Се за пари бреејј баш ме занима каква е оваа киселина и шо процедура е тоа Јас ке те соверувам да си изпратис новбрис во приватна лабараторија св мина скопје кај професор патолог милчо
имам чуство дека си прават експерименти со нас искрено ,се за пари имам блиска пријателка што правеше ласер за цин 1 после 4 год пак и се појави и на неа и спомнале за некаква киселина , и баш ме интересира каква е таа процедура и кој доктор е , значи кај неа и велеа као ласер и готово, но е теке пак и се врати и хпв и цин а 29 год е нема рагано , и во паника е сега , пробува со исхрана и витаминска терапија
Абе и ја се мислам дека е за пари. Првите резултати кога стигнаа од обичен пап тест ми вика имаш цин 1 и хпв препорака за контрола. Јас цела испотресена а тоа беше трета ден од кога почина мајка ми. Вика бирај ману или приватна. Во ману ќе чекаш месец и повеќе за резултатите и е 1500 а во приватна лабараторија за 2 до 3 дена и е 2800. Викам ај у приватна кој ќе чека толку и вика супер не се плаши може нема да испадне ништо ќе видиме типизација шо ќе каже. После 1 недела ми ги праќа по вибер резултатите и ми вика чисто е нема хпв. Јас среќна скокам од радост и после 15 мин ми се јавува и ми вика немаш хпв ама имаш цин 1.е сеа како првиот пат коа гледаше вика може нема да биде ништо излева хпв негативно и вика имаш цин 1.тоа била некоја посебна киселина 3800 се плаќа за 5 мин е ќе го изгоре делчето и оно само ќе си се обновело. Нормално дека не се нафатив да ми горат. И сеа сум збунета. Пред 10 месеци се породив а во бременоста брисевите немаа никакви знаци на цин и на хпв. Не знам шо да кажам
без хпв ако имаш цин тоа е од пад на имунитет ти треба јака витаминска терапаија а не киселина и курци палци оди напрај и нов пап по приватните систина ремедика и види шо ке покаже таму ако и атаму ти покаже цин ке ти дадат терапја секоја жена има цин некогаш во текот на годините е сеа баш тогаш нема да отиде за пап и нема ни да знае у мегувреме самиот иму систем ке се среде и коа ке отидш за пап ке биде чист затоа не се секирај него да си го смениш матичниот гинеколог пошто очигледно печале на ваш грб
Се разочарав од него цела бременост поминав супер и го препорачував на сите али јбг. Фала ти на советот. Знаеш ли шо цена се во систина
Zdravo Pravev biopsija na grlo na matka, poradi cin 1 i hpv i 4ti den mi e a jas uste imam krv i kako da me pece nesto vnatre od desnata strana, po internet citav deka e normalno edna nedela da imas krv dodeka zarasnat ranickite, a dodeka doktorkata mi rece za den dva nema da imam nisto i malku sum zbuneta pa sakam da slusnam vasi iskustva
Чисто алое секое сабајле. Влошки, чај од тианде. Многу овошје, зеленчук и семиња. Витамин ц, селен, цинк најбитни.
Девојки совет. Др.Димитров требаше да ми прави биопсија и типизација на 5ти, ама не се појави и за него Др Маџункова ми направи биопсија, ама типизација не . Кога прашав зашто добив глуп одговор дека нешто немале (немам поим што) а и немало потреба зашто се ќе покажело на биопсијата ? Не сфаќам и се изнервирав, ребиопсија правам у две недели од кои Димитров нагласува дека и хпв типизација треба и не доаѓа најверојатно нешто се случило, а јас не се третирам сеуште соодветно (имам цин 1 на едната биопсија и не примам вагиналети или сл оти се чекаше и типизацијата да излезе и сега пак не ми направија) освен суплементи што примам. Да земам бар од др. Wolz да пијам ако не. Стварно два пати ме сецкаат, се тормозам еднаш приватно еднаш на ГАК и никој типизација не ми прави? Ова е веќе безобразно...
Зошто правиш два пати биопсија за толку кратко време? Се сомневаш во првиот резултат ли? За типизација може и матичната брис да ти земе и однеси го на Микробиологија. За две недели ќе имаш резултат.
Оти првиот пат на приватно каналот не ми го провериле и типизација не ми направија а дадов 4000, сега на државно па платив за се, а само ребиопсија добив плус канал проверија. Димитров побара, не знам зашто, ама типизација не добив пак а по негово барање требаше да направат. Коментар на докторката беше "немаме моментално.... (не памтам што ) ама и не ти треба оти го видов каналот чист ти е,јас дочистив, плус ако има нешто ќе излезе на биопсијата "
@LadyC Нека ти земе брис матичната Лејди. Да не го плаќаш приватно, можеш преку нејзе. Имаш цин дијагноза, хпв мора да има, битно е и кој тип е, вака преку здравство ќе ти дојде поевтино
Денес ми дојде ќе мора пак да чекам. Не мора да имаш хпв ако има цин, ама затоа се прави типизација . Бар така доктори ми кажаа. Е сега ако они ме лажат, јас ве лажам вас. Значи скроз ме измалтретираа и наместо јас веќе да примам лекарства јас уште се заеб ... Идиот до идиот.
Баш те измалтретирале... На извештајот од биопсијата дали пишува дека има присуство на високоризичен тип на хпв? Не се паничи само, не е страшно во секој случај. Штом веќе ти е потврден Цин1 слободно можеш да си ја примаш витаминска терапија. Типизација направи откако ќе ти заврши. На Микробиологија е 250 ден. Бета глукан, изопринозин, бета каротен, цинк, селен, витамин ц, алое земај си, можеш и сирупот да си го земеш. Не знам само дали доиш. Ако да, консултирај се што смееш да примаш. Ако закажеш типизација за брзо не користи вагиналети. Инаку 3 месеци, откако ќе ти заврши се користи бетадин вагиналети 7 дена. Ова се мене ми дадоа да користам и во Систина и на ГАК. Потоа можеш и вагиналети на база на кантарион и ацидосалус. Контролен ПАП и колпоскопија на 4 месеци. И пак ќе ти кажам, не паничи само
П.с. не се паничам бар, веќе не и не дојам @Nade-sunrise Како си ти сега? Која беше твојата ситуација?