Не пишува дека има присуство на ХПВ. Затоа и Димитров барал типизација, а зашто докторката не ти земала брис не ми е јасно, 2 сек работа е буквално. Може да немале реагенси, не знам... Направи си типизација нареден месец и ќе знаеш точно. Може и да немаш ХПВ воопшто. Кај мене на пример и на двата извештаи е наведено, атипија на клетки во прилог на постоење на хпв. Кај мене е долга приказна Позитивен пап имав во 2018, типизација позитивна на високоризични типови. Направив биопсија и киретажа со резултат Цин1. Витаминска терапија подолг период, два наредни ПАП-а негативни, но на колпоскопија сепак се гледаа промени на грлото. Потоа почнавме со обиди за бебе и прекинав со суплементи. Повторна типизација и биопсија после една година. ХПВ сеуште позитивно на едниот високоризичен тип и сеуште присутен ЦИН 1 со иста слика како на предходната биопсија. Докторите одлучија дека сеуште може да се следи само. Сега пак ПАП-от негативен, на колпоскопија истите промени и го чекам резултатот од типизацијата. Ако е пак позитивно ќе морам на ласер за да го отстранат Цинот. Се надевам дека во меѓувреме ќе останам бремена
Па главен причинител на рак на грло на матка го рачунаат хпв, и сите предканцерогени состојби т..е цин Не знам под кои други околности би настанал ЦИН, освен ако има можност да не е фатен во типизацијата баш тој хпв што е присутен, иако мислам во вакви случаи се праи тест за сите високоризични ама ај да не си играме доктори Изопринозинот само после типизација ако треба да го пиеш, вака на своја рака не. Земај си витамини, алое вера, доволно е дур да дојде резултатот. Не може за две недели да се влоши состојбата, не се грижи Во Хистолаб ли го однесе примерокот од биопсија?
Првиот од Хистера у Хистолаб. Од ГАК сега на ГАК ќе испитуваат. Дури за 4 недели резултати. Ќе си правам типизација обавезно нека ми заврши. Аман да ти кажам... Дај боже мила. И да форсаш природно. Јас сум цезареа и еве сум породена пред 5ипол месеци и сега после второ ми се дешава ова...
Кај мене после бременост се среди се. И докторката напомена дека цин може да изчезне после бременост.Така и беше.Со среќа
dali CIN 1 e rezultat na HPV i seksualno prenoslivi bolesti dali CIN 1 e povrzan so sekslualen zivot i ako si nemal nisto / seks nekoe vreme ima li sansa za CIN promeni
А кога се прпбува за бебе не треба да се оди на биопсија? И ние пробуваме за бебе а мене ми кажаа ЦИН 2 и требало да одам на биопсија не знам што да правам
Да си направиш биопсија. ЦИН2 и хпв 18 не е дијагноза за занемарување. ПАП-от не е 100% точна дијагностичка метода, затоа најдобро направи си биопсија со ендоцервикална киретажа за да си на чисто со дијагнозата. Зависно од резултатот ќе одлучите со докторот што да правите понатака.
Леле девојче. Какви обиди за бебе со ЦИН2 и ХПВ18, не си играј жити све. ЦИН1 може да се среди во бременост, ама ЦИН2 во комбинација со ХПВ18 сигурно не, може само да се влоши Сега видов дека сум ти пишала пред еден месец и во другата тема каде прашуваше, не чекај побогу. Кај мене од скроз чист ПАП и чиста колпоскопија стигна до ЦИН2 за неполни шест месеци, три дена по наодот веќе бев на клиника за биопсија и киретажа. Се тресам од помислата што можеше да се случи, да не реагирав навремено и да оставев. ХПВ18 е озогласен тип, бидејќи често предизвикува промени во каналот, а тие не секогаш се фаќаат со ПАП, ниту па се целосно видливи на колпоскопија ако се длабоко, затоа МОРА да се направи биопсија со ендоцервикална киретажа. Никако работење на бебе без тие испитувања и оставање на случајност, ама никако.
Еве и јас да се пофалам со добри резултатити, од хпв16 и ЦИС, па Цин2 и пред 3 месеци Цин 1, конечно се е чисто ниту хпв е позитивен ниту Цин има.
За ЦИС правев конизација, испитаниот материјал ми покажа површински ЦИС, подолу ЦИН 2. После 3 месеци на контрола имав Цин 1. Од тогаш до пред една недела (цели 3 месеци) бев на терапија, Изопринозин 15 дена, потоа продолжив со БетаИмуне, испив околу 6-7 пакетки чај за Хпв и Цин од билна аптека Стојанови (дневно по половина кило), Алое Вера гел од Форевер и после секој завршен циклус користев по една кутија вагиналети Гинекс Форте.
Zdravo, sakam da prasam dali vnimavase na ishrana, odbegnuvase li seker? na slicna terapija sum i jas.. kade da go kupam toj caj ? moze li online
https://www.facebook.com/BILNA-Apteka-Stojanovi-1-884859601655879/ еве ти линк, имаат оставено бројче, може да ги контактираш, пракаат по карго. За исхраната не внимаваав, си јадев тоа што го јадев и претходно, само што плус внесував повеке овошје и зеленчук и семиња (чија, киноа, семе од тиква, гоџи бери...).
Здраво на сите, би сакала да ве прашам дали некој има слично искуство како мене. Еднаш годишно правам Пап тест. До сега сум немала проблеми. На последниот контролен Пап тест ми излезе ЦИН 1. Дополнително пишува дека позитвни се 51 и 66. На тестот пред тоа (кој беше пред 6 месеци) беше се во ред. Дали знаете нешто повеќе за ова и како сте го третирале? Што употребувате за зајакнување на имунитетот?
Devojki, vo pap testot mi izleze inflamacija, i kletocni promeni, i mi rece doktorot da napravam hpv tipizacija. Mi rece 80% nemas virus ama mora da se potvrdi vo tipizacija. Lani koga napraviv pap, imav kletocni promeni, doktorkata mi napravi o kolposkopija i pap i mi rece ureden e, nema potrebaza dopolnitelno analizi. Mnogu sum isplasena. Kolku se sansite za hpv ako ima samo kletocni promeni( bez cin ili nesto slicno)???
Mene MI izleze cin 1 i tip 31 I 66 mi Kazaa deka treba biopsija I kiretaza, no ne otidov da MI go pravat istoto probav so vitamini aloe Vera vitamini za matka, sirupi za podobruvanje na imunitetot, mienje so caj od kantarion, pijam I caj od ajducka treva I maj Ina dusicka. Vcera mi zemaa ponovo pap test za Edna nedela ke MI izlezat rezultati PA ke vidam Dali ima podobruvanje. Ako sakas probaj go I ti istoto moze ke ti pomogne Jas so cin 1 imam Lesna lezija. Ako sakas procitaj vo prethodniot odgovor sto konzumiram
Здраво, дали ке може некоја членка што има искуство со Цин 1 да ми пише? На пап ми искочи дека имам, па се уплашив. Било каков совет е добредојден.
Jas bev so hpv cin 1, so mnogu vitamini, smutinja, caj od ajducka treva, caj od majcina dusicka, I banji so caj od kantarion, a I zaboraviv aloe Vera piev za 3 meseci se mi se iscistu Sega pred 4 Dena bev da si go zemam rezultatot od pivtorniot pap nemam nisto, se nadevam deka ke ti pomogne mojot odgovor, so sreka ❤️
Здраво сакам да ве прашам пред еден месец правев ПАП тест испадна дека имам Цин1 почнав со терапија, исоприносин три пати на ден по 2 апчиња,витамин Ц 1000,витамин Е,мулти витамини и А-ликсир 1 ампула,менстурацијата добивам 24-28 дена и ми трае 5 дена денеска ми е 9 ден и сеуште имам некое мало крварење дали можеби е од цин 1 или нешто друго.