Јас денес се вакцинирав со Фајзер. Е, сега Господ напомош. Од симптоми имам поспаност и ме боли раката. Сопругот ништо не го врка. Ќе пишам како ќе се чувствувам понатаму. Ревакцинација е за 21 ден.
Јас сум со алергијаа на пеницилин и цефалексин. Целосно сум вакцинирана со астра уште во јуни. Никаков проблем немав.
Јас имам примено фајзер пред 1 месец ( вакцина и ревакцина), а сум алергична на пеницилин , хиконцил и имам хиперсензитивна кожа. Добро се чуствував, пишав како сум поминала после 1&2 доза во темата реакции на ковид вакцина, да не пишувам и тука. Кога бев втора доза да примам лекарот ми рече ист е составот на вакцината така што ако си немала осипи и силна бурна реакција на 1 , мала е веројатноста дека сега на 2 дека ќе имаш. Поздрав и со лесно втора доза.
Помина една недела, како се вакцинирав. Од симптоми имав поспаност и два дена болка во раката. За две недели е втората доза. Се надевам дека ќе поминам повторно со лесни симптоми.
Ќе биде се доброооооо ❤️, не читај све и свашта по нетов, не се напрегај одмарај колку можеш, чувај се . Патем и другарка моја исто алергична исто фајзер , прва доза болка во рака омалаксаност а втора вика ништо мала незначајна болка во рака.
Денес ја примив втората доза од вакцината. Само ко ја примив осетив пецкање и малку ме болеше раката. Сега мм ми вели, те боли раката? Му велам не. Тој вика дека го боли. Мене ништо. Дури и ми е чудно.
Исто, ме пецкаше и ме болеше, ми рече лекарот дека нормално било стегната ми била раката. Ни мене не ме болеше одма, таму после 24 часа. Малце ме болеше , 36.9 два дена, на другарка ти викам ништо нити болка нити темп
Јас сум cave penicillin. Имам примено две дози. Доктори ми препорачаа и трета доза. Но само што прележав, па ќе се одложи. Чим имаш примено две нема проблем за трета. И јас пред да се вакцинирам слушнав дека за алергични на пеницилин не се препорачува, ама било дезинформација. Неколку доктори прашав рекоа нема проблем, многу луѓе се алергични на многу работи. Единствена опасност за примање на вакцината за Ковид е ако претходно имаш појавено алергиска реакија на ДРУГА ВАКЦИНА.
Благодарам на одговорот. Јас трета вакцина од Фајзер, треба да ја примам здравје во Март. Од предходните две дози фала му на Бога невидов мака, а сум Cave penicillin. Се надевам дека и со третата ќе поминам лесно.
Прими ја, ако си на мисла додека да дојде време за примање, консултирај повеќе доктори. Не би требало да има ништо. Јас ќе примам и трета кога ќе дојде време.
И јас планирам трета вакцина против ковидов. Што е сигурно, сигурно е. Се надевам дека ќе поминам лесно како и со претходните две.
А, што се однесува до консултации со разни доктори, тоа не . Секој од нив е со свое мислење, убедување, став. Само ќе ми го побркаат умот. Кога појдов прв пат да се вакцинирам и кажав на докторката за пеницилинот. Ми кажа немај гајле, само од кога ќе ја примиш вакцината наместо 15 ќе седиш 30 минути.
На крај одлуката е секако твоја. Јас во врска со ковидот и со вакцините се консултирам со повеќе доктори не од недоверба, туку чисто за да слушнам разни мислења, барам и да ми објаснат што, како и зошто. Пример за детево кога ми е болно, на матичниот не верувам, го носам и на одделение.
Ве молам за одговор. За работа во странство бараат трета доза. Бидејќи сум алергична на пеницилин не сакаат да ми ја стават а ниту докторот сака да ми даде написмено со печат дека сум алергична и дека не се препорачува. Што да правам?
Како ве вакцинираа ако на здравствената легитимација пишува дека сте алергични на пеницилин? Овде не сакаат ни да чујат...
Алергична сум на пеницилин. Примив две дози Синофарм. Никој ништо не ми рече. Трета доза немам примено.
Ме вакницинираа на моја одговорност, ми кажаа не би требало нешто да има, остани 30 мин и толку. Со две дози фајзер сум .