CIN 1

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 29 декември 2009.

  1. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    15
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.393
    Пол:
    Женски
    Без паника, многу зелен чај по литро -две на ден, многу мед, јака доза на витамини и по неколку месеци пак на преглед. Една моја другарка имаше ЦИН 1, и се повлече а сега чека бебе, затоа без паника , не е страшно.
     
    На EmeraldBLUE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    15
    mene mi izgleda strasno.sepak blagodaram -sekoja godina pravam pap test tolku brzo se razviva ili ne e brzo godina? -imam i cisti na jajnici se pravev operacija pred 6 god i po nekolku meseci pak gi imam sega treba pak da se operiram najverovatno,ama ne znam dali da odam pak kaj tase vo bitola,razbrav deka ne raboti na klinika samo kaj nego vo plodnost neznam kolku e tocno ajde bitolcanki kazete?ili da odam nekade drugo mesto ,raznisluvam za sistina ama sigurno cenite se dosta visoki i i da patovam ce treba, nekolku pati kontroli pa tn.ce trebaat dosta pari.zdravjeto e pred sve znam,ama bez pari ne se moze
     
  4. nemir

    nemir Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Имам ЦИН 1 - ми препорачуваат ласерски третман :doh:имате правено? каде? како сте задоволни?
     
  5. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Ласерски третман на CIN 1

    јас имам правено пред 4 год :) не боли ич не се секирај и за 5 мин си готова и одма стануваш :!: ...но мене сега после 4 год ми се појави цин-2 и морам на конизација поздрав и не се плаши :*
     
  6. buce82

    buce82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Ласерски третман на CIN 1

    JAS PRAVEV LASER PRED DVA MESECI KAJ DOKTOR PANOVSKI.OVA MI BESE VTOR PAT.PRED TRI IPOL GODINI IMAV CIN2 I TOGAS PRAVEV LASER.NE E NISTO STRASNO,NO ZA SEKOJ SLUCAJ STAVAAT ANESTEZIJA AKO POBARAS.PRVIOT PAT KADE STO PRAVEV LASER BESE PO BOLNO I BEZ ANESTEZIJA.NITU MI KAZA DEKA KE BOLI ,A NITU PA ME PRASAA ZA ANESTEZIJA ;( .A SEGA IMAV CIN1 I PRAVEV LASER KAJ DR.PANOVSKI KAKO STO KAZAV I SAMO POFALNI ZBOROVI ZA DOKTOROT.ME PRASA DALI SAKAM ANESTEZIJA MEGJUTOA JAS SAKAV SPREJ,A NE INEKCIJA I BOLKA SKORO I DA NEMASE ;) .


    [mod-kirilica:1f8ocmv8][/mod-kirilica:1f8ocmv8]
    [mod-tekst:1f8ocmv8][/mod-tekst:1f8ocmv8]
     
  7. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Ласерски третман на CIN 1

    Здраво Немир :)

    Јас малку каснам со одговоров, ама се надевам дека не е предоцна и дека ќе ти послужи мојот одговор ;)
    Правев ласерски третман на ЦИН 1 пред точно еден месец, а утре сум на контрола и се надевам се ќе биде во ред. Ласерскиот третман го правев во Гинекомедика кај д-р Силвана Божиновска и сум презадоволна од услугата.
    Мене не ми ставија анестезија и осеќав мали болки (исто како менструалните болки) ама сепак не е ништо страшно, се издржува без проблем (постапката траеше точно 1 мин. и 12 сек.). После тоа докторката ми препиша витамини ( Б6, бета каротен, фолан или фолна киселина, витамин Ц и антибиотици) исто така ми забрани сексуални односи еден месец а наредните два месеци само со заштита али јас ќе терам подолго време со заштита затоа што ми е страв :worried:
    Инаку јас сум паничарка невидена и кога ми кажаа дека имам ЦИН 1 не знаев што да направам, бев преплашена, а и финансиски не стоев баш најдобро, среќа имам најдобар дечко на цел свет и тој ми помогна мнооогу, така што се помина најдобро и се надевам нема да се повтори.
    Морам да признаам малку ми е страв за утре ама ќе стегнам заби и си ветив дека после ова ќе посетувам редовно гинеколог и ќе посветувам повеќе внимание на овие работи а ги советувам и сите девојки да го прават истото пред да биде доцна :)
    Голем поздрав и без гајле не е ништо страшно :*
    П.С. Пиши ни, да кажеш како помина :)
     
  8. nemir

    nemir Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Ласерски третман на CIN 1

    Lizza-бас фино сто писа, фала ти.

    нисто не направив и никако не поминав. истат докторка во гинекомедика од која патем речено ИЧ не сум задоволна и нема никогаш повеке да ја поминам таа врата, ми го скрати животот. во преглед во кој вкупно траеше неполни 5 минути и во кој се осекав како на пазар а не како на гинеколог, докторката колпоскопски дијагностицирасе ЦИН 1. одм аи терапија со ласер ми утврди и цена ми кажа. ми го плесна муабетот. срека што лежев....ми се фати и гласот и умот. и отккао цела недела си ја исплакав, си ги напрваив најлошите можни сценарија, ПАП тестот не смао што не покажа ЦИН 1, туку и не го потврди присуството на ХПВ. покажа непознати епителни промени, кои може-но немора да значи дека се ХПВ.
    така да......фала му на бога, ништо од ласерот барем овој пат....
    фино сто ти си задоволна од ускугата, ја знам дека моја нога таму висе нема да стапне.....професионалност-нула :emo:

    поздравче и фала што пиша на темава ;)
     
  9. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Ласерски третман на CIN 1

    Леле, ме исплаши и мене со муабетов :( слично беше и со мене, бев на преглед и колпоскопски ми дијагностицираше ЦИН 1 и некоја раничка на грлото на матката и потоа направив ПАП тест и на тестот се покажа истото, бев преплашена, плачев два дена не знаев што да правам ;( но сепак се решив да одам на ласер затоа што мислев дека ќе биде полошо ако чекам.
    Бев и на контрола по еден месец откако го направив ласер третманот и докторката ми рече дека се е во ред и дека имам само мала инфекција и ми препиша вагиналети Neo-penotran два пати на ден да ги ставам па наредниот месец да одам пак на контрола.
    Е сега ме плаши муабетов од тебе дека не си задоволна од докторката а и јас не ја познавам баш, само два пати имам отидено кај неа и не знам што да правам, можеби треба да отидам и кај друг доктор да видам друго мислење :(
    Сепак мило ми е за тебе што немаш ништо, поздрав и се најдобро :*
     
  10. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Ласерски третман на CIN 1

    ех Немир поздрав мила нз дали ја доби лп.пораката :^) исто и мене ми се случи во Гинекомедика и само бесе финта парите да си ги земе за ласерот..цената е превисока ми правеа ласер и после пак ми се појави цин-2 :( значи ништо од тоа само реклами,и затоа сега ке правам конизација па сто сака нека биде :( поздрав за сите срцки :*
     
  11. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Ласерски третман на CIN 1

    Здраво Анита5, сакав да те прашам, пред колку време правеше ласерски третман во Гинекомедика, и после колку време ти се појави ЦИН 2? Јас ја прашав докторката за тоа дали може да се појави пак и таа ми одговори дека шансите биле многу мали, сега ме загрижува ова што го читам, многу девојки не се задоволни од Гинекомедика, стварно не знам што да правам :(
     
  12. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Ласерски третман на CIN 1

    незнам дали е до докторките или што но јас размислувајки го цело ова после 4 години знаци утврдив дека не е гаранција тоа со ласер :?: и дека не е само парите да се земаат а ти Лизза уживај само не си давај многу пари за се што ке ти каже :!: важно подигни го имуниот систем и не е ништо страшно .она прави ласер и на раницка и на хпв ,а мене пак ме натера да правам на ЦИН-2 што нема шанси :fubar: и за тоа сега после 4 год пак ми се појави и чекам резултати и одам на операција :worried: ама тоа е...ве поздравувам па се читкаме најмили :*
     
  13. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Ласерски третман на CIN 1

    Малку е касно тоа за парите, веќе им изброив 10 000 денари на рака (а за ЦИН 2 мислам дека е и поскап третманот) и за тоа не ми дадоа никаква потврда ниту пак фискална сметка, ама тоа е :worried: сега само се надевам дека нема повеќе да се повтори, па си се тешам самата - тоа што било поминало нема враќање назад, сега и да сакам не можам да променам ништо, веќе се случи само се мислам дали да ја променам докторката, гледам многу девојки се незадоволни од Гинекомедика, ќе видам што ќе биде. А тоа за имунитетот, пијам сега витамини еден куп па ќе видиме што ќе биде понатаму.

    Фала ти многу за одговорот, ти посакувам многу среќа на операцијата и никогаш повеќе да немаш проблеми со ова
    Позз :*
     
  14. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    498
    Ласерски третман на CIN 1

    Не сте ми јасни како можете да не побарате и друго мислење и така слепо да им верувате на гинеколозите. Повеќето од нив се обични бизнисмени, без никаква етика и грижа што на вас од таквата вест ( што може и да е лажна ) животот ви се скратил за 5 години.

    Да ви кажам право воопшто немам доверба во нив, дури и во резултатите од ПАП тестот. Многу често размислувам дека можат што сакаат да заокружат на листот и после само да препишуваат терапии, да те држат под контрола, да ти закажуваат прегледи на 4-6 месеци и сето тоа дебело да наплаќаат. Ако ти е се во ред со ПАП тестот ти ќе одиш на контрола еднаш годишно, а вака си загрижен и си одиш редовно.

    Уште нешто состојбите со цин1, го има па го нема може да бидат моментални. Значи сте поминувале низ стресен период, сте имале вирус, настинка, пад на имунитетот и се покажало дека има нешто, после некое време сте обрнале внимание на здрав живот го снемало.
    Заклучок, секогаш барајте повеќе стручни мислења :*
     
  15. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Ласерски третман на CIN 1

    Да Бланка, се согласувам, но ова го сватив дури сега, тогаш не размислував така и сакав само што побргу да заврши се. Не стоев добро финансиски и позајмив пари за третманот па затоа не ни размислував да одам кај друг доктор на преглед. Сега малку се каам кога читам вака, си мислам можеби требаше да одам и кај друг доктор ама тоа е, помина, сега памет за друг пат.

    Сега планирам да одам и кај друг гинеколог да видам што ќе ми каже и да ги споредам мислењата, но тешко ми е да се одлучам, бидејќи како што поминува времето и јас го имам истото мислење дека повеќето доктори се обични бизнисмени и немам многу доверба во нив, не знам на кого да верувам :(
     
  16. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    857
    Ласерски третман на CIN 1

    за жал, повекето се бизнисмени.

    ја само научив да не верувам слепо на еден лекар, да не избрзувам со донесувањето одлуки, се едуцирав од сите можни извори за СЕ, и сама си донесов одлука за моето здравје. убаво напиша некоја девојка пред мене. на листот можат да заокружат што сакаат. пазете каде одите, распрашувајте се многу пред да почнете со некоа терапија и сами оценете колку гинекологот е стручен.

    околу ЦИН 1,2.... не е толку страшно како што изгледа на прва. ласерот не е гаранција дека нема да с еповтори. ласерот ја отстранува последицата-причината останува во телото. со подобрување на имунитетот,организмот ја маскира промената, добро се носи со неа и ПАП -от може да не ја покаже. наредниот пат, ако имунитетот се намалил, плус некоја инфекција, и оп-папот ке покаже ЦИН. тоа е исто како со херпесот на уста на пример. некои луге штом ке качат температура им се појавува херпес, бриз земен во тој момент ке биде херпес позитивен. кога состојбата ке се стабилизира, херпесот ке го снема, земен брис тогаш нема да го покаже, но не значи дека организмот не е склон на него и нема повторно да го развие. намален имунитет и ете го повторно.
    важно е да се следи состојбата.

    е сега разликата ЦИН 1 и ЦИН 2..... и потребата од ласер....?

    разликата е во степенот на зафатеност, и бројот на променети клетки. кај ЦИН 1 има помала зафатена површина, ЦИН 2 веке поголема. финтата е што ЦИН 1 може да остане и цел живот. никогаш да не помине во 2-јка.затоа не брзајте со ласерот кај ЦИН 1. вагиналетки, покачен имунитет и редовни контроли и тоа е тоа. пак ке повторам. ласерот ке го отстрани зафатеното ткиво. но нема да го унижти причинителот. тој си останува.

    поздрав девојки ;)
     
  17. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Ласерски третман на CIN 1

    Newring86,

    Планирам да отидам и кај друг гинеколог и да ги споредам резултатите, знам дека избрзав со ласерот, но тогаш ситуацијата ми изгледаше многу старашна ( колку повеќе мислам, сфаќам дека докторката така ми ја претстави, како единствена опција ми го кажа ласерот ) а јас, за грев, расплакана, исплашена и избезумена помислив дека е нешто страшно и дека морам што побрзо да отидам на третман...и ете се случи.

    После првата контрола се беше во ред, освен некоја мала инфекција, но мислам дека се ќе биде во ред. Е сега проблемот е во тоа што јас од секогаш сум имала слаб имунитет :( секогаш се раболувам и многу често пијам антибиотици :( и стварно не знам како сето ова со ЦИН-от ќе се одвива во иднина. Докторката ми препиша витамини (Б6, витамин Ц, бета каротен, фолна киселина и антибиотици), но не знам колку тие би можеле да ме заштитат од повторното појавување, или пак да ми го појачаат имунитетот, затоа те молам, ако знеш некој начин за да го зголемам имунитетот пиши ми те молам, ќе ми биде од голема корист :)

    Фала ти за мислењето и за советот,
    Поздрав :*
     
  18. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Ласерски третман на CIN 1

    ее..внимателно ве следам и навистина е така мила :* но сепак искуството валјда си го прави своето :^) ,јас сеуште чекам резултати од биопсијата и сум негативна дека секако треба да одам на хирушки зафат :( кисссс најмилички на сите :*
     
  19. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Ласерски третман на CIN 1

    Јас имам правено ласерски третман во Гинекомедика пред 7 години и многу сум задоволна. Секој различно, можеби во мегувреме се измениле лугето, тогаш само што го купија ласерот, а може сега виделе дека е „плоден“. Како и да е. Долго време бев ок. Лани пак се појави, па после пак се повлече. Мислам дека не треба веднаш да се трча на ласер, туку да се зајакне имунитетот зашто Цин 1 се појавува кога организмот е под стрес или сте биле болни, настанати, односно кога сте слаби, а истиот може и да се повлече сам од себе. За Цин 2 мислам дека е малку покомплицирано. Како и да е, треба човек многу да се распраша на повеќе места. И без нервози, барем тоа се лечи само треба голема хигиена и јак имунитет. За жал, ХПВ вирусот си останува во телото, ама напаѓа само кога сме слаби. Важно е да се оди редовно на контроли и тогаш се ке биде во ред.
     
  20. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    857
    Ласерски третман на CIN 1

    ANITTA5 ..... srekno mila :* pa ke ni pises kako si vazi? :*

    Lizza, za pojacuvanje imunitet, veke znaes i samata. toj e toj sablon- vitamini, minerali....bla bla. ona sto ja kako sovet mozam da ti go dadam e da izbegnuvas hemija. mesto vestacki vitamin c, folna, beta karoten-obidi se kolku sto mozes povise prirodno. eden limun ti menuva od 3-4 tabletki vitamin c, morkov, sveklo, jabolko, zelka....kolku sto mozes poveke. namali kafe, cigari ako pusis probaj da gi otkazes, namali alkohol....
    znam-cuvstvoto deka ne pravis nisto za sebe ke e prisutno celo vreme, no veruvaj mnogu ke napravis.

    plus. pocni da koristis vaginaletki. mozes bilo koi na prirodna baza. kantarion ili bilo kakva mesavina. taka ke i pomognes na vaginalnata sluznica polesno da se regenerira. najubavo e da gi stavas vednas posle ciklusot i da izbegnuvas seks vo ovoj period....

    e sega nikoja od vas ne pisa za parnerot......sega odam-ke diskutirame i za ova ako sakate

    pozdravcinjaaaa :talk: