1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Bodyshaming

Дискусија во 'Психологија' започната од mintyflowers, 18 август 2020.

  1. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Треба да се јаде се. И мене ме нервира κога неκој е пребирлив. А и јас сум таκва, понеκогаш...κога неκој има вишоκ κилограми и е советуван од леκар деκа треба се стави на диета и да не јаде толκу многу, треба да се слушаат препораκите од леκарот. И κога се вели на неκој да не јаде од неκаκов вид храна, значи да не јаде од тој вид на храна, за κоја што леκарот утврдил деκа дебелее. Дебелината не е здрава за организамот...!
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.132
    Знаеме де.. Ама не е лесно да се симнат килограми за еден ден, па и плус некој психички да те малтретира оти имаш вишок килограми. Сите сакаме да бидеме фит.
    И многу си грешка, не треба да се јаде се, туку треба да се јаде здрава храна (не мислам овде само на зеленчук и овошје).
    Еве јас имам проблем со накачување на килограми, и? Моите ме замараат дека сум многу слаба, ама јас си се сакам ваква и не гледам потреба зошто би качила 10 килограми само за да им удоволам на тие околу мене.|(
    Па и кога ќе ми кажат:- дома тебе ти даваат да јадеш? Не бе, моите ми ставија катанец на фрижидерот.:swear:
     
    На Mencia, deskarada, mode-kristina и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Е, што да земам да јадам? Варени јајца?? Или бананκа? Лааап...меκо...:D :D
     
    Последна измена: 22 август 2020
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Ауч и на тебе ти ставија како на мене?:rofl:
    Озбилна сум јас имам мака со гладот доцна навечер, особено стрвен глад за благо и какви и да било јаглехидрати.
    Секој има личен избор и право да изгледа како сака или смета дека треба да изгледа.
    Можеш и да накачиш и намалиш телесна маса на здрав начин прво ако сакаш и имаш извор на точни информации како да го направиш тоа на здрав начин, начин прифатлив на твоето тело.
    Сите не сме од ист калап вадени, затоа си има стручни лица-нутриционисти, доктори кои со индивидуални и стручни совети знаат да ни помогнат во остварувањето на нашите цели, ама само ако ние го сакаме тоа и побараме услуга од нив.
    Навреди за килажата повеќе кажуваат за тој што навредува отколку за личноста на која се адресирани зборовите.
     
    На mode-kristina, RainbowButterfly, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. mintyflowers

    mintyflowers Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво пак од мене, не сум била на форумов неколку дена (општо ни на интернет не седев) за малце детокс. Пробав да разговарам со мајка ми за ова но ништо, само се налути. Немам ниту еден проблем во врска со јадењето и пробувам да си се пазам што повеќе. Сепак еден ден ќе ми дојдат другарки дома (еднаш во којзнае колку време зашо немаме услови дома и проблеми) и тогаш само ќе ја каснам нешто "лошо".
     
    Последна измена: 24 август 2020
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    8.718
    Пол:
    Женски
    Bodyshaming добиваат и слабите, доста почесто од подебелите. Ако под дифолт некоја е слаба значи е анорексична. Сè дури гледаме по тело, ќе се вреѓаме (читај повредуваме) меѓусебно.
     
    На Kimberly11, mintyflowers, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Ретко слушам некој некому да рече: Еј ама си дебел/а. Полесно е да кажеш: Што си вака слаб/а, ко костур.
     
    На mintyflowers, f.girl, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство со такво нешто. Кога бев помала, бев пополничка, не дебела, ама полничка. И мене мајка ми ме нарекуваше свиња, крава, биволица, буре и дека ако некој/а ме нарече со таков 'епитет', во право бил/а. Истото го доживував и во основно.

    Кога ослабев, тогаш почнаа да ми викаат 'будала, слабее', ме нарекуваа дух, болна итн. Не постои никаква причина за некој да биде исмејуван, навредуван, омаловажуван и сл.

    Ако на една личност и' упатите навреда, тоа кажува какви луѓе сте вие, а не личноста на која сте и' ги упатиле зборовите.
     
    На eliesaab, mintyflowers, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Сум слушала коментари и дофрлања за себе, претежно во врска со мојата мала тежина што си ја имам цел живот. Типичните коментари се ,,анорексична'' (иако многу луѓе не се свесни дека анорексијата е психичко пореметување, а не едноставно слабо тело), ,,костур'', ,,неухранета'', ,,болна'', ,,за греота''... Некои оделе дотаму за директно да ме прашаат дали како мала дома ми давале да јадам, дали сум ок со здравјето итн.
    Значи, bodyshaming доживуваме и ние слабичките, а не само тие од другата страна.
    Едно е добронамерен коментар или совет (што повеќето не знаат како да го дадат), а друго е коментар зад кој се гледа дека не стојат добри намери.
     
    На mintyflowers, Stephen Amell, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  10. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Скроз се согласувам и низ истото сум поминала.
    И би сакала да додадам дека и ,,...да ја видеше, послаба од тебе е.'' е подеднакво навредлив коментар како и ,,...подебела од тебе е.''
    Или ''...ти за неа си дебела'' итн.
     
    На deskarada, KateKane, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  11. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се полоши коментарите од најблиските или пак коментарите од луѓе кои првпат ги гледаме.
    Првите наместо да нè поддржуваат, прават да се чувствуваме уште полошо. А, вторите, иако не знаат ништо за нас и нашата состојба, сепак си земаат за право да ја покажат "грижата" за нашето здравје.

    Сум била мета на секакви коментари, откако ослабев дури и ми кажаа дека сум била поубава со неколку кг вишок, да сум ги вратела назад :^) Среќа, одамна сум имуна на вакви совети. Гледам да сум задоволна самата со себе, а останатите нека мислат што сакаат.
     
    На theowndemon, mintyflowers, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Јас на почетокот не реагирав никако, сега се спротиставувам.
    На тоа ми одвраќале и да не се лутам, ,,други тоа ќе го сфателе како комплимент'' :?:
    Некако изгледа како за слабите да е ,,поприфатливо'' да се коментира. Па не е баш така. Како што некои се мачат да ослабат, други се обидуваат да стават некое кило. Значи сосема исто е.
     
    На mintyflowers, Bezimenka90 и deskarada им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.662
    Пол:
    Женски
    Сега пред некое време на другарка што е бремена во бутик и го ебаа цел рајат. Влезе да си проба некоја блуза, таа гуската внатре и рекла не ли се гледаш колкава си, како мислиш да се напикаш во ова? И ми се јави со плачење, јас не знам како може на бремена жена тоа да си дозволиш да го кажеш. Општо на човек, еве не мора да е бремена жена. А врска нема, другаркава има таков убав труднички сјај, блеска едноставно. Преубаво и стои бременоста, мене барем ми е многу убава. И милион пати и го повторив ова, на крај ми рече фала Като, навистина ми направи да ми е малку поубаво.

    Не знам до кога со вакви коментари за тело, навистина не ми е јасно. Па прво и основно убавината е пресубјективна работа, мене некој и да важи за убав човек ако го видам дека е тежок сељак/сељанка одма ми станува неубав. Убавината доаѓа од самата појава и харизма на човекот. И мис на свет да е некој ако не е ок со понашањето џабе.

    Да не дозволувате вакви коментари да ве повредат. Јас гарантирам сите што пишувате на темава дека сте лепотици. Не може вака паметни девојки да не се убави.
     
    На Veta, mintyflowers, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Луѓето премногу си земаат за право да коментираат туѓа тежина.
    Тоа го гледам и тука по темиве "Па Ако И КаЖаМ дЕкА е ДеБеЛа, ТоОоОа Е зА нЕјЗиНоО дОбРоОоО".
    Истото важи и за послаби девојки.
    Mind your own business, no one asked you
     
    На mintyflowers му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    1 ) Во основно бев многу слаба, ме викаа анорексична. Точно е дека бев на раб на анорексија, но ете се изборив некако. Дете, како дете не можам да одречам дека не ми влијаеа мислењата од околината и дека не ми било тешко, единствено поддршка имав од домашните.
    2 ) Во средно, ми се промени цело тело. Тотална промена. Пубертет, хормони си работе, телото се развиваше. Покасно, но се развиваше. Во тие пубертетски години станав непрепознатлива - со вишок килограми.
    Тогаш ми викаа мораш да намалиш со јадење , девојче на твои години не и личи толкава килажа и стомак. Исто така тој период ми беше тежок затоа што се справував со низа негативни коментари, каде пак наоѓав утеха и поддршка кај домашните.
    Сега успеав да најдам баланс помеѓу првата и втората горенаведена точка, но она што сакам да го кажам е дека луѓето секако ќе зборат каков и да си.
    И да, сеуште некој се наоѓа да ми искоментира чат-пат за моето тело, но веќе не ми значи ништо и воопшто не ми влијае.
    Се сакам таква каква што сум.
    Женски поздрав до сите Вас и сакајте се такви какви што сте, со или без вишок килограми. Едни сте :sun:
     
    На CrazyGirl15, eliesaab, Summerbaby и 4 други им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Дебела сум . Не е тоа од сега , од мала бев буцка . Трпев насилство од соучениците секој ден , до таа мера што станав депресивна на само 10 години . Почнав да лажам дома дека сум болна , само за да не одам на училиште . До толку ми беше смачено од сите погрдни зборови што ги слушав . Ниту имав другарки од училиште , ниту оценките ми беа нешто за пофалба . Мајка ми ме носеше на сите можни доктори за да се открие причината , што толку ме боли желудникот , стомакот , главата , коленото ... На крај ме однесе на психолог . Тој и рекол дека сето тоа произлегува од мојата психа . Ми дадоа б6 таблети ( на таа возраст не сакаа да ми даваат антидепресиви ) . Неколку години подоцна , навистина имав здравствен проблем ( хеликобактер пилори ) од кој се иссипав низ целото тело . Со терапијата која ја примав за хеликобактер ( која дополнително ми создаваше проблем со нередовна столица и дебелеење , иако бев на диета ) , јас ослабев 20 кг . Од 90+ дојдов до 72 кг. Тоа ми беше мотивација да продолжам со поздрав начин на живот . Во меѓувреме , го променив класот во основно , и се префрлив во друг , каде ме прифатија каква што бев . Тоа исто така ми беше мотивација . Потоа забременив , се омажив , родив .. повторно се здебелив . Родив и второ и трето дете , и сега сум повторно 90+ кг . Но , малку да се соземам , и почнувам со режим на исхрана и вежби . Сега имам уште поголема мотивација . Покрај тоа што на сама себе ми смета таа килажа , мајка ми ( која е 50 години ) има само 65 кг . Никогаш немала вишок , но кога мајка ми може со две деца родено , во период на менопауза ( кога повеќето жени качуваат кг ) , таа изгледа како 30 годишна девојка . Таа е мојата мотивација . Ако може таа на својата возраст , со низа здравствени проблеми , зошто јас да не можам здрава и на млади години , кога немам ограничување кога е во прашање физичката активност ? Плус , двете деца ми се на возраст кога се навистина многу енергични , па имам и друштво за вежбање :D . Само да се стабилизирам малку , сепак бебето ми е месец и половина :D , хормоните сеуште ми се хаос (facepalm) . Си давам фора уште половина месец , а потоа се фаќам за работа :D .

    И , уште нешто имајте на ум . Тежината ќе ја оправите некако , сами , со нутриционист или фитнес тренер , ќе ја доведете до совршенството кпе вие сте го замислиле . Здравјето не можете да го поправите така лесно . Дебелината не е здрава , но и премногу слаб да е човек не е здраво ( секако доколку е генетски наследено , а личноста е сосема здрава , тоа е ок , има девојки што буквално можат да изедат цел вол , а не можат да се поправат , и истите се нарекувани со погрдни зборови како скелети и слично ) . Што и да правите во врска со вашата тежина , само нека не биде претерано и да одите од крајност до крајност .

    Поздрав феминки и останете фит , во добро расположение и уште подобро здравје :) .
     
    На KateKane, Bezimenka90, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  17. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Дебелите ќе ослабат. Слабите ќе се поправат. Секако, ако сакаат и ако можат, ова важи и за едните, и за другите. Ама глупавите никогаш нема да станат паметни. Зошто? Затоа што дебелите се свесни дека се дебели, слабите се свесни дека се слаби, но глупавите не се свесни дека се глупави. Само се надоврзувам на твоето мислење.

    Кажав погоре и повторно ќе кажам. Ако навредиш некого заради тоа што има вишок или недостиг на килограми или што било, не мора стриктно за телото, тоа кажува за тебе, а не за личноста што си ја навредил.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    И да не можат , ќе најдат некое решение , сепак медицината е толку напредната , што и за едните и за другите има лек .

    За жал , некои тоа го учат на потешкиот начин , како мене . Со години трпат психичко малтретирање од други лица . Јас научив да се сакам себе си , какво и да е моето тело . Тоа е само тело , подложно е на промени . Но , додека ја научив лекцијата , се соочив со депресија , на само 10 години .. среќа Господ ме чувал , па не сум направила поголема глупост .
     
    Последна измена: 19 декември 2020
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.087
    Пол:
    Женски
    Какви клети деца постојат, не знам дали така ги учат од дома или едноставно такви се злобни родени, ама ужасно е како се способни некому да создадат трауми и да му го уништат детството.
    Жално е што си го доживувала тоа, сериозно треба родителиве да се позанимаваат со воспитување на нивните деца, а дел од нив и сами да се превоспитаат....
     
    На mode-kristina, Fontana и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  20. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    Баш така, но не верувам дека се раѓа лошо било кое дете, верувај така од дома што слушаат тоа и надвор го изнесуваат. Се е од дома. Никој неможе да ме убеди во спротивното. Тоа што стануваат подоцна гневни, лоши , злобни човечиња - се е од дома школо. Ептен некои сега да не одиме во крајности ама родени психопати убијци итн итн не зборувам за тие
     
    На Veta, Angie1432 и mode-kristina им се допаѓа ова.