Chemtrails

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Calla, 30 септември 2014.

  1. Calla

    Calla Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    934
    Оваа тема е актуелна од неодамна, а скоро се појавиле на небото и траги над скопско Волково. Дали станува збор за хемиска војна или експериментален проект во кој луѓето не можат да направат ништо за да го спречат, и дали последните времиња на човештвото се одброени? Како и да е, немаме резервна планета!

    Нѐ прскаат како комарци, а сите медиуми молчат за тоа – Балканот под ударот на Chemtrails

    Зборот Chemtrails предизвикува многу контроверзи. Првенствено поради тоа што е поврзан со теориите на заговор, чии главен недостаток е тоа што тие тешко се докажуваат. Алудираат на можноста дека светските Влади, прават нешто за што граѓаните немаат поим . Застрашувачка претпоставка, но воопшто не е невозможна.

    Дали е ова случај и со трагите од авиони?!

    chemtrails-6-300x157“Chemtrails е фраза произлезенa од англискиот израз contrails, што значи тоа се бели ленти/траги, знаци кои ги остава авионот на небото и chemicals термин за хемикалии” – вели Јосип Милошевиќ, судски експерт за воздухопловство.

    И додека многумина ќе прашаат што е тука спорно, сè повеќе има луѓе кои се сомничави. Така што 2010 г., актуелната министерка за Заштита на животната средина, Mirela Holy, тогаш пратеничка, јавно го актуализираше ова прашање во Парламентот за што се работи.

    Објаснувањето не беше мистично, на кратко – траги на авион.

    Но, кога “гуглате“ за терминот chemtrail од Интернет ќе ви излезат еден куп информации … Еве само неколку:

    Contrails или chemtrails ?

    Значи, она што гледаме на небото што изгледа многу чудно, се форми на траги кои настануваат од издувните вентили на авионот. Нормалните траги на надморска височина над 10.000 метри се претвораат во ледени кристали и можат да се одржат во воздухот најмногу 20 минути, што е својствено на обичните конвенционални кондензациски траги (contrails).

    chemestrials4Спротивно на нив, хемиските траги (Chemtrails) остануваат да висат во воздухот со часови, без да се расплинат, а потоа полека се шират и поврзуваат и обично формираат мрежа или форми кои не би ги очекувале од обичните млазни авиони.

    До сега, извештаите за појавувањето на chemtrail-овите доаѓале од земјите членки на НАТО додека медиумите избегнувале да пишуваат за нив. Од моментот кога Хрватска се приклучила на НАТО, над нашите глави почнаа да се појавуваат Chemtrails-и за кои самите сте сведоци.

    Во последните неколку дена станавме сведоци на енормно прскање на сите поголеми урбани, но и рурални области, не само над Хрватска и на целиот балкански регион, туку и на поширокото подрачје над Европа. И покрај драмата што се одвива со денови на небото, проблемот “Chemtrails”, и понатаму малку познат на пошироката јавност, речиси секогаш игнориран од страна на сите релевантни национални медиуми. Благодарение на обичните луѓе од кои доаѓаат извештаите од речиси сите соседни земји, а фотографиите зборуваат повеќе од зборовите.

    Болести кои го придружуваат Chemtrails

    Најчестите симптоми пријавени од страна на сведоците на Chemtrails се постојана кашлица, проблеми на горните респираторни и дигестивни нарушувања, пневмонија, екстремен замор, летаргија, вртоглавица, дезориентација, тешка главоболка, болки во зглобовите и мускулите, вкочанет врат, крварење од носот, депресија, анксиозност, губење на контрола на мочниот меур и нервозни тикови. Симптомите прво влијаат на старите и ослабени лица и деца.

    chemestrials3Д-р Мајкл Пеца, лекар од Аризона, го вознемири брзото зголемување на бројот на пациенти со опишаните пореметувања кои настанале кога над неговиот крај почнале да се појавуваат Chemtrails . “Забележав дека лабораториската анализа на примероците од коса, кои ги направив на некои од моите пациенти, секогаш покажуваа високо ниво на бариум. Анализата на мојата коса покажа високо ниво на бариум. Јас сум прилично добро запознаен со начинот на исхрана, и искрено, не можам да се сетам на ниеден вид храна која содржи значително количество на бариум … Сепак, се чини дека имаме високо ниво на бариум во косата, што значи дека бариумот, или го внесуваме преку храна или нашата коса ја загадува некој надворешен извор”.

    Алергиските реакции на овие честички се една од причините на симптомите, но тие не можат целосно да го објаснат целиот синдром што го придружува Chemtrails. Падот на температуратурата на крвта придружен со “грип” без треска, е знак на хронична габична инфекција. Габите своето присуство го најавуваат со разни автоимуни заболувања, од хроничен замор и фибромијалгијата до тешките болки во зглобовите, вртоглавица, ментална конфузија и краткорочно губење на меморијата.

    Некои Chemtrails го поврзуваат со епидемија на особено бизарна и контроверзна болест “Morgellons”, која се шири последните години по југот на САД.

    Кога истражувачката на здравствени прашања Erminia Cassani донела парчиња од желатин кој го собрала од една целосно попрскана куќа, биологот во лабораторијата, со лиценца од Агенцијата за заштита на животната средина, со неверување ја праша каде го нашла овој “биолошки опасен материјал”.

    vozduh chemestrials zagadenИако на бактериите во садот обично им треба 3-4 дена да нараснат, овој примерок нараснал за помалку од 48 часа откако беше ставен на хранлива подлога. Велејќи дека овие работи биле “низ целиот сад”, лабораторискиот биолог утврдил дека никогаш не видел нешто што расте со таква брзина. Помалку од два месеци подоцна, сопственичката на испрсканата куќа доживеала срцев удар предизвикан од бактериите кои ги изеле ѕидовите на нејзиното срце.

    Постојат мислења дека пронајдените микроорганизми всушност не потекнуваат од смесата која ја распрснуваат авионите. Можно е дека паѓачката завеса од лепливите хемикалии и микровлкна повлекуваат на земјата колонии на бактерии, вируси и габи кои живеат во горните делови од атмосферата, каде што мутираат под влијание на силно ултравиолетовото зрачење.

    Хемискиот состав на Chemtrails

    Одамна една поголема група на луѓе ги следи овие небесни активности, зема примероци од овие траги и според наодите од некои приватни лаборатории, во нив се наоѓаат различни биолошки и патогени агенси, од микроорганизми па сѐ до одредени метали како што се соли на бариум и алуминиумските честички со микронски димензии.

    Досега во овие хемиски траги се пронајдени следниве агенси:

    chemestrials51. Pseudomonas Aeruginosa – бактерија која го напаѓа главно респираторниот систем на човекот

    2. Pseudomonas fluorescens – предизвикува инфекции на крвта и респираторниот систем

    3. Serratia marcescens – пневмонија, воспаление на мозокот, воспаление на срцевиот мускул

    4. Mycoplasma fermentes incognitus – видови патогени микроорганизми за кои се претпоставува дека се био – инженерирани во американските воени лаборатории, и која беше пронајдена кај 45% од американските војници кои страдаат од т.н. голфски синдром.

    5. Streptomyces и други видови на габички

    6. Некои видови на квасец

    7. Одредени бактерии, кои содржат специфични ензими кои се способни да го менуваат човечкиот ген

    8. Соли на бариум

    9. Алуминиум – честички со микронска големина (интересно е дека луѓето кои страдаат од Alchajmerovа болест имаат поголема количина на алуминиум во мозокот)

    10. Етилен дибромид (дибромоетан) C2H4Br2 – канцероген додаток за гориво и инсектицид, мириса на хлороформ; причинител на депресија на ЦНС, белодробен едем и ја надразнува слузницата на респираторниот тракт – се чини дека тој е причина на карактеристичната кашлица (“kemtrejl кашлица”) која се јавува кај луѓето по прскање на одредени области

    chemestrials11. Дехидрирани човечки црвени и бели крвни клетки (еритроцити и леукоцити)

    12. Фиброзни филаменти (задача им е да на одредените микроорганизми кои се наоѓаат во оваа хемиска смеса им обезбедат живи да стигнат до земјата, бидејќи нормалните атмосферски услови би ги уништиле. Така што на подрачјата на запрашување можат да се најдат фиброзни конци слични на пајажината, кои се многу токсични).

    13. Вирусите и прионите не се официјално потврдени, за нивното присуство може само да се шпекулира.

    Како и да е, кратко време по прскањето многу луѓе во погодените области се разболувале, за време на истражувањето, од различни респираторни заболувања и болести слични на грипот. Сето ова е придружено со зголемена смртност кај постарите лица и децата. Исто така кај населението се јавува и една општа летаргија и други симптоми на болести на нервниот систем.

    Беше забележано дека областите кои редовно се прскаат стануваат сушни и тоа ги наведе многумина да заклучат дека тука се работи за модификација на климата. Но, сепак се чини дека предизвикувањето суша е само еден од несаканите ефекти на хемиските траги.

    Ѕидот на молкот

    Иако оваа, за многумина контроверзна тема, заврши во Хрватскиот парламент, до овој ден не успеавме да добиеме конкретен одговор од ниту еден државен оддел или надлежна институција. Слична ситуација е и во другите земји од Европа и светот, каде што политичкото и военото раководство едноставно одбива да коментира за овој феномен.

    chemestrials2Дека ова ја надмина обичната “теорија на заговор” сведочат извештаите од медиумите кои минатата година ја објавија веста дека Белата куќа, поточно Џон П Holdren – раководител за наука во администрацијата на Обама, призна дека има тајна програма на “третирање на атмосферата” со тешки метали за да се “неутрализираат негативните ефекти на Сонцето”.

    Еден од медиумите, кој многу лошо ја покри оваа вест во Хрватска е РТЛ телевизијата која меѓу другото, во написот објавен на веб страната на RTL.hr од 15.11.2011 г. напиша:

    “Научниците на Белата куќа признаа дека атмосферата се “третира” со солите на Бариум , алуминиум диоксид и со други токсични соединенија. Она што тие не го признаваат е фактот дека овие соединенија се опасни за здравјето на луѓето”.

    Сепак, и покрај оваа кратка објава на медиумите, на интернет е можно да се најде огромен број на докази кои ги собираат активисти од целиот свет. Еден таков пример е веб-сајтот Light Watcher кој составил листа на патенти пријавени од Канцеларијата за патенти на САД, а во врска со geoengineering . Исто така, тука мора да се спомене и одлична веб-сајт страница која се занимава со Chemtrails-ите – Air Crap на која можете да најдете голем број на информации и новости поврзани со Chemtrails.

    Важно е да се напомене дека властите во текот на историјата, како што е владата на САД и Велика Британија, спроведуваа тајни експерименти врз цивилното население, што признаа многу години подоцна, така што самото тврдење дека феноменот наречен “Chemtrails” е невозможен, излегува дека малку е наивно кога ќе се соберат сите информации.

    Значи, тука не се работи за “теорија на заговор”, туку за една програма која се спроведува систематски над нашите глави и тој спорен производ на ова т.н. “лекување на атмосферата”, е многу штетно по здравјето на луѓето!

    Кој е смисолот на Chemtrails?

    Ова веќе многумина потешко ќе го разберат, бидејќи сите наши верувања, состојба на умот, совршено умешно предизвикани од страна на еден контролен систем кој утврдил до кој степен достигнува вашата перцепција на реалноста, и тоа сѐ по пат на медиумите, образованието, филмовите и сите други системски алатки во рацете на илуминатите. Ова е причината зошто сѐ уште работите како Chemtrails, кои со сите можни испитувања имаат одлучувачка важност за човештвото, и понатаму остануваат табу тема која не е земена сериозно, всушност, многу дури и не ја познаваат, додека сето тоа нѝ се случува над главата. Но, ако не сакате да проверите колку е длабока зајачката дупка навистина не го читајте овој пост до крај.

    chemestrials4Затоа, многу истражувачи тврдат дека се работи за распрскување на приони, белковини кои се способни под одредени околности да се претворат во кристали, а потоа во зависност од тоа на кои фреквенции се изложени, предизвикуваат одредени болести како што е кравјото лудило, Creutzfeld Jacobs Sindrom, и голем број други здравствени нарушувања кај луѓето и животните.

    Откако целото население на планетата ќе се инфицира со приони, доволно е одреден регион да се изложи на електромагнетните бранови со специфични фреквенции, со помош на т.н.. HAARP систем, преку кулите за мобилна телефонија, GWEN кулите, итн – и луѓето во тој регион веројатно ќе се разболат од одредени болести или нивниот ум со помош на кристалите, кои се наоѓаат во мозокот – ќе се програмира.

    Постојат некои индикации дека тука се работи за вештачко поттикнување на генетските мутации кај луѓето.

    Според некои теории, со chemtrejls се создава и т.н. неутрална празнина меѓу земјата и стратосферата, низ која многу полесно можат да се емитуваат т.н. ELF бранови (со исклучително ниска фреквенција), кои меѓу другото влијаат на функционирањето на мозокот и имаат потенцијал да ја сменат состојбата на свеста кај човекот.

    Постои ѝ теорија дека во овој случај се работи за оневозможување на отворање портали (помеѓу 3D и 4D) и спречуање на голем дел од населението, заедно со оваа планетата да преминат кон повисоко ниво на постоење (т.н. – излез од “подрум”). Во исто време хемиските компоненти, како и бактериите кои се наоѓаат во кемтрејлсите би ги спречиле промените во нашата ДНК, кои природно би настанале под влијание на оној галактички бран и кои се предуслов за еден таков “квантен скок”.

    Што навистина се случува над мојот град!

    Многумина веруваат дека се работи за интензивно “запрашување” на населението на оваа планета од воздух со биолошки отрови од страна на тајни организации кои се сопственици на политички, па дури и воени институции. Chemtrails-те се задолжителни со влез во НАТО, пропратна појава без исклучок.

    Фактот е дека тоа се специјално модифицирани, непознати, нерегистрирани авиони кои летаат на голема надморска височина и кои , пред сè, на ниту една воздушна служба не даваат отчет – затоа што се на војската.

    Хемискиот состав на овие агенси дејствуваат на штета на човечкото тело и имунолошкиот систем. Населението е поболно, послабо, ја убива можноста за дејствување и активирање на способноста на размислување и револт против манипулацијата. Покрај тоа, фармацевтската индустрија си го зима својот дел .

    Сето ова е дозволено од страна на многу луѓе кои не се заинтересирани за ништо и сè е одобрено од страна на политичките тела кои ние самите ги избравме .

    Да започнеме сами со истражување и барем да се запрашаме – Што навистина се случува над мојот град!

    Извор: mkd-news

    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.177
    Пол:
    Женски
    Имав прочитано за ова, којзнае дали е така, според тоа, излегува дека на секаков начин го трујат човештвото, од една страна храна, од друга страна ова, трето она као демек шампони, гелови, стикови, имале штетни состојки, предизвикувале рак, ред други болести.Тогаш ако не па да не јадеме, да не се бањаме, да се вратиме во палеолит, ако не...Бегање од болест нема, ако го најде човекот, го најде или ќе гледа да си зачува здравје или предвреме ќе гледа да се заштити на некој начин, трето нема. Релативно е, од секаде постои ризик, а и веќе не може човек да биде 100% сигурен дали од некаде го демне болест или не.Инаку, она што велат, прскаат ради комарци и сл., едно време имаше за ова на нет, као не било за комарци, едни едно велат, други трето...
     
    На daylight и tessie им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.266
    Еве што се случува:
    Зголемен авиосообраќајот Во Македонија
    Ова досега никој не успеа да го објасни задоволително поради кое и верувам дека се работи само за теорија на заговор со цел поединци неспособни да се истакнат во општеството привлечат внимание и/или заработат пари.

    Од друга страна, токму во теориите на заговор гледам можност за манипулации од стр. на светските моќници. Наместо луѓето да се бават со реалните проблеми тие ќе се бават со нерешливи теории на заговор каде освен ширењето на „возбудливата„ информација друго и не ни може многу да се направи.
    Мутациите се веќе поттикнати преку генетскиот инжиниеринг на храната и дел од лековите и зголеменото радиоактивно зрачење (Чернобил, Фукушима...). Така да не гледам потреба уште и од воздух со авиони да се поттикнуваат.
    Можеби може... но тогаш како ќе се заштитат оние кои стојат зад распрскувањето на кемтрејлс? Да не се случајно имуни на сето тоа? Или да не дишат вода можеби?
    На таквите „квнатни скокови„ не може да се влијае со хемикалии бидејќи тие се од духовен карактер. Човековото тело е материјално па може да биде изложено на биохемијски влијаниа, но душата е духовна, нематеријална. Додуша, како што е објаснето во Христовите објави, можно е привремено преку генетскиот инжинеринг или медиумите да се блокираат или манипулираат чувствата кај дел од луѓето (душата и божественото во човека комуницираат преку чувствата и совеста) но кога пропаѓањето т.е. крајот на светот (а кој е веќе во тек) ќе го достигне својот врв преку разновидните катастрофи кои луѓето ги предизвикуваат со своето негативно однесување, тие фактори на манипулација ќе пропаднат па ќе може да се случи тој масовен „квантен скок„ како велиш.
     
  4. Rosi11

    Rosi11 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    СТРАШНО!!
    СТОП ЗА "CHEMTRAILS" - МАСОВНОТО ТРУЕЊЕ НА ЧОВЕШТВОТО!!!



    95CF00A2-F28C-48F5-9C80-87F08EE37A45.jpeg
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.942
    Допаѓања:
    194.182
    Што бара оваа теа во политика и настани??
    Треба во 'Другата наука' да стои.
     
  6. Ahoy

    Ahoy Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    6.439
    Допаѓања:
    25.200
    Пол:
    Машки
    Можам да кажам дека ја познавам авијацијата и често ги пратам и следам случувањата во истата.
    Искрено, не верував нешто претерано во оваа теорија, се' додека пред неколку дена не' слушнав звук на голем авион (како на пр. B777 или A380) кои според звукот, леташе високо. Излегов надвор, авиониве баш ме интересираат и сакав да го забележам, можеби и сликам. Но, немаше авион, реков ок, беше облачно а и можеби не го гледам, било како. Тогаш отворив радар и немаше никаков авион во радиус од 100км од мене. Ниту сателитски пратен. Тогаш баш ме подзачуди, и мислев, а и можеби сеуште мислам дека беше токму chemtrail.