Burnout - Синдром на прегорување

Дискусија во 'Психологија' започната од Оленка*, 10 декември 2020.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    18.330
    И кај мене беа бркање статистики, притисок на работа, притисок од претпоставени.
    Ако се буниш - не му чиниш, одма не потценуваа дека push back сме давале, и тоа само на нас тројца.
    Па следуваа, казни, 15% од плата и усни опомени.

    Болен родител. Цел терет на мене е.

    И сфатив дека здравјето си го фрлив овие 4 ГОДИНИ, за сите пари шо ги земав, ги давав по доктори и апчиња.

    Така да види си и ти.
     
  2. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш во порака ќе поразговараме. Не сакам јавно да откривам за работата моја. Па и за останатото со кое се соочувам.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    18.330
    Пиши слободно
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.970
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам како ти е, ама мора и самите да се избориме за себе. Искористи си го слободното време за да се одмориш максимално и психички и физички. Ако си во можност, направи пауза некое време, не барај одма нова работа. Посвети си се на себе, пронајди се во некое ново хоби, уживај малку.

    И најбитно е да не се изолираш, не се затварај дома. Излагај, шетај и сама ако треба. Дај шанса на нови луѓе, избриши ги токсичните. Многу е битно со какви луѓе и енергии сме опкружени, тоа влијае многу на менталното здравје. Ќе биде океј. :hug:
     
    На JasBee11, LibreGirl и GirlLove им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.636
    Допаѓања:
    34.631
    Пол:
    Женски
    И јас сум сигурна дека имам burnout.
    Само шо неам живци а ни сила да трчам по психијатри за дијагноза. А и да ме дијагностицираат, шо ? Не верувам дека има лекови за тоа. Стресот си е тука, нема да го снема.
     
    На LibreGirl и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    27.206
    Во моментов имам блага верзија на burnout како последница на последниве 8 месеци на срања кои ми се дешаваат на работа и никој нема абер да ги промени, стискав заби до сеа мислејќи дека кај и да е, ќе ги средат нештата и ќе се вратиме во нормала. Во комбинација со вечито ненаспана, со сите обврски околу детето, со сите секојдневни бескрајно повторувачки работи како што да се руча/само што усисав пак има милион трошки пали правосмукалката/празен е фрижидерот оди пазари/итн,итн, во комбинација со извежбај/измедитирај/издневничари/прошетај/читај, некако пукаат шевовите, или ќе почнам да пијам или да се дрогирам, жими се.

    Инаку еднаш иам доживеано сериозен брнаут кај шо се будев, отварам очи, флегматично, а во себе се дерам, вриштам "се мразам себе си, сакам да умрам, пичка сум, нека дојде некој друг и нека ме убие, го мразам животот, го мразам светот, се мразам себе си!" Имав класична анксиозност, социјална анксиозност и депресија. Мислев дека сум најголемиот лузер на светот. Мислев дека луѓето глумат среќа, дека такво нешто не постои, само тие што имаат среќа да имаат пари, врски, добра работа, патуваат, возат добри коли, имаат свое место за живеење, итн, тие посекако не може да се тажни, ама јас бидејќи немам ништо, оправдано е да се осеќам ко најневредно ѓубре. Кога не сакаа на работа да ми ги дадат слободните денови (зошто не смеело во тие месеци да се земе), ми се прели чашата, дадов отказ и си ветив дека нема да прифатам повеќе ниту работа што нема да ми одговара, ниту луѓе кои ми будат негативни самоубиствени мисли, ниту социјални мрежи, ниту нездрави секојдневни навики. Имав заштедено доволно да можам долго време да учествувам дома за сметки и храна. Не си стави рок, но почнав сама да си го смислувам секојдневието. Си имав организирано еден вид на редослед што ќе правам секој ден, на пример станување во 8 саат, кафе и појадок (балансиран) до 9, од 10 до 13 работа на нешто потенцијално да создадам вештина (купив wacom таблет, почнав сама да се учам илустратор и фотошоп, го извадив апаратор од фиока), од 13 до 15 прошетка надвор, возење точак, фотографирање низ град, седење во природа, такви активности, од 15 до 17 ручек и одмор, вежбање, медитирање и пишување во дневник до 19, од 19 нагоре дружба со другарките, дечко ми, моите, сеедно, навечер играње кантер со пријателите, гледање серија, за на крај секоја вечер бидејќи како последница од сите говнарии имав несоница, имав ритуал ставав етерично масло во ламба, пуштав боса нова џез, под слабо светло пиев чај од маточина и читав (голем дел од тој период го поминав со првите 3 делови на Dune). Се придржував до распоредов па сигурно 90% од времето со месеци. Многу време поминував сама со себе. Научив за медитација. Навлегов во стоицизам. Почнав со дневник. Се фокусирав на јадење балансирано, вежбање, пешачење. Не денгубев само на хоби, вистински се трудев да сменам правец на професија, сакав да навлезам во некоја креативна работа, учев да дизајнирам, да правам логоа (си имав смислено бренд за облека хаха), фотографирав, учестував на пар изложби. Не успеав да влезам никаде во таа бранша, но излегов од самоубедувањето дека ништо не можам ново да научам, немам сериозно образување (историја на уметност, мех), немам врски, не познавам луѓе, не сум партиски пиун, никад ништо нема да биде од мене, буухуу кутрата јас, боље да се самоубијам. Хех, идиот сум била. Како и да е, успеав цел менталитет да го сменам од корен, сега сфаќам која будала сум била.
    После 8 месеци поминати без работа, фокусирана на себе преку сето горе објаснато, отидов на едно интервју без никакво очекување, без негативни ниту позитвни мисли или став, целосно ослободена од се. Знаев што сакав - работа од 4 до 8, од понеделник до петок - и тоа беше мојот главен предуслов и критериум. Не парите. Не позицијата. Не називот. Наместо таа работа, ми беше понудена друга, нешто што никогаш не сум ни помислила ни дека може да работам. Прифатив зошто главниот предуслов ми беше исполнет и си помислив, еве ми прилика да научам нешто ново, па што биде, биде.
    Останав таму до ден денес, поминав низ секакви ups&downs, но благодарејќи на целата работа што ја вложив во себе во тие 8 месеци, ништо не ме скршило во меѓувреме, а имаше многу прилики. Не се фалам, само сакам да се покажам како жив пример дека се' можете да промените. Не сме роботи, не се трпи се'. Но најважен е менталитетот. Пристапот кон нештата. Разберете дека животот е сериозно краток и сите ќе умреме. Ќе умреш. Сфаќаш? Не е се' толку сериозно. Исто така, чувството на среќа си доаѓа и си оди, меѓутоа менталитетот е клучен за дали генерално ќе бидеш задоволен или не. Сами создавајте си моменти на среќа, не чекајте некој друг да ви создаде. Бидете благодарни. Повеќе кажувајте фала отколку ми треба/ми фала/посакувам да/кога би. Повеќе фокусирајте се на тоа што имате отколку на тоа што немате. Одмарајте се, релаксирајте се, успорите, не се брзајте, спијте. За каде се брзате? Имате многу нешта за правење? Животот не е само листа со напрај ова, напрај она. Застани. Вдиши длабоко. Издиши длабоко. Олабај се. Не ги слушајте другите, или барем не им верувајте во тоа што го зборуваат. Слушајте се себе си. Што сакате. Што ви треба. Што не сакате. Што не ви треба. Заебете ги сите. Слушајте си ја повеќе сопствената интуиција. И да заебеш, барем си се послушал себе си, боље него ли да заебеш зошто си слушал друг. Бидете со себе. Само себе се имате во секој момент, секогаш. Не се губите себе си. Постојано одржавајте си контакт со себе си, дружете се со себе си. Само така ќе одите по патот што вие го сакате.

    Се раздрндав, се изнафилозофирав. Знам дека може нема никој да прочита, а знам и дека некој ќе одјеби се' шо пишав зошто звучи премногу "поетично". Ама можете да излезете од ова срање, само треба да напраите промени. Со среќа.
     
    На BlackNight, LiquidLuna, nena2010 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Те прочитав. Слично ми се случуваше. Само што јас се оправив преку теретана, духовност, читање езотерија и малку антидепресиви. Не се наеднаш. Прво хелекс, па ксанакс. Па само диазепам пред спиење да ми се опушта кичмата.
    Потоа теретана, духовност и книги истровремено.
    Хомеопатски лекови (не знам дали се магичниот лек ама поногнаа).
    Медитации малку, не ме бива за тоа.
    Отказ не можам да дадам.

    Моментално сум burnout поради две деца, едното ќе оди прваче, другото е 8 месечно бебе.. од кога е роден немам мир. Тешко дишам. Се плашам од разболувања затоа што тешко минува. Секој месец лекови, мрсули, инхалации. Плус чувство на вина затоа што на 2 месеци веднаш штом оздраве го оставив и се вратив на работа. Ќе стигнев до тужби кон претпоставениот затоа што сакаше да стави друг на моја позиција. Едино ме штитеше договорот на определено, кој траеше до некаде 1 месец по завршување на породилното. Ако седев дома ќе ги поминеше сите обуки замената моја и ќе ме заменеше засекогаш. Ако останев без оваа работа не знам како ќе враќав кредит. А друга работа не можам да барам со бебе. Во смисла дека оваа ми одговараше затоа што е само прва смена и некогаш завршувам порано па си одам пред крај на работно време или дома сработувам.
    Маж ми исто како мене се плашам да не добие удар затоа што работи и плус тера свој бизнис каде што и јас значително помагам.
    Мајка немам. Другите од фамилија иселени во странство.
    Помош едино од свекрва, ама и она е истоштена.
     
    На Cosmic Girl, JasBee11, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    27.206
    I feel ya.
    Со деца плус кредит човек нај 'заробено' се осеќа. Јас тогаш кога земав 8 месеци пауза уште бев немажена, без дете, имав таква привилегија, ја искористив максимално. Сеа многу сум внимателна со сè шо може да ми го изремети спокојот, не сакам никогаш да се вратам назад во 'дупката'. Пример, еве на работа одбивам унапредувања, неам ни интерес ни енергија за повеќе обврски, заеби парите, знам колку малку ми треба за да ми отиде психата во лош правец. Живеам ултра минималистички, што помалце работи, помалце компликации, не ми треба многу, не ми е гајле каков впечаток оставам кај други, само сакам раат да сум јас.

    Може нема да ти смени муабетов многу бидејќи несигурноста од иднината си носи страв, ама реалноста е дека врз многу работи неаме контрола. Кога вистински, со секоја молекула од твоето битие ќе го укапираш и прифатиш тоа, многу стрес ќе исчезне од твојот живот. Пример, не можеш да спречиш баш ако детето се разболи. Јебига. Не можеш ни да знаеш дали баш со сигурност ќе те заменат на работа, ако те нема. Не знаеш ни дали тој другиот ќе се снајде во работата уопште. Не знаеш па ни што те чека ако ете, те заменат. Можеби те чека друга работа, што сеа ти делува како невозможна опција. Буквално не знаеш. Нема поента да губиме нерви за работи што не може да ги предвидиме.
    Ама има и работи во твоја контрола. Пари увек се требаат (поготово со кредити), да не звучам ко да не те разбирам или ко да солам памет, ама па ако здравје се губи, ризикот на повреда или полошо, ќе те натера да бидеш повеќе внимателен и да намалиш со работење. Башка шо не вреди само да се работи. Као да, треба да живееш, требаат пари, ама треба и да бидеш всушност жив. И здрав.
    Јас сум убедена дека на повеќето луѓе им треба помалку, отколку повеќе. Ко ќе истресеш еден куп товар, разни желби, замисли, обврски, и ќе видиш дека животот е убав и така, ќе утепаш еден куп стрес.
     
    На GirlLove, JasBee11, bookslover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    .
    Работам за 40-45 илјади месечно. Простор за напредок нема. Работата ми дозволува можеби да работам и плус онлајн, го правев тоа еден период, ама сеа со две деца нема шанса. Некои од блиските знаат да ми преречат ее демек, тоа седење на компјутер, Жане некоја заработувала 2000€ од куцање по неколку часа. Ама ај не ми се губи енергија да им објаснам како Жане на upwork куца по неколку часа.
     
    На BlackNight, JasBee11 и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    27.206
    Јас нејќам ни да кажам колку заработувам (малку), изгледа срам треба да ме фати. :wasntme: Ама не ми е гајле, едноставно само гледам да имам што е можно помалце компликации у животот, можеби еден ден ќе зажалам што не вложувам максимално, можеби нема, знам само дека раатот ми е најбитен. А кој што кажал, многу ме заболе, искрено да ти кажам, ништо не ми мења, ја си го праам животот таков каков што ми е. Колку пати луѓе што работат физичка работа со потсмевање ми спомнувале нешто као ти само седиш и кукцаш, и ја сум као, аха, да, океј, ама ти гарантирам дека ти заработуваш најмалце 30% повеќе од мене. Епа шо ти е поважно? Парата? Работата? Угледот? Удобноста? Спокојот?
    Сите си живееме у свој балон, битно е да ти е убаво.
     
    На Mumoftwo30, JasBee11, bookslover и 2 други им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    18.330