Имам огромен проблем. Секој пат, кога и да каснам тост или чипс трпам психичко малтретирање од мајка ми. Само ме навредува, ми вели дека сум дебела, крава, кит итн... Јас имам здрава тежина, јадам 3 пати дневно (165 cm со 60 кg) a она има прекумерна тежина и ми изгледа како да ме користи за да си лечи комплекси. Имам само 17 години и да бе полнолетна со свое место и те како ќе избегав, но не можам. Со денови поминувам плачејќи. Добро е што знам дека ова е нејзин проблем- а не мој. Таа е таа што цело време збори за килажата, само се мери, пробува алишта, а мене ич не ми е гајле. Ми вели епа ти само спомнуваш, а само 3 пати дали сум рекла „лелее сум се здебелила малце“... Како да ужива во ова, смачено ми е да ја слушам.
Еве ќе ти споделам мое искуство. Исто бев и јас на твоја возрсаст, а и кога бев помала. Мајка ми беше згодна како манекенка, како воопшто да нема родено. А имаше родено 2 деца. Јас сум висока 170 а имав 72-3 килограми. Бев полничка. Исто се однесуваше со мене. Ми велеше дека нема да ми купува облека бидејќи не заслужувам. Ме тераше да се мерам секој ден, ме караше, ме нарекуваше мечка. Ме имаше однесено во прекрасни продавници и добро знаеше дека ништо нема да ми стои убаво. Намерно ме носеше за да видам самата и да ми биде тешко. Ме напнуваше многу. Не мора да кажам како се чувствував. Ужасно се чувствував и виновна и грда. Потоа виде дека така не оди, ми рече дека ме остава сама да решам што ќе правам. За секој килограм што ќе го симнам вети дека ќе ми купува по еден фустан. Ослабев 12 килограми, и навистина ми купи еден тон облека. Последните пари ги потроши кога станав 59кг и ми купи 4 прескапи фустани. Откако таа се разболе многу се здебели, дури до 100кг стигна и беше депресивна. За нејзе ништо не сакаше да си купува. И не си купуваше, продолжи мене да ме дотерува.. На крај ми купи и палто од 700 евра. И останав на килажа од 60-62 кг постојано држев се до лани кога останав бремена и покачив повеќе од 20кг. Сега изгледам ужасно. По ужасно од претходно. И да ти кажам тешко е. Тешко е бидејќи неа повеќе ја нема. Нема кој да ми вика, да ме кара, да ме мотивира. Мислам дека ми направи добра услуга. Ти не си со прекумерна тежина, ама пробај да ја разбереш, таа штом има вишок килограми знае колку е тешко и не сака да минуваш низ истото.
Си разговарала со неа околу притисокот што ти го врши? Ако не, можеби и таа самата не е свесна дека претерува. Сепак, не ми се верува дека некој може до волку да е опседнат со изгледот на своето дете; кој, патем, е здрав и нормален.
Моја познајничка ми велеше дека мајка и и ветила патување во странство ако ослабе. Буквално не можам да разберам вакво однесување на мајките, мислам фино е да му укажеш на некој нешто ама да го купуваш со поклони ми е толку ниско. Види какви комплекси ти втурила во глава, да пишуваш дека со 20кг изгледаш ужасно. Не изгледаш така туку така се чувствуваш од тоа што ти е напикано во глава. Ќе ослабеш кога ти ќе сакаш и ќе сметаш дека тоа ти користи, нема потреба некој да ве купува и уценува, тоа не е мотивација тоа е семејно малтретирање, особено ова на членката @mintyflowers , вербални навреди заради комплекси на мајка и, страшно.
Најдобро е да седнеш и да разговараш со неа. Кажи и како се чувствуваш и прашај ја која е причината зошто ти зборува така. Може се плаши дека ќе станеш како неа, па пробува да го смени тоа, мислејќи ќе те мотивира да држиш линија...
И мене не ми се допаѓа тоа што го направила мајка и на @Fallen.Angel . Тажно е родена мајка да си го условува и навредува детето. Да, прекумерната тежина е проблем и не е убаво на тинејџерски години да се има проблем со тоа. Не е убаво никогаш, ама ко дете е уште полошо. Треба со децата да се разговара и да се мотивираат да се хранат здраво, да бидат здрави а не слаби. Еве мој пример. Ко мала бев голема. Не бев дебела, бев голема затоа што многу рано влегов во пубертет и бев висока и полничка. За висината таман, за годините не. Јадев кога ќе ми текнеше и што ќе ми текнеше. На полноќ во кујна вадев работи од фрижидер, јадев леб многу, ручав 3 пати во денот. Мајка ми ми викаше да се контролирам, ме караше кога ќе видеше дека сум поправена и ме зезаше понекогаш, ама не ме навредувала никогаш. Кога ослабев, нездраво, мајка ми прва беше да ме критикува. И пак, не со навредувачки тон туку со загрижен. И никогаш не и паднало на памет да ми рече ако ослабеш/здебелиш дека ќе ми даде нешто. Како што не ми викала ни за оценки. @mintyflowers килажата и не е толку пресудна. Јас на твоја висина и твоја килажа се осеќав неубаво во телото, не ми стоеја тие килограми. Ако ти сметаш дека си океј, ако сметаш дека здраво се храниш, мајка ти стави ја на игнор и не и се замарај воопшто. Ако сметаш дека не изгледаш ко што треба и ко што сакаш, преземи нешто ама ради тебе. Не ради мајка ти. Едит: @Fallen.Angel ти си сега мајка. Твоето тело е резултат на тоа патешествие. Не пати по старото тело, најверојатно никогаш нема да се врати. Никогаш не покажувај пред твоето дете (поготово ако е ќерка) дека си го мразела своето тело. Или поедноставно, престани да го мразиш.
Ова не е редок пример на токсично однесување на родител. Многу често се случува таквите комплекси и несигурности родителот да ги пренесува на детето. Имаше пред некое време случај како мајка на своето 12 годишно дете му давала 700 калории дневно за да не се здебели како неа. Тоа е малтретирање, без разлика од каде доаѓа. Од мое лично искуство ќе ти кажам дека иако мајка ми никогаш не ми ригорозно забранувала да јадам и не ме уценувала со штознам што, дефинитивно постоеја зборови кои длабоко ми влегоа под кожа. Бев навредувана како мала од врсници, ама мислам дека несигурностите што ги задржав беа поради мајка ми. Повеќе болат зборови од некој од кого не очекуваш такви работи и кого сакаш. И без разлика на која возраст, имаат влијание тие зборови врз тебе. Нивната намера не е битна, треба родителите да си разрешат сами со себе во врска со своите несигурности пред да воспитуваат дете по нивна мера. Не заслужува ниедно дете да слуша такви работи, а веќе не е нормално мајка да уценува, подлажува дете за да ослабе. Единствено што можам да ти кажам е да збориш со неа и да и дадеш до знаење колку тоа те нервира и боли. Друго освен да се потрудиш да не ги ставаш нејзините зборови при срце нема. Запомни дека се што збори е ради нејзини несигурности и не е ретко родител да ги истите манифестира врз дете. Остани психички силна.
Некој друг совет освен разговор не би можела да ти дадам. Зборувај и кажи ѝ дека те повредува, а воедно доколку станува збор за загриженост поради висок холестерол или нешто слично (бидејќи гледам дека си споменала тостови и чипс), тогаш и тоа има начин да го адресира до тебе без да ти ја руши самодовербата. Можела да ти предложи заедно да направите некој нов рецепт за здрави грицки или пак заедно да се обидете да внесувате помалку заситени масти. На тој начин и тебе ќе те упати на поздрав начин на исхрана, а и себеси ќе си помогнела за проблемот со килограми кој го има. Но ова нејзиново не е начин. Ако ништо не се постигне со разговорот, тогаш имај го ова на ум: Додека ти се чувствуваш убаво во тоа тело, никој друг не е битен. Не се важни килограмите, се' додека ти се чувствуваш удобно со истите. Ако продолжи да зборува, само игнорирај.
Мојава на секој мој збор “Дебела сум” викаше “ааа како да не,ти си висока супер си”. А татко ми “супер си само да се стегнеш малку”.
Девојчиња, најтешко за мајка е на дете да вика: доста јадеш, помалку јади, јади поздраво..и слично.. Понекогаш е тешко за дете нејадач, па се молиш да јаде да трчаш по него....ама да му викаш помалку да јде е тоа е казна за мајката...верувајте!!!
Па тешко е како мајка..секогаш е мајката виновна ако детето нема здрави навики во јадењето, или јас така си го препишувам на себе. Секој ден готвам, секој ден има ручек топол...се беше ОК (зборувам за синот кој има 13 години и има вишок кг) додека одеше на спорт повеќепати неделно...но се откажа од такевондодто остана само на кошарката..и сега јаде дома што ќе стигне, навечер посебно...Го однесов на нутриционист, намали почна да јаде она што треба , ама со ова карантонов пак на благо се сврти. И не купувам глупости по дома чипсови, смоки, сам си купува неможам да не му дадам 20 ден или 50 кога ќе ми побара за на кошарка..он ми е најубав на свет, јас не му го трубам секој ден, ама му велам, вечерај во 20 доста е, еве бадемчиња после касни..не секогаш ме послушува, а му се јаде, многу му се јаде..
Не е убаво да му забрануваш на детото, ќе почне скришно да јаде навечер и полошо ќе биде. Не знам за колку вишок килограми станува збор ама и детето има само 13, телото ќе му се менува, а и за година-две сам ќе си сфати дека сака здраво да се храни и да има здрава тежина. Сепак, не е се во изгледот, ако детето си се сака и е среќно тогаш е во ред. Нормално дека е различен случајот доколку има здравствени проблеми.
@Fallen.Angel ова ме потсети на мојот случај, само што јас имав 40 кг. и моите ми рекоа ако се здебелиш пари ќе ти дадеме им реков не сакам пари, за себе сакам да се поправам мислев дека се зезаат ама се поправив 10кг. и ми дадоа стварно за да сум си купела облека и поубаво ќе ми стоело се. Иначе имав јас една другарка мајка и постојано и викаше дека е дебела и пуна со целулит. Многу погрешно според мене, наместо да направите детето несигурно да ви се осеќа седнете и разговарајте зашто е подобро да премине на здрава исхрана. @mintyflowers таман си според бројкиве, зборувај со мајка ти да прекине да те форсира и кажи и тоа што ти го збори тебе да го примени на себе.
Па океј во твојот пример е друга ситуација, ама според тоа што девојката го напишала она е жртвата и не може глава да крене, мајката ама ич не е за жалење.Сѐ си има граници, не може на дете да му се пренесуваат сопствените комплекси, како таа што прави, понатаму на ќерката години ќе ѝ требаат да изгради самодоверба.Зашто точно така, родителите најмногу поставуваат здрави навики и пример, секојдневно понижување никому не му донело нешто добро.
Да да во право си...јас сум за безусловна љубов на мајките кон децата. Незнам зошто се лоши мајките со сопствените деца, треба да се укаже на дете, еве јас навистина со сета сила се трудам син ми да знае сам да си постави контрола на јадењето, ама цело време да му викам доста каков си не јади, неможам д аму речам. Иако понекогаш кога ќе ме праша може една крем банана да каснам? а веќе изел нешто благо му викам ај почекај малку па после(ова пример ако има крембанани дома)..и исто така советот од нутриционистаката беше, може ќе ви служи на сите, не купувајте за дома сувоменсато и грицки ќе видите сите помалку ќе грицкате непотребно. Навистина е така...само со добар збор може да се реши се. А еве @mintyflowers посочи и на мајкаати дека греши, знаеш ние мајките понекогаш не ги гледаме работите онака како штѕо се има еден куп работа и мисли, поразговарајте. Мене да ми каже мое дете дека јас го повредувам па ќе се изедам ако е навистина така...со разговор се се решава. Па на крајот на краиштата и не сме сите сити, зошто па и мора да сме ептен слаби? од каде тоа? важно детето/девојката/ќерката да е здрава, задоволна од себе, убаво да се чуствува...
Детето е во период на раст и развој, нормално е да му се јаде, не е во ред да му го скратуваш јадењето долку му се јаде, плус е физички активен тренира кошарка со што троши повеќе енергија а со тоа и внесот на храна треба да е соодветен на калориите кои ги троши. Долку нема прекумерна тежина, нема потреба да го оптеретуваш детето со исхраната, а и да има со текот на времето ќе смени.
Следен пат одговори и, ајде ти ослаби, да видам што е идеална тежина, да имам на кого да се огледам. Вака, магарето му рекло на зајакот имаш големи уши. Имаш одлична тежина за таа висина и сигурно супер изгледаш. И мене ми мрчат за мојата тежина, а веќе не живеам со нив. Јас се здебелив од антидепресиви и покрај тоа што им објаснив дека не јадам чипсови и торти, они пак истото, не разбираат едноставно. Ако ти каже кит, крава,мечка, кажи и каква мајка таква ќерка. Ако можат они да вреѓаат, може и ние нив. Толку се плитки и прости, што со такви размислувања можат да предизвикаат анорексија и булимија кај децата.
Мислам дека најдобро е да не и возвраќа ништо на мајка и, очигледно е дека мајкта на @mintyflowers е вербален насилник, со таквите нема разбирање. Најдобро е да ја игнорира или да ја просветли да се обрати на психолог и на нутриционист ако мајка и навистина има проблем со вишок килажа.
@mintyflowers како што те советуваа членките погоре, разговор со мајка ти е најдобра опција, но сепак знае да се случи родителот во тој разговор да се прикаже како жртвата. Доколку не се реши со разговор, игнорирај ги тие зборови кога ќе ти ги каже и иако е премногу тешко, потруди се што помалку тие да допрат до тебе и да не те растажуваат. Без разлика колку килограми и да имаш, сè додека тоа е здраво и сè додека си го сакаш телото и имаш самодоверба, не се замарај што другите околу мислат за тебе. Кога и да правиш промена, прави ја лично само за тебе, за ти да се чувствуваш подобро и поубаво.