Ласерски третман на CIN 1 Ги има некоја користено Нео-Пенотран вагиналетките? Двајцата ми препишаа различни, тој ми препиша канестен 3 а таа Нео Пенотран? Кои да ги искористам што мислите?
Ласерски третман на CIN 1 Нео пенотран ми ги препиша докторката поради цин 1, а кога бев кај докторов кога ми земаше брис за папа ми рече да сум земела канестен 3 заради исцедокот, му реков дека ми е појачан оти треба да добијам, ама сепак ми ги даде.
Ласерски третман на CIN 1 Neo penotran-от ти се за мешана бактериско-габична инфекција, а Canesten-от се само за габична (кандида), али во секој случај првите ти се поефикасни, со еден удар 2 муви тепаш мала шала
Ласерски третман на CIN 1 Иначе стигнаа резултатите од кај докторот, и имам цин 1. А бев и кај докторкава и и викам како прво немав а после да, ми вика дека се збуниле со резултатите од крв. Иако беше точна дијагнозата, за мене е крајно несериозно да се "збуниш" во вакви сериозни работи. Сега сака да ми прави и други испитувања плус типизација, и вкупно испаѓа скоро 5000, стварно многу ми е. А докторов ми вика не се секирај ништо страшно не е, па после Нова година да ми направел колпоскопија и брис и ако имам хпв после типизација, и вкупно испаѓа 2500, а ако немам хпв само 1000ден (колпоскопија и брис), што е дупло поефтино, супер е стварно докторов, а таа само ме плаши. Зедов исто и вагиналетки на база на кантарион, immunace витамини за зајакнување на имунитет, јадам многу овошје и зеленчук, најмногу треба морков (а мене ми се гади од морков али ќе мора со сила),бадеми, ореви, риба, месо, јогурт..... На еден форум прочитав една што имала цин 1, земала од златна пчела некои таблети APISEPT кои претежно биле за лижење, али таа ги потопувала(не пишеше во што али ваљда во вода) и ги ставала вагинално и и поминал цинот. Од вирусот оттарасување нема, али ете барем ќе го нема некое време.:/ Планирам по некое време да пробам ова со APISEPT.
Ласерски третман на CIN 1 Јади ти на сила морков, но земи си бета каротен таблетки дополнително. Тоа е тоа што е корисното во морковот. Имаш од многу производители. Јас пиев од Walmark. Навистина бета каротенот е јак имуностимуланс, а плус помага за ревитализација на клетките.
Ласерски третман на CIN 1 Пред некое време нели пишав, (не знам дали имаш видено), прво ми се јавија дека е се во ред а после као демек имаш цин 1. Е сега испадна дека првиот пат кога ми се јавиле мислеле на резултатите од крв Не сфаќам бунење во вакви сериозни работи, не смее! Иначе читајќи те ми се разјаснија некои работи, убаво имаш објаснато. Во врска со заштитата. Дека џабе е сега користење кондом, и двајцата го имаме вирусот. И јас прво мислев што ако јас се излечам, кога ќе имам однос пак ќе ми го пренесе Така да, создравје да си го носам. Фала Нина, ќе ги земам и нив. Морам да си го зајакнам имунитетот за нареден пат да го немам овој цин, да не дозволам да се развие. Ахх, како старец се осеќам. Со триста апчиња, прегледи, витамини... Фала ви жени
Ласерски третман на CIN 1 devojki site sme za zajaknuvanje na imunitet,, dali voopsto ne smeeme da pieme alkohol?????
Ласерски третман на CIN 1 Вака јас немам цин 1 пу пу не ни сакам да имам...Али познавам една моја пријателка која го излечи цин1 со чај,а нејзина колешка на работа и цин 2 излекувала е сега колку ке ви биде од корист незнам али ако сакате ке најдам и ке ви дадам број па пробајте еден месец и со него немора одма да идете на ласер инаку на природна база е и го правеле во куманово.
Ласерски третман на CIN 1 Не сакаш ама не те прашува ако дојде. Не е страшно, само да се зајакне имунитетот. А мора чајот да се нарача само?
Ласерски третман на CIN 1 Ако го знаете составот пишете го Го знаат ли по билните аптеки или само таа жена во Куманово го продава? Едитирам, прогуглав за чај и еве што најдов. МОжеби некоја од информацииве некому ќе му биде корисна. ПРАШАЊЕ: Дијагностицирано ми е HPV и CIN 1? Што ми препорачувате од Вашата палета за зголемување на имунитетот? Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Ако сакате да го избегнете голтањето на разни антибиотици и на природен начин да го активирате својот имунолошки систем, без двоумење внесете ги следниве производи на Виталиа во Вашата исхрана: Цветен прав – природен еликсир со извонредно богата содржина на избалансирани хранливи материи, природна комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е, К и провитамин Д), минерали (калиум, калциум, магнезиум, железо) и протеини. Во себе ги содржи сите 22 аминокиселини и ензими неопходни за одржување на добро здравје и тоа во природна форма. Делува поволно во случај на замореност, исцрпеност и го зајакнува организмот. Спирулина Натурал – модрозелена алга, најбогат растителен извор на протеини. Ги содржи сите есенцијални аминокиселини во идеален сооднос. Во својот богат состав содржи бета каротен, хлорофил, ензими и Б витамини. Со секојдневно консумирање на Спирулина Натурал ќе ја зачувате виталноста и свежината на Вашето тело. Потребни ви се само 6 таблети дневно за да ги задоволите основните потреби на организмот и да го снабдите со здрави нутритиенти. Чај Имуновит – 100% Ехинацеа. Претставува извонреден имуностимуланс за јакнење на организмот. Чајот Имуновит изобилува со витамини ( А, Е, Б), минерали (железо, калциум, селен, силициум). Клетките на ехинацеата содржат есенцијални масла, полиацетилени, полисахариди, смола на чие присуство се должи нејзината лековита моќ. Чајот имуновит на Виталиа може да ви помогне и против останатите вирусни и бактериски инфекции како што се стрептококните и стафилококните, инфекции на грлото, вагинални инфекции, инфекции на мочните патишта. Доколку чувствувате знаци на ослабен имунитет веднаш почнете со пиење на една чаша свежо приготвен чај од ехинацеа три пати дневно по јадење. Најдобро е доколку оваа терапија ја примените во времетраење од 1 месец. Потоа направете едномесечна пауза со што на Вашиот организам ќе му овозможите да ја манифестира силата на сопствената имуна реакција. Тахебо чај – потекнува од неконтиминираните озонски области на Андите. Се произведува од внатрешната кора на дрвото Ipe Roxo која поседува антибиотски, антигабични, аналгетски и диуретски својства. Има голема моќ на прочистување на организмот од отрови. Присуството на железо во чајот ќе Ви помогне да ја подобрите крвната слика, да го зајакнете имунолошкиот систем и да го подготвите организмот во борбата против разни заболувања. Тахебо чајот содржи супстанции со висок ефект против канцерогени клетки како и антигабични состојки кои ги уништуваат габите и ги санираат инфекциите и воспалителните процеси на урогениталниот тракт. Текстот е преземен од : http://www.vitalia.com.mk/default-mk.asp?ItemID=C80FDCCC7359434C912B3CF1599E3446
Ласерски третман на CIN 1 Маж мислам дека го прави 350ден бил и ти го прака на домашна адреса и си доплаќаш уште 100ден поштарина.Херба Стојанови така ги знам и јас ке се јавете и ке им објасните штокако ви кажал доктор до каде е.али чајот бил многу многу жалам ама помагал е сега не е лошо и да пробате еве ви број 031/426-330,па натаму вие знаете како...Се надевам дека ке ви помогне Имам слушнато и за уште едно нешто али тоа било со количински колку вода во текот на денот да се пие ама не сум запозната со тоа ако дознаам нешто ке ви кажам
Ласерски третман на CIN 1 и јас мислев да порачам од нив , ги имам сите книги кои ги имаат издадено лекување на природен начин,,и во моментот пијам чај по нивен рецепт што го има во книгата ,исто е многу горчлив,премногу...а продаваат и природен еликсир за зајакнување на имунитетот --пушува дека е и за хпв, Цин 1 ,кандида и др.вреди да се проба
Ласерски третман на CIN 1 Аман со ова хпв и цин и се у п.м Дали стварно е вака раширен вирусов или е некоја мода меѓу гинеколозиве да се што ќе видат на колпоскопија им личи на цин. Веќе немам доверба во ниеден доктор, од денес сум си сама свој доктор Ист случај сум и јас, како и повеќето девојки на форумов, а имав "среќа" да отидам во касапницата Гинекомедика, каде не знаат за ништо друго само за ласер, без разлика во кој стадиум е цин-от, а во исто време не ви гарантираат комплетно оздравување Јас одлучив да не ја слушам докторката и да не се залетувам на ласер, него да поработам некое време на имунитетот. Земав да пијам имуностимуланси, испив една доза Zell Oxygen (dr. woltz), еве сега пијам капки од Ехинацеа, А+Д3 рибини перли, вит. Ц, и два домашни рецепти од мед+семе од коприва и мед+мелени бадеми, ореви, сусам и лен Имам уште еден препарат што е во фаза на подготовка, бело вино со рендан корен од рен, докажан кај многу гинеколошки проблеми. Кога се ова ќе го испијам планирам негде јануари повторно да појдам на гинеколог, ама кај друг доктор дефинитивно. И после се ова да видиме дали ќе има цин на следната контрола
Ласерски третман на CIN 1 Завешив работа се е ок и многу сум задоволна од целата процедура,прием,однос во ремедика
Ласерски третман на CIN 1 Здраво девојки, дали некој правел биопсија без анестезија, дали е болно и колку време трае??? Ве молам кој правел да ми одговори Фала однапред