Attention whore - блиска другарка

Дискусија во 'Врски' започната од RumD, 22 август 2013.

  1. RumD

    RumD Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки.

    Би сакала да чујам ваши размислувања за ваквите attention whore девојки кои се болни по внимание. Значи само тие заводливо се смешкаат на секоја кажана реченица од мажите, тие постојано зборуваат и се истакнуваат. Патат по тоа сите да ги сакаат.
    Како би постапиле кога ваша другарка е таква? Што доколку постојано на вашиот дечко му се пушта и го допира божемски ненамерно?
    Како најефективно би и го покажале местото и да и кажете да не се меша каде што не смее?
    Дали мислите дека мажите се привлечени од ваквите типови на девојка и паѓаат на нив?
     
  2. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Ако имаш таква другарка тогаш дефинитивно те разбирам како ти е.
    И јас имам таква другарка која се труди да ги привлече сите мои додворувачи. Ни ако пробува да го привлече и твојот дечко тогаш не смееш да седиш со скрстени раце и да не правиш ништо. Со тако став работите никогаш не би се поправиле. Не можеш да очекуваш таа туку така да престане ако не и покажеш дека ти пречи нејзиниот однос.
    Едноставно кажи и дирекно. Немој на шега зошто така би прекинала само на некое време и пак би почнала.
    Кажи и строго и одлучно сепак внимавај да не ја навредиш. Не и спомнувај дека таа тоа го прави со секого и дека пати за внимание. Одкако ќе и кажеш дека ти пречи таа на тоа веројатно ќе реагира бурно но не оставај ја да те поколеба. И немој ни случајно да чуствуваш вина заради тоа зошто ако се чуствуваш виновна тоа ќе те натера да и се извиниш а ако и се извиниш таа само ќе собере повеќе сили.
    После разговот однесувај се како да не било ништо биди повторно пријатна и пријателски расположена кон неа.
    Сепак најдобро ќе биде пред разговорот со неа прво да зборуваш со дечко ти и искено да му кажиш од што се плашиш но внимавај со него немој да бидеш престрога само биди искрена и кажи му искрено како се чуствуваш. Ако тој вистински те сака ќе те увери дека нема потреба да се плашиш.
     
    На redhat му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RumD

    RumD Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Но некои мои другарки ја оправдуваат девојкава. Дури и кажуваат дека добро е така да се однесуваме ние женските. Нели ко у стил секоја да се бори за тоа што сака да го добие. И дека треба пред сите да сме такви "резервирани" заводнички. Постојано да кокетираме со машките. Дали според вас така треба да се однесуваме ние женските? Сега не зборувам нападно да флертуваме со машките. Само прашувам дали мислите дека жената треба да се труди секогаш да даде и направи со од себе за да му се допадне на секое машко. Мислите дека со тоа ќе успее повеќе во животот?
     
  4. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    абе ок е да флертуваш и све тоа али не со зафатени момци посебно не со момци на другарка ти!! Браво за темава да ти кажам јас имам таква другарка т.е имав фала богу расчистив со неа. Она си има дечко а се однесува вака ко шо наведе погоре ти , флертува нападна е и сака да биде во центар на внимание на сите момци. Да бидам искрена не ми сметаше се додека не го направи тоа со мојот дечко сега веќе бивши.Постојано случајно го допираше му се смешкаше и му пишуваше и пораки,..ужас не сакам ни да се сетам .... А и да не мислам дека премногу треба да кокетираме и да се трудиме и дека со тоа ке усспееме повеќе. Вистинската дама знае кои се границите на флертот и кое однесување ке ја донесе до успех. Милам дека ако премногу се трудиш нема да ти донесе поголем резултат отколку кога си своја и природна :) :) ;)
     
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    До пред некое време имав и јас една другарка од овој тип, но за моја среќа, а нејзина несреќа, не дружиме повеќе. Среќа што навреме ми се отворија очите и сфатив всушност каква девојка е.

    Со овој проблем се обидував да се справам подолго од 1 година, го до пред некое време го најдов решението. Буквално на сите мои симпатии им се пушташе, се обидуваше да го привлече нивното внимание. Се наоѓаше на места на кои одат тие, места кои таа неможе да ги смисли, секогаш облечена во нешто 10 центиметри над газот, со деколте на мегдан и уста полна лаги.

    Имав еде мувач пред некое време, луѓе верувале или не, си пишувала со него цело време додека сме се гледале. Не ми беше мене ништо страшно, не беше ништо озбилно, но таа истата која ми даваше совети за него, му зборувала против него. Секој пат кога ќе застаневме со него, се тогаш и паѓа нешто, се тогаш нешто има во косата, се тогаш наоѓа да му каже колку убаво ми стои облеката.

    Девојката, која ми беше блиска другарка, имаше една маана. Не знаеше да прифати приговор и критика. Па еден ден, отворено ја прашав дали сака нешто да има со него, зашто јас со задоволство би и го препуштила, притоа надодавајќи ги сите работи кои ме нервираат кај неа, вклучувајќи дека неможе да седи сама 1 ден и дека се претвора во нешто што јас највеќе го мразам. А и дека е болна по внимание. И така, не живееме сега воопшто. Јас сум супер, мило ми е што ја немам веќе во кругот на блиски пријатели.
     
  6. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    исто исто среќа веќе не се дружиме нека му ја мисли дечко и сеа шо е таква слободноумна цура :D
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.302
    Пол:
    Женски
    И јас имав ваков примерок до себе и се беше тоа океј, мислам делот со флертот, желбата за цело внимание да и биде наклонето неа, ама случајно еднаш бев кај дечко ми и му отворив во пораки, кога гледам нејзиното име.
    Отварам, читам, милион пати проверив да не сум и го помешала името, презимето со некоја друга.
    Сто работи му изнаредила против мене, па уште и му кажува работи кои јас и ги кажав во доверба. Мислам, не дека немаше да му ги кажам самата истите, ама уште бевме некаде на почетокот и додека се стекне доволно доверба, додека скроз да се опуштиме.. едноставно чекав погоден момент.

    Таа се расфрлала со мојата интима таму некаде низ виртуелниот свет, па уште и се осмелила на мојот дечко да му кажува како едвај чекаат да излезат, па тука договарања за во диско, му вика дека и неа ја привлекувале бејби фејсес кај момци (да беше за избор на најбејби фејс, дечко ми ќе добиеше златна папуча како главна награда) и муабетот не беше другарски. Впрочем, на моменти курвински и ептен нападно.

    Додека беше со други момци воопшто не ме тангираше тоа, ама кога некој ќе ти чепне блиско, не е баш сеедно. Далеку од сеедно. Па уште и кога ќе се видеа, реакција како и да и фалел. Гушкања, церемонии.

    И морав да преречам, цревава ми се превртуваа пред секоја нивна средба зошто знаев што следи. Не дека бев љубоморна, искрено шанса немаше, ама веќе почувствував опасност поради тоа што добро си го знаеше „занаетот“ ако може така да кажам. Ја гледав како се однесува со бившите, со потенцијалните, применуваше исти тактики и кај мојов дечко.
    Ја седнав, додуша низ шала низ смеа и и плеснав. Таков тип на човек сум, не сакам да се карам директно, туку низ заебанција објаснувам (ова со поблиски личности). И ме знае каква сум, па ми ја сфати пораката и више не и текна да се поздрави модерно што би рекла јас (во образ :D и гушкање ко да е крај на свет и да се збогува) туку од страна само ќе си даде рака или ќе рече здраво.

    Инаку веќе воопшто не се дружиме (различни гледишта на животот) и некако полесно ми е откако ја нема. Многу работи ми станаа појасни, фала и.
     
  8. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Среќа немам такви другарки :D
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Страшно нешто, мислам дека јас во таква некоја ситуација ни до 5 не би броела, би расчистила моментално со неа. Да трошам зборови да ѝ објаснувам на празноглава кучка желна за внимание по секоја цена? Не не, само ќе ѝ ги наведам причините, вака и вака и поради тоа и тоа, од денес нема веќе место за тебе во мојот живот. Ама во вакви случаи не се ни дечковците скроз невини бе, како може таа него да му пишува, а тој да не ми каже мене за тоа? Јас му кажувам и најдругарски да ми пише некој негов другар, впрочем и не си земам за право да се допишувам со негови другари, ако ми пишат тие први од култура враќам, инаку не се чувствувам пријатно, ете до тој степен сум совесна.

    А конкретно за RumD, јас мислам дека твојот проблем е што си несигурна во себе и се прашуваш да не таквото однесување повеќе пали кај машките, па затоа и го бараш овој совет. Според мене. Во право сум? :)
     
  10. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Среќа тие што ја немаат ,измачување за тие што ја имаат.Имам една.Иако е на почеток од нејзината 'кариера' се приметува кој пат го одбрала.Пред да се одлучи за нејзината професија бевме многу блиски ,цело детство го поминавме заедно ,но со пубертет почна да се променува.Сега го прекинав контактот, затоа што приметив дека не е нешто за мене а и не би можела да истрпам такви работи покрај мене . Контакт имаме само на лето (за среќа)
     
  11. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    Имав две такви, само што едната беше женска "од акција", а едната само се дереше буквално за да ја приметат :D инаку тоа само за откачување! Нема аир од таквите "другарки", не ти требаат. Па и на дечко ти да му се пушта пред тебе...таа ти е далеку од другарка и не се сеќирај како да и кажеш, ако таа нема срам такво нешто да прави, тебе воопшто не треба да ти е непријатно да и кажеш.