се многу добри само не се на Алверде, туку на Лавера
Како сте задоволни од производите за нега на лице? Од пудрите течни и од таа во прав ме интересира? За 35 год масна кожа, препорачајте нешто. @Biodevojka @anggell @maaraa96 @Ginger^ и др
Јас пред неколку години пробав од нивните пудри, мене воопшто не ми легнаа убаво на лице, во прав тогаш таа што ја имаше добра беше. Сега за нега на лице, од алверде користам Хијалурон серум и задоволна сум За 35 години имаат една колекција мислам, баш и така си е назначена
@maaraa96 оваа пудра ја имаш користено? Да ти кажам завчера ја гледав се ќе ја купам и никако , а тооолку мерак имам да си најдам пудра по добар состав. Да те прашам маслото од линијата со авокадо за коса да не си го пробала? Ова е @mermaid8989 Јас задоволна сум од Алверде, пената со јаболко ја користи ќерка ми , некогаш и јас и мн ја сакам, мирисот е перфектен. Шампоните сите ми се допаѓале што сум ги користела, маската со авокадо е мн убава... Кремите за лице таа со хијалуронската е топ, баш би сакала и јас некогаш да пробам од линијата за 30+
Од мене имаш препорака за пудрава, ја купив скоро по втор пат. Не е мат, но дава свеж и природен изглед на лицето и има многу голема покривна моќ. Ја сетирам со камена исто од алверде и супер издржува цел ден. Ако ја купиш пиши како ќе бидеш задоволна
Не, во тубичка беше, уште пред корона многуу е одамна затоа не ми ни текнува веќе, ама како паштета ми го правеше лицето А јас немам проблематично лице ама ефектот беше Маслото го немам пробано, ама имам читано и го фалат. Масла слабо ставам на косата затоа што ми е слаба и брзо се мрси, земав едно како крема Winter Balea и баш убава и мека ја прави
Јас само ја имам користено пудрата во прав пред некоја година и бев задоволна од неа, а не беше нешто скапа. За течните немам искуство.