Ласерски третман на CIN 1 Девојки сакам да прашам дали некоја е информирана дали треба да се апстинира од секс за време на витаминска имуностимулативна терапија на цин1? Ваше искуство, препорака од лекар било како, ме интересира да дознаам. Јас веќе месец дена пијам разни витамини и домашни препарати и се чувствувам полна со енергија ко никогаш до сега, па сигурно имало ефект и на цин-от. Ама па не гледам некоја голема полза од апстинирање, зашто и да чекам до јануари за на гинеколог и да ми каже добро е (или не е), јас пак ќе сум со истиот партнер и пак ќе си го пренесуваме вирусот. Така да девојки кажувајте со е паметно да се направи во случајов, зашто не се издржува веќе вака
Ласерски третман на CIN 1 не бе па и ти-нема потреба од апстиненција убаво си даде одговвор самата, вирусот си го имате, партнерот е ист....тогаш-What's the point? ајде ајде-празници се ближат
Ласерски третман на CIN 1 здраво девојки правев пап тест и ми рекоа дека имам цин 1.Не можам да се сетам во моментов како ја нарече постапката ,но тоа вака ми го објасни :требало матката да се намачка со некоја боја и со микроскоп да се видело за цинот. Дали некоја од вас може да ми објасни како оди целата таа постапка,дали боли и слично.Ви благодарам однапред и ве молам пишете нешто преплашена сум
Ласерски третман на CIN 1 Не е воопшто страшно. Мислам дека со јод го мачкаат местото и каде што ќе остане бело тоа е заразеното место и ти прават колпоскопија(микроскоп) и тоа е тоа. Не е ни страшно, ни болно, нема ништо да осетиш, не се секирај
Ласерски третман на CIN 1 Вчера зедов олигогал+селен, и побарав и апчиња со бетакаротен, али аптекарката ми рече да не претерувам со витамин А бидејќи го имало во олигогалот. А баш за цин се препорачува бетакаротен и не знам дали да земам, не е толку страшно мислам?
Ласерски третман на CIN 1 се надевам дека ја погодив темата имам неколку лузни на телото и мислам во иднина да ми ги отстранат со ласер, барем така чув на телевизија дека се отстранувале, и дека пецка па малку ми е страв дали е тоа ласерски третман ЦИН 1?
Ласерски третман на CIN 1 И јас да се вклучам па можеби ке разберам нешто.Имам ЦИН 1 веќе 4 год.Едно време се повлече сега повторно се јави на ПАП тестот.Треба да направам категоризација на кој вид ХПВ се однесува и ми ги споменаа тие ласерски лечења како алтернатива.Незнам како да се однесувам дали трба да се плашам да одам на такво лечење или да продолжам како досега со вагинални и таблети за имунитет.Ваше мислење. И да ви кажам за моето искуство со Јаз контрацептивните пилули.Ги земав бидејќи имав хормонски пореметувања да си ги средам хормоните.Но 3 дена откако почнав да ги пијам јас во буквална смисла ќе колабирав.Почна срцето забрзано да ми чука,притисокот ми беше 50-80,лошо ми беше,немав сила ни да зборувам морав да ги прекинам.
Ласерски третман на CIN 1 Сосем си ја утнала темата. Ова твоево нема врска со ласерски третман на ЦИН 1.
Ласерски третман на CIN 1 Во понеделник треба да правам ласерска вапоризација во Систина. Би сакала да прашам дали некој има правено и дали боли,зашто докторот инсистира да се прави без анестезија . поздравче
Ласерски третман на CIN 1 Па се препорачува ама во дозволени дози. А бидејќи Олигогалот е А+Ц+Е + селен немаш потреба да земаш плус бета каротен, зашто ќе внесеш поголеми дози вит.А од дозволените. Витаминот А е липосолубилен (растворлив во масти) и треба да се внесува во ограничени дозволени дози затоа што вишокот не се излачува и може да предизвика проблеми. Можеш наместо Олигогалот да пиеш посебно бета каротен, селен чист и цинк како посебни таблети, бидејќи се во појаки концентрации како посебни отколку во комбинирани препарати и баш оваа комбинација ја даваат кај ЦИН1.
Ласерски третман на CIN 1 Мене гинекологот ми кажа да земам Витамин Ц (1000 мгр) и селен (1 таблетка дневно) и да имам исклучиво односи со кондом. Значи ми постави 3 тези, во однос на дисциплина: 1. Редовен преглед (на 6 месеци во вакви ситуации) 2. Лекување на инфекција (што фала Богу ја немам) 3. Зајакнување на имунитетот (со витаминот Ц и селенот) Наредниот преглед, освен од ПАП-тест, ке се состои и од ХПВ типизација, што реално не знам што значи и како изгледа, иако таа ми објаснуваше дека е на ист начин како земањето брис за ПАП-тестот. Имала ли некоја вакво искуство?
Ласерски третман на CIN 1 На резултатите ми пишуваше: Препорака - Хистoлошка верификација. Што значи тоа?
Ласерски третман на CIN 1 hi mene me interesira procesot na konizacija,vo slucaj ,,ne daj boze'' da pritreba nekoi kazuvaat sedele nekolku dena vo bolnica,pa lezele cel mesec doma,pa bas mi e cudno sto drugarka ti super pominala daj kazi ni nesto poveke,da gi razresis dilemite sto,kade ,kako i kolku pozdrav
Ласерски третман на CIN 1 Значи дека со испитување на брисот (размаска) е докажано дека се работи за ЦИН 1. Т.е, дека не е на памет дијагнозата.
Ласерски третман на CIN 1 Заборавив и ова, Плантагин вагиналети од кантарионово масло, во рокот од 6 месеци до наредниот преглед, односно наредниот ПАП-тест и ХПВ типизација, да искористам 3 пакувања.
Ласерски третман на CIN 1 Дали некоја има пиено Royal jelly капсули? Од матичен млеч се и пишува дека се препорачуваат при: -намален инунитет, -во тек на болести и период на опоравување, -замор, стрес, -кожни заболувања, анемија, дијабетис, -зголемен крвен притисок, -покачено ниво на холестерол, -менопауза импотенција и неплодност. Што мислите ми одговараат за цинот да ги пијам?
Ласерски третман на CIN 1 Srcka ja dobiv,ama koga ti prakam na tebe lp mi vika deka korisnikot ne postoi pa ti pisav vaka ne znam zasto taka mi se pojavuva