Ласерски третман на CIN 1 mi pomogna navistina da razgranicam nekoi raboti , theanks Lacrimosa што се однесува тоа што ти препорачала докторката според мене најдобро е да ти направи колпоскопија па доколку забележи промени , да ти земат дел од тие промени од матката и да ти се направи биопсија- тоа е најсигурен начин за да се провери во кој степен е развиен цинот. ако направиш биосија немаш потреба од микробиолошки испитувања- само дополнителни трошоци...( кај мене како што имав напишано претходно на пап тестот немаше ништо а цин 1 ми установија со биопсија) Не е страшно воопшто,,,а инаку за твоето прашање не делува на плодноста,,, Како што сите напоменуваат треба да се грижиме за своето здравје..
Ласерски третман на CIN 1 Лакримоса, мислам дека нема некое влијание.Другарка ми пред неколку години имаше ЦИН2 и одкако и го дијагностицираа тоа направи ласерски третман, па ЦИН -от се намали на ЦИН1, значи не се одклони потполно.Послем кратко време остана трудна и сега си има две дечиња.Така да мислам дека немаш потреба да се секираш до тој степен ама секако треба да си ја контролираш состојбата редовно.
Ласерски третман на CIN 1 Прво ти кажале се е во ред а после ти кажале дека имаш цин1??? Јас се извинувам ако сум параноична но тука нешто смрди Направи си уште еден пап, аман веќе, излезе дека сите девојки имаат цин1, хпв, бла бла бла. Нема никаква врска со плодноста
Ласерски третман на CIN 1 не верувам на пап тестовите ,,од многуте искуства што ги имам слушнато дека покажува точно ако има поголеми промени,,, ти препорачувам да си направиш колпоскопија и како што реков ако се забележи нешо сомнително - како мозаик, биопсијата е најсигурен метод за откривање..Ти поскаувам на колпоскопијата се да биде во ред па пиши како е.
Ласерски третман на CIN 1 Не знам ни јас, прво ми рече дека е ок пап тестот, денес ми се јави имало промена на клетки, цин 1. Читав и по други форуми, скоро секоја втора девојка има цин 1 и дека не е страшно, треба да се зајакне имунитетот бла бла. Деновиве чекам да ми дојде, и после тоа се договоривме да одам и да направам микробиолошки испитувања, колпоскопија бла бла и вкупно ќе ме коштало 4700 денари, ми рече ајде можеш на два пати да платиш бидејќи сум студент, али не жалам парите ќе направам се само да биде во ред. Сега ми рече ќе сме разговарале околу исхраната, имунитетот, ќе ми дадела и вагиналетки. На моменти си викам ок е ке се среди не е страшен вирус, ама на моменти ме фаќа паника да не ми откријат на слредниве испитувања нешто пострашно.
Ласерски третман на CIN 1 Здраво девојки! Непријатно сум изненадена ов вашите одговори, бидејќи гледам дека голем дел од вас се одлучуваат на ласерски третман ако им се дијагностицира CIN1 !!! И мене пред година ипол ми најдоа ЦИН1, но за среќа моја, снашката ми е одличен гинеколог и има приватна ординација, и она го водеше мојот слчучај. Ме третираше ко свое дете, а јас бев информирана за се,до најмал детал. ЦИН 1 може да се искомплицира и премине во ЦИН 3( рак,кој најчесто се завршува со вадење на матката), во рок од 10години, во случај девојката да не посвети никаква грижа(мислам на земање витамини,вагиналети...). Цин 1 СЕ ЛЕКУВА и само со зимање витамини (најмногу помага матичен млеч) и некои вагиналети! Девојката треба да престане да пуши цигари, алкохолот да се намали, сон е потребен, и поздрав начин на живот! Ова се право со цел имунитетот да се подобри,а со тоа самото тело се изборува против HPV-то кое всушност го предизвикува ЦИН-от! Целата ситуација може да се држи под контрола со редовни прегледи на гинеколог, на 6месеци. Еве, после година ипол, јас сум излечена.Повеќе немам ЦИН1. Ми рече гинекологот дека во следните 12месеце,на прегледите што ќе ги правам,ако не се забележи неуреден пап-тест,значи за секогаш сум се излекувала од HPV. Ласерски третман најчесто препорачуваат приватни гинеколошки ординации, кои вече го имаат купено апаратот за ласерски третман и во нивна полза е да вршат што е можно повеќе третмани за да си го полнат џепот. Онака, за второ мислење,отидов и во ГИНЕКОМЕДИКА! Тие доктори таму немаат никаков професионализам! Само кога ги видов оние еден куп икони на бирото кај докторот-ми се сврте! Ко да сум отишла у црква,а не во амбуланта! Поздрав девојки, и размислете пред да се одлучите за ласерски третман, бидејќи без никакви зафати,само со витамини, ЦИН 1 ,се лечи!
Ласерски третман на CIN 1 Tarantula, ти благодарам што го сподели ова искуство тука на форумов, за девојките малку да се охрабрат, и да сфатат дека ЦИН 1 и не е така страшна ситуација, и дека има решение кое не вклучува ласери и слични инвазивни методи. Девојки, немојте да се плашите, ниту пак да се срамите да побарате и второ мислење. Тоа е ваше право, посебно ако не сте задоволни од лекарот (без разлика за која област се работи). А денес здравјето како што гледам, се сведе на бизнис, впрочем како и се' друго.
Ласерски третман на CIN 1 Значи мене ми е стварни чудно. Како може пред 5 дена кога ми се јави да ми рече се е во ред со пап тестот, а денес ми се јавува цин 1. Треба дополнителни испитувања бла бла 4700 денари. Ке одам кај Лозанковски да направам пап тест и ке му објаснам што ми се случи. И ако немам ништо тогаш со мерак ке и појдам да и кажам. Ајде нека ми објасни некое стручно лице како може од истиот пап тест прво да ми рече во ред е, после цин 1?? Па не ке се замараат тие со денови со мојот пап тест милион пати да го гледаат. едит: Само што и се јавив да ја прашам како пред некој ден се ок,а денес не, и ми се насмеа само и вика мора да направиме испитување да видиме дали имаш цин 1 и дали имаш хпв. И викам а кондом мора да корисиме? Ми вика па да, па не.... Не бе луге јас дефинитивно одам деновиве кај Лозанковски и правам пап тест. Пошо имам некој чуден осекај дека се игра со мене, не знам....
Ласерски третман на CIN 1 lacrimosa јас идам кај др.ложанковски ,,тој уште кога отидов со пап тестовите (иако на нив се беше во ред),,, само шо ме погледна човекот знаеше дека нешо не е во ред ,,и ми рече не е потребно уште сега да правиме биопсија али ја да си одлучам....навистина е добар гинеколог и воопшто не ме исплаши кога ми кажа дека имам цин 1 ,само тоа здрав живот....а за колпоскопијата и биосијата ми наплати 2000 денари...
Ласерски третман на CIN 1 Мене и кога ми правеше вагинален преглед ми вика вака добро изгледа надворешно, и на крај цин 1 уште и ми менува тема кога ја прашав како сега не е во ред а супер беше папот! Абе ајде, мене пуфки ке ми продава и ми вика ааа добро си упатена во овие работи. Е не. Не сакам да осудувам на време, ке одам кај докторов малку ми е срам дека досега кај женско само сум била, ама во моментов сакам само да ја дознам вистината, срамот ми поминува. Само да прашам некоја дали знае како им ги пракаат резултатите од МАНУ во ординациите? Нели на лист напишано, документ така ли? Пример, името и презимето на девојката, и напишан резултатот од папот, како ете кај мене прво што било се во ред. Инаку ефтино ти наплатил, дефинитивно ке одам кај него.
Ласерски третман на CIN 1 во ману се носат тестовите за хпв типизација ( инаку папот ги прават на клиника) може и сама да си ги однесеш ако не ти наплакаат 300 денари ,,,па да на резултатите стои име и презиме,,број на зравствена книшка и ЕМБГ...Немој воопшто да ти биде срам од докторот,,а и сестрата е срцка што е на смена со него,,,се ке ти кажи..
Ласерски третман на CIN 1 А што велите, кога ке појдам кај д-р Лозанковски да му кажам ли за случајов или да се правам на мутава дека онака си правам преглед? Да не испадне после и тој да ме убеди дека имам нешто, а да немам?
Ласерски третман на CIN 1 најдобро е да си го земеш пап тестот од твојата докторка пред да идеш...види дали ти е заокружено следново: Клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции... .доколку е пак ке ти кажам направи си колпоскопија...со неа матката се зголемува од 6 до 70 пати така нешо,,,па се обојува и ако има некој вид на промени се обојуваат во различна боја,,инаку само со рутински преглед неможе да се види таква промена,,,со обичен преглед се гледа само доколку имаш раничка на грлото на матката или кондиломи.. Немој да се паничиш дај боже да немаш ништо добро е да си се провериш,,,пак и само хпв да имаш добро е да си знаеш затоа што 80 % од сексуално активни девојки го имаат вирусот во себе.......само што не е активиран
Ласерски третман на CIN 1 мој советЧ не кажувај ништо. отиди си на преглед. не спомнувај пап тестови, не спомнувај резултати, ништо. остави го да те види, да ти направи ПАП, колпоскопија, прашај си СЕ и САМА одлучи си. ако му кажеш дека си незадоволна од претходната докторка, ке си го крене она докторското его кое сите го имаат, и ништо да не каже вербално, ке направи фацка -она полн со себе, он с езнае, другите појма немаат ова од искуство ти го кажувам. поминав јас низ повеке ординации додека ги собрав сите одговори така да, мој совет ти е: ништо не кажувај .....види што ке ти каже пошто ти секако идеш за второ мислење а не да дискутираш претходна дијагноза :geek:
Ласерски третман на CIN 1 Докторкава дури и апчиња за контрацепција ми препиша на мое барање нормално после сите испитувања пап, преглед на дојки, вагинално ехо и крвна слика. Е сега, деновиве ке одам да правам пап кај друг доктор, и ако испадне дека немам ништо нормално ке ги пијам апчињата вака не смеам , ке си одам само кај него а неа ке ја сменам. И сега дали ке треба само да му ги покажам резултатите од вагиналното ехо и прегледот на дојки дека е се во ред за тој да може да ми ги препишува апчињата, или ке мора тој сам да ми ги направи прегледите? Логично би било само ако му ги покажам резултатите, и онака се од пред 2 недели , али знаете кога се работи за пари се е можно кај докториве
Ласерски третман на CIN 1 За заштита. Не можам да му ја трпам секој месец да се плашам. Плус, така ке ми се регулира и циклусот. Други предности се чисто лице, кожа..... Плус Yaz се со најмалку хормони и не се воопшто штетни, само додека да почнат кај нас скоро сите да ги користат треба да поминат уште 10 години.
Ласерски третман на CIN 1 Здраво, јас имам HPV 18 i CIN2 imam zakazano LLETZ па ме интересира дали некој има вакво искуство и како поминал!
Ласерски третман на CIN 1 елени здраво пред 5г имав и јас цин2 и правев само ласер но за жал пред некој месец пак се појави но по сите околности со пап.,биопсија излезе добро се повлекол што не значи дека нема пак да се јави...но конизацијата не била страшна работа за 1 ден си дома има кажувано другарка моја и се е во ред секое добро мила