1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Bodyshaming

Дискусија во 'Психологија' започната од mintyflowers, 18 август 2020.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Не знам за другите , јас се паднав во клас каде сите беа " деца на некој " , а јас бев ќерка на трговец ( татко ми имаше ортачки бизнис , продавници за прехрамбени производи ) и пеглачка ( мајка ми во тоа време работеше во пералната во склоп на клинички центар , пеглаше униформи на доктори , болнички ќебиња , чаршафи .. ) . За жал , нивните родители беа далеку погоре во поглед на финансии од моите . Можеби и тоа имаше улога донекаде . Но , воспитувањето на самиот родител ( оние што сум имала прилика да ги запознаам ) има голема улога во воспитувањето на тие деца . По безобразни родители не сум видела . Дури и кога нивните деца биле виновни , тие се расправале со наставници и родители на други деца .

    Никогаш до сега , со никој не сум зборувала на оваа тема , дури ни со мајка ми . Таа знаеше дека нешто не е во ред , но не знаеше што . Поради тоа со што се соочував , паднав во депресија и се затворив во себе . Ретко зборував , уште поретко зборував за себе .

    За среќа , Бог ми го дочувал умот , па не сум посегнала по сопствениот живот . Благодарна сум што за тоа .

    Години подоцна , иако сум со вишок килограми , се сакам себе си . Тоа што сакам да ослабам е повеќе од здравствени причини ( подложна сум на инфаркт , високи масти и холестерол и проблем со рскавиците на колената ) , кои да ги немав , можеби и немаше да имам толку мотивација за да ослабам . Луѓето што се околу мене , само ми се поддршка за секоја моја одлука . Не слабеам за маж ми , за мајка ми или за другарка , слабеам лично за себе и своето здравје , за мое добро .
     
    На Ivanna23. и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. ScrappysSunshine

    ScrappysSunshine Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Додека расте си бев онака "набиено дете" ,како што се изразуваат постарите, не дебело ,но крупна градба. Спортував водечки вештини од деветтата година и немав проблеми со самодовербата, напротив, мислев дека сум убава со моите 15 вишок килограми, од кои,секако ,добар дел беа и мускули.Пред полуматурата, мајка ми (цел живот се бори со булимија и вишок килограми)одлучи дека е време да започне со "конструктивни критики " во однос на мојата тежина, што,искрено, многу ме заболе. Мислев дека таа како родител треба да ме сака секаква. Почнав да ја држам диетата на Жан Митрев ,ослабев, но ми се поремети перцепцијата за себеси. Ја достигнав идеалната тежина и ја одржував во следните осум години,но чувствував голем притисок ,нервоза ако каснам погрешна храна. Стигнав до лекување од анорексија, депресија ,на 22 години и оттогаш наваму е постојана борба;варијации со по 15-20 килограми ,па диети, па повторно дебелеење и така до недоглед.
    Не сум благодарна што најубавите години од животот ги поминав во мерење ,ограничувања и превежбување додека сите околу мене уживаа и не се оптоваруваа со вишокот килограми.
    Не сум благодарна што морав да се споредувам со секоја можна девојка, што ја изгубив целата самодоверба за сметка на вишокот килограми, како тоа да е единственото нешто кое ја дефинира личноста.
    Не сум благодарна што изгледав како кукла а се чувствував како казнета, несреќна и искршена.
     
    На FridaodaMk, mode-kristina и KatrinaP им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.215
    Пол:
    Женски
    Ова многу ме нервира. Обично дека сум преслаба ми викаат дебели персони и мојот одговор на тоа е подобро слаба него дебела. Треба да се има малку осет. Замисли да кажеш на некоја "дебела си" ќе те распне одма и ќе плаче како е тоа body shaming.
     
    На CrazyGirl15 и eliesaab им се допаѓа ова.