Јас така го пиев еден месец и толку после не земав пак. Имунитетот сега ми е добар, ама јас правев и ласер. Сега правев пап, па ке видам за еден месец дали ке има резултат ова со имунитетот.
Јас после последниот пап тест не пиев никаква терапија,со бременоста почнав да внесувам повеќе овошје,зеленчук и ете резултатот од пап тестот стигна се е чисто.Најверојатно ми се зајакнал инунитетот.
Хпв -Цин 1 Да ми објасни некој што како е? П.С. поради многуте што ги имам со рак во семејството че правам тест.
Цин 1 е промена на грлото на матката од прв степен. Предизвикан е од хпв. За хпв лек нема, туку се дава терапија за подобрување на имунитетот. Цин1 може и спонтано да се повлече, но и да премине во потешка форма цин2, па цин3 и на крај рак. Значи цин не е рак, туку е преканцерозна промена. Цин 2 се лечи со терапија и оперативно, а цин3 исклучиво оперативно, со конизација при што се отстранува зафатениот дел од грлото.
Во истиот ден ми земаа брис за пап и за хпв, и гинекологот ми правеше колпоскопија и рече како што гледам јас се треба да е во ред, нема ништо. И кога испаднаа резултатите пак имам Цин 1. Како е тоа можно? Дали е можно резултатите да не се точни?
Ми стигнаа резултатите. Некој да ми објасни? Површината на биоптичкоте фрагменти е обложена сквампзнп метаплазиран акантотичен и кератинизиран епител кој покажува јасни знаци на коилоцитоза.... најдени се знаци на хронична инфламација чија морфологија сугерира специфична вирусна етиологија (хпв) ... односно промени од категприја на сквамозни интраепителна лезија од низок степен. Диспластично или малигно шроменет епител не се пронајдени . Совет санација на евентуално присутна неспецфична инфламација и редовна циттолошка контрола на пациентката. Некој
Воспаление предизвикано од хпв со низок степен имаш. Терапија за хпв нема, едино на имунитетот да поработеш.
Пред неполн месец правев Пап тест и покажа Цин 1,гинекологот ми рече да направиме повторно друг Пап и да го пушти за Скопје во МАНУ,сега ми се јави и ми потврди дека е позитивен пак папот,пак покажал Цин 1,ми рече да одам на контрола по 4 до 6 месеци,и ми даде сируп Имунокомплекс. Добар е сирупов? Малку сум исплашена да не ми се претвори во Цин 2 и натаму да оди уште
Пред некоја ден правев биопсија ќе чекам резултати 4 недели(не сум во Мк незнам колку се чека кај нас за резултати од биопсија) Правев пред еден месец рутинска контрола со Пап испаднал позитивен на хпв(никој не ти кажува каков тип е ) со клеточно промени. Пред некоја ден бев повикана на колпоскопија паралено со биопсија истата ден. Сега чекам резултати Докторот само рече после колпоскопсиот преглед "ми изгледа добро" Ниту добив терапија за хпв ниту ништо рече само ќе ги почекаме рез.и ќе видеме што понатаму ако треба терапија. Прашањето ми е има ли шанса рез.од биопсија да испадне уреден да немам цин? Да е само хпв активен? Во кој ни сама не сум уверена дека може да е уреден затоа што пред да одам на колпоскопија читав по нет како се изведува и што покажува во кој имаше дел каде се објаснуваше дека стават јод доле и доколу јодот не се обои во бело нема промени ако се обои во бело всушност тоа се тие или тоа е местото каде што се случува клеточната промена. Па така од после извршената биопсија и колпоскопија дента кога бев во тоалет забележав на хартијата кафеав слуз (за кој веќе ме предупреди др.) и бела др материја..... Некој ако има да сподели искуство каков исцедок имал после биопсија или дали после биопсија добил уреден резултат? Ви благодарам
Женски сега дојдов од гинеколог ,од памет се извадив.Резултати од ПАП покажаа цин1 и сега што? Ми закажа за во Скопје да проверам ХПВ нешто и ништо не ми препиша и ништо не ми објасни ве молам споделете искуства преплашена сум.Мајка сум на 2 мали деца. Едното ми е 23 месеци , другото 5 месеци
Цин знае и да покаже доколку има бактерии направи си и микробиолошки брисеви, следен чекор е брис за хпв типизација да се види дали и кои типови на хпв ги има. Ништо страшно а и да имаш цин само јакнење на имунитетот треба друго ништо.
Пак Цин 1. Имав Цин 2, конизација, 2-3 години ништо, па ХПВ и сега пак Цин 1. Ако не испијам една рака витамини на ден, имунитетот ми слабее и веднаш ПАП-от не е како што треба. Преку глава ми е од ова, со години се маткам. Користел некој Биобрен?
Женички ај помош и довет. Чекав резултати од Хпв типизација излезе се уредно но сум имала Цин1. Е сеа др ми вика имаш 2 опции. Или чекај 6 месеци за нареден папа или закажи кај нас со киселина специјална се мачка и над 90% се губе цинот ама е скапа и кошта 3800.е сеа еден ум за кај попрво. Дајте некој совет шо да правам.
Не е страшно Цин 1, треба да работиш на имунитетот многу и ќе се среди. А можно е и да немаш Цин, јас веќе не им верувам на гинеколозите, дали ти се верува дека два пати ме излажаа двајца различни гинеколози дека имам Цин 1, и ХПВ вирус, се за да ми земат пари за да се пушти наводно Папот во Скопје, и на крај магично и двата пати излезе дека се е во ред, а резултатот го немаше, магично изчезна кога си го побарав да го видам! Не сакам да те бунам, одлуката е твоја на крајот, но во секој случај и да се работи за Цин 1 немаш простор за загриженост, ако тоа те прави помирна, бидејќи гледам дека си збунета, побарај второ мислење, можеби ќе наидеш на совесен гинеколог што добро ќе те упати
Фала ти многу. Др ми вика или чекај или да го изгореме со киселина и потоа парчето пак ќе се обнови. Си викам алоо не е заебанција да гориш дел од матката. Утре ќе се консултирам и со др гинеколог