По направен пап тест стигнаа резултатите и имам ,,gardnerela vaginalis” и кокаидни бактерии но имам ASCUS или како што кажа докторката непожелни клетки кои можело и ради наведените горе две да е и ми преписа 12 вагиналети ,,Meliora” Ве молам за совет јас се тотално се изгубив после резултатот
Те разбирам како се чувствуваш. И кај мене следеше шок после резултат ASCUS на ПАП. Кај мене причината беше ХПВ вирус. Бидејќи имаш бактериска вагиноза голема е веројатноста таа да е причинителот за ASCUS. Мој совет е после терапијата да си направиш контролен микробиолошки брис за да знаеш дека бакатеријата е успешно излечена. А од 4 до 6 месеци да направиш уште еден ПАП, па според добиените резултати ќе видите со матичната што понатака. И секако смирено и без нервози
Проблемот е што сабајле заминав од Мк и се вракам за нова година после добивање ке почнам со вагиналети и незнам немој да е несто лошо па да е касно после или?
За бактеријата докторката веќе ти дала терапија. Но, ти препорачувам да користиш и некој пробиотик, капсули или вагиналети на база на млечна киселина за обновување и одржување на вагиналната флора и нормалната pH вредност на вагината (Lactogyn, Vagisan или сл.) што е многу важно во борбата против инфекциите. За Нова година кога ќе дојдеш ќе си направиш контролни брисеви. За ПАП-от, сигурно и на самиот резултат на крајот стои белешка контрола од 4-6 месеци. Да е нешто страшно и самата докторка ќе ти каже. Нема да те остави туку така.
Докторката ми рече да направам тука брисеви за да не било после доцна ако имало нешто но ми каажа дека можело да е и од бактериите тоа а за преглед тука не сум во можност да дадам толкава сума на пари Ти благодарам
Жолтиот исцедок е заради бактеријата. ASCUS на ПАП се детектира, исто како и ЦИН1,2,3. Симптоми нема никакви, затоа се важни редовните гинеколошки прегледи. ПАП задолжително еднаш годишно. ПАП тестот овозможува откривање на преканцерозните лезии кои лесно можат да се отстранат, пред да прогресираат во најстрашната форма, рак. За се што навреме се детектира, може и навреме да се реагира.
По направен пап тест добив резултат Аскус со препорака ХПВ типизација, колпоскопија и пап тест по 6 месеци. На преглед кај специјалист на ехо се покажа дека има инфекција и дека покрај типизација, колпоскопија да се направи и биопсија. На моето прашање дали е толку лошо штом се препорачува и биопсија, одговорот беше дека не мора да значи но ние да бидеме на чисто, ќе ги направиме сите потребни испитувања. Овој комплетен преглед е закажан за 2 недели ама до тогаш незнам како ке се издржи, психата ми работи. Затоа Ве прашувам сега дали некоја од вас имала слично искуство? Да ме посоветува нешто, секој совет и коментар е добредојден. Благодарам.
Zdravo Biljana. Kako pomina na biopsija I koj bese rezultatot? I jas imav Ascus na dva posledovatelni pap test I pravev biopsija. MN mi e strav od rezultatite I 300 filmovi si napraviv vo glava, psihata me ubiva a rezultati tek za 3-4 nedeli