Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

CIN 1

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 29 декември 2009.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ласерски третман на CIN 1

    Како тоа се натопуваат во вода а да не им се губи од составот? :?: Што би се случило ненатопени ако ги ставам? :tmi:
     
  2. maki74

    maki74 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ласерски третман на CIN 1

    Ќе ве молам за мислења, искуства, совети, терапии, се' што знаете за оваа тема. Однапред благодарам.

    Имам напишано во друга тема, со друг наслов и никој нема одговорено. Пишав што точно пишува, каков резултат на биопсија, дијагноза прикажана на биопсија. Докторката ми вели ништо лошо, добар бил, а сепак има нешто, некое хронично воспаление на цервиксот, така кажа. А на ПАП кажува како цин. Пред тоа не ми даде посебна терапија, само вообичаена, со вагиналети и витамини за имунитет, друго не требало, освен редовно следење.
     
  3. Hopihop

    Hopihop Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Здраво, да се надоврзам на темава, и јас имам цин 1 и сакам да ја прашам Eleni73 како е во Ремедика, слушнав дека можело и со плави картони, колку е еден обичен преглед и пап тест и дали си задоволна од таму?
    Поздрав.....
     
  4. Hopihop

    Hopihop Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    И јас го имам истото поминато ви гинекомедика,цин 1 па ласер па сега пак треба да одам,ама како што читам има многу незадоволни од таму а и јас си помислив да побарам второ мислење ама не знаев каде,иначе досега имам три пати одено и имам правено пап тест па микробиолошки тест па ласерот и неиднаш не ми имаат дадено резултати црно на бело туку само докторката ми кажа и тоа на колпоскопскиот преглед дека имам хпв, ве молам кажете каде на друго место во Скопјево можам да одам затоа што не сум од Скопје ама тука живеам веќе 4 години а ова со хпв и цин 1 ми е од пред 10тина месеци и на нет ја најдов гинекомедика закажав и отидов,ама ако знаете некое поасолно место кажете.
    Фала однапред
     
  5. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    cin 1 и ласер?????Женава стварно сака да те упропасти,подитно барај друго мисленје ,цин 1 показува и ако имас некој инфекција ,за оваа дијагноза е потребана само понатамосно контролиранје на ситуацијата ,никакво третиранје ни со ласери ,ни со раствори со нисто!!! :@ :@ :@
     
  6. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Здраво Хопихоп, како што можеш да прочиташ од погорните постови, Силвана на сите девојќи им го кажува истото, така што под итно ти треба мислење од друг гинеколог. Јас не можам да ти препорачам гинеколог бидејќи не сум од Скопје, но разгледај ја темата „Добар гинеколог“ и мислам дека ќе добиеш одговор, има многу доктори што ги фалат.

    Поздрав и само смирено, стресот не помага во никој случај :)
     
    На Hopihop му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hopihop

    Hopihop Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Е сега знам дека треба да барам друг гинеколог ама тоа е, и јас не сум од Скопје ама тука живеам веќе 4 години и затоа кога требаше прв пат да одам на преглед на интернет ја најдов гинекомедика па си реков ај приватна е демек поскапо ама поарно и се зафркнав, ај парите што ми ги зедоа как било ама ме испрепале докторката на секое ново одење ми измислуваше дека имам инфекции само за да ги правам тестовите кои се многу скапи.......................ги испрочитав сиве страни баш на оваа тема па сега ќе одам кај некоја друга па да се надеваме ќе се среди се......................сепак фала
     
  8. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Гинекомедика ми беше НАЈГОЛЕМАТА грешка во животот, ама тоа е, јас сама си згешив никој не ме тераше со сила да одам на ласер, сега нема враќање назад, бидна што бидна ми ги собра парите а можно е и воопшто да немав ЦИН 1 кој знае. Сега ќе одам кај друга докторка да се прегледам па да видам што направила Д-р Силвана. Инаку и јас ја најдов Гинекомедика на интернат, имаат реклами насекаде по интернетов, по фејсбук буквално секаде, и со тоа ги лажат девојките да одат и да им ги берат парите. Страшно !
     
    На Hopihop му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    CIN1 и ласер? Зошто? :^)
    Значи поентава на CIN1 е што е најнизок степен кој може да се развие во повисоки, но не мора да значи. Може целовремено да се држи под контрола. А CIN1 може да покаже на резултатите од ПАП-тестот дури и кога не е баш тоа во прашање, но сепак постои некоја инфекција. Очигледно, половина од женска популација го има, а покажало така зашто во моментот и бил паднат имунитетот. А не мора да значи дека го има.
    Примена на ласерски третман може да излезе како опција во некоја од посериозните форми, т.е. CIN2 или CIN3.
    Инаку, корисно е секогаш да бараме второ мислење. Очигледно целото здравство ни фукнционира на принципот - симболика за кражба, т.е. да те направат дека имаш нешто, дури и да немаш за да те одерат.
     
    На Hopihop му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Да, сега ми е се јасно, ама проблемот е во тоа што тогаш не бев запознаена со овие работи и кога ми кажа докторката наеднаш се исплашив и помисив дека е нешто сериозно и дека треба веднаш да се интервенира и се закажав за на ласер. Таа ниту ми објасни дека состојбата може да се контролира, дека треба да пробам со јакнење на имунитетот или пак дека треба прво да правам контроли за да видам како ќе се развива доколку навистина имам ЦИН 1. Најпрвото нешто што го спомна беше дека ќе се излечи со ласер да не се секирам. Сега знам дека згрешив и ова ќе ми биде памет за друг пат.
    Како и да е, страшно сум револтирана од Гинекомедика !
     
    На Hopihop му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Зоната е премногу чувствителна па дури и за таква инфекција да се применува ласер. Па и вагиналети не се препорачува да се користат редовно, за да не се раздразнува областа и да не се пореметува вагиналната флора уште повеќе, а не другото.
     
  12. teeeaaaa

    teeeaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Значи ова со Гинекомедика на сите истото им се случува, и јас имам лишо искуство од таму
     
  13. Hopihop

    Hopihop Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Лелееееееееееееее Lizza и кај мене беше ама баш исто така, и јас се исплашив и направив се што ми рече докторката затоа што немав друг избор и мене исто не ми објасни ништо само ми кажа дека имам цин 1 и дури не ми ни ги даде резултатите да си ги видам тоа ми беше најсумнително ама сега дефинитивно не одам таму, еве веќе барам други докторки па ќе видиме што ќе се случи.....
    Фала ви луге на советите...................... :)
     
  14. oven-skorpija

    oven-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    здраво
    јас сум нова на овој форум и како сите вас и јас сум со мака

    пред 2 недели ги зедов резултатите од пап тесто и имам цин 1 и присуство на хпв вирусот. сеуште не сум ги однела резултатите кај гинекологот а се плашам од биопсија да правам така пишува на листот од патологот совет.
    ве молам за совет? дали е потребно биопсија и колку е страшен цинот, не пушам цигари се хранам здраво и дали може сам да се повлече и колку влијае на плодноста присуството на хпв то и на цинот
    :D :D :D :D :D
    исто така сакам да кажам дека цин 1 веќе го имам подолго време околу 8 месеци и примав вагиналети од кантарион и др лекарства и знам конзулмирав имунобор уро 2 месеци но ми се нема преминато во цин 2 3 и сл
    само мн ми е страв од биопсија дали боли дали е потребно да се направи .

    поз
     
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Биопсија

    Биопсија е постапка на земање на мал дел од ткиво со големина на врв од игла, кое што се зема од местото каде што се воочени неправилностите. Повеќето жени при биопсијата чувствуваат само благ убод. Примерокот од биопсијата се испраќа во лабораторија каде ќе се прегледа со микроскоп да се види дали во него има неправилни клетки. По биопсијата може да се јави слабо крварење кое трае 3 до 4 дена. Можете да ставите влошка или тампон. Ќе биде потребно најмалку еден месец за лекарот да го добие вашиот резултат.

    Резултат од биопсијата

    Ако со биопсијата се пронајде нешто абнормално, промената ќе биде рангирана според нејзиниот степен и резултатот ќе му биде испратен на вашиот лекар. Воочените неправилности во примерокот од биопсијата на грлото на матката се нарекуваат цервикална интраепитална неоплазија (ЦИН) и се означуваат со степени од 1 до 3: ЦИН1 (блага), ЦИН2 (средна), и ЦИН3 (тешка).

    ЦИН 1

    Во примерокот од биопсијата се воочени благи неправилности. Кај повеќе од половина жени со таков резултат, не е потребно лечење, бидејќи неправилностите ќе се изгубат сами од себе. Но, некои жени и понатаму ќе имаат неправилности или ќе се влошат и ќе им биде потребно лечење. Затоа, жените со резултат ЦИН 1 внимателно се следат.

    Ако сте биле испратени на колпоскопија заради средни или тешки неправилности, и ако вашиот резултат од биопсијата е ЦИН 1, постојат две можности за следење:

    1. Ако колпоскопијата покаже нормален изглед на клетките во грлото на матката, ќе ви биде предложено да направите втор Пап-тест за шест месеци, и трет за дванаесет. Ако повторениот Пап-тест е:

    Нормален – може понатаму да правите само рутински прегледи
    Со гранични или благи промени – ќе ви биде предложено вториот Пап-тест да го направите за 12 месеци
    Умерени или тешки промени – повторно ќе бидете упатени на колпоскопија

    2. Ако колпоскопијата укажала на благи промени, ќе треба да направите втора колпокопија за 6 месеци. Некогаш се препорачува отстранување на променетото ткиво за да се намали ризикот од развој на рак на грлото на матката.

    ЦИН 2

    Во примерокот од биоскопијата се воочени умерени неправилности. Промените оценети со ЦИН 2 се склони кон напредување и влошување. Жените со таков резултат се советувани да посетат лекар и да ја отстранат неправилната област, за да се намалат шансите за развој на рак на грлото на матката.

    ЦИН 3

    Воочени се тешки неправилности. Промените оценети со ЦИН 3 лесно напредуваат. Сите жени со ваков резултат се советувани да посетат лекар и да ја отстранат засегнатата регија за да се намалат шансите за развој на рак.
     
  16. oven-skorpija

    oven-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    ок фала
     
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Инаку, не влијае на плодноста и бременоста. Еве, прочитај наназад, а исто така и во темата zdravstveni-problemi/ranicka-na-grloto-na-matkata-t41/120.html, пишувале феминки искуствено дека не им влијаело, па си имаат здрави дечиња и се чувствуваат одлично. :)
     
  18. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Мене ми го даде резултатот да го видам, имаше триста работи заокружувано таму, ама сепак требаше да објасни за што се работи и како треба да се лекува, а не веднаш да ме тера да одам на ласер, и јас од кај да знам, може таа си заокружила таму што и одговара неа, затоа наредниот пат сама си го однесов примерокот од брисот и сама си го зедов резултатот и испадна се во ред, излезе нормален наод.

    Инаку избор има ама изгледа ние во тој момент одлучивме да го избериме баш она што не треба :)

    Поздрав и ти посакувам среќа во потрагата по нов гинеколог :)
     
    На Hopihop му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17

    Ќе се самоцитирам со надеж дека ќе ми одговори некој.

    Пред одредено време прашав за АСКУС но не добив одговор, не знаев каде да го поставам прашањето па го поставив во оваа тема, се надевам не зрешив.
    Ако има некој што е запознаен со овие работи ве молам нека пише, чекам одговор :)
     
  20. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Дали може вагиналети од кантарион да се ставаат на пример два пати или еднаш во месец?
    Или не смее да се претера секој месец?