Не мора да ме послушаш, но ќе ти кажам мојот гинеколог што ми кажа: биопсијата е за слушање. А бидејќи овие два типа кои ги имаш се потенцијално високоризични зајакнувај го имунитетот. Ласерот се препорачува за високоризични и безизлезни ситуации. Го избегнуваат за ЦИН1 промени дури и да се предизвикани од високоризичен тип на ХПВ. Така ми кажа, а така и по нетов сум читала. Ќе си одиш на контроли на 6 месеци, ќе ја следиш состојбата.
Јас хпв имав 16,52 и 53,значи највисокоризичните и ги излечив со Варумин.Да не го рекламирам,ама на последниот наод немав ништо.Дали првиот бил тотално грешен или ништо не сум ни имала,немам поима,сепак редовно ке проверувам да не има пак некоја грешка.За цин1 мислам дека повеќето препорачуваат подобрување на имунитет,па последна опција ласер.Јас прво би одела на природан варијанта. Може ли да пишеш како помина на биопсија,каква е процедурата,каде ја направи,колку те чинеше? И јас треба да одам,се одложувам зашто пробав да го бркам Горан Димитров на сите страни и ми се смачи веќе и не ми се ни оди,а морам.
Јас за реклама не го сметам, сме споредувале и досега искуства со користени лекови и имуномодулатори. Сепак, за здравје се работи. Во врска со тоа - пиеше чај Варумин или другото, не знам што е, апчиња, раствор...? Јас сум го гледала во аптека чајот (Варумин Хербал мислам дека се викаше) ама некако сомнителен изглед ми имаше. И плус читам на интернет добри искуства поврзани со него. Колку време користеше?
Jas bev vo Sv .Lazar na biopsija dobro pominav so anestezija celosno bev traese 10 min a cenata bese 9400 den. [mod-kirilica:297y3jqw][/mod-kirilica:297y3jqw]
здраво девојки ги читам мисленјата и коментарите ке ми казе некој кој се симтомите на цин 1 уфф како сум плашлива ке полудам човек да не знае веке како да се заштити
здраво девојки,,,,,еве ме мене како JAK борец,која веке ја поминав и конизацијатааа(имав цин2 ).....и тоа се помина како со треба у дрзавна болница кај докторката викторија ,,,,прекрасен доктор,,,во нејзините раце се осекаат сите пациенти сигурни (пример сто мој другарки,пријателки со цин 1,2 ги упатив кај нејзе),,,и ситеееееееееее поминаааа екстра ве поздравуваммммммм.............
Sakam da te prasam zosto citav na net deka konizacijata e porizicna od laserot za devojkite koj seuste nemaat deca navistina li e toa? sto ti kazaa na tebe zosto na mene mi dadoa perjod od 3 meseci ako ne se podobri da odam na konizacija i se mnogu plasam Pozdrav [mod-kirilicai3pj8th][/mod-kirilicai3pj8th]
Пап тестот ми покажа некоја реакција , инфекција .Правев брисеви 3 на хигиенско и еден во МАНУ . Ми кажаа дека имам кламидија + цин 1 , брисот од МАНУ покажал 39% ХПВ реакција. Ми даде АЗИМЕД апчиња и вагиналетки ПОЛИГИНАКС (POLYGYNAX) , потоа ми рече биопсија да ми прави ( не знам што е тоа) .. ве молам за мислење
Бипсијата е најточен и најсигурен метод за да се утврди точно во кој стадиум си, доколку како што кажуваш имаш ХПВ односно на папот ти покажало Цин 1. Јас правев минатата година Биопсија и на резултатите ми беше дијагностицирано Цин 1 иако пап-тестот беше во ред ( не е воопшто страшно). Инаку ете на последните тестови, после година време го излекував Цин1. Мегутоа треба да си направиш ХПВ типзација за да знаеш точно кој вид е. ( нискоризичен или високоризичен). Од мое искуство ти препорачувам доколку може да си дозволиш да ги пиеш Бета Глукан, 3000 денари се ги има во зегин, заедно со Цинк и селен ( ете ме мене после година излечена без ниедна бактерија и негативно присуство на ХПВ) .
Фала што ми кажа , те молам можеш ли да ми кажеш каква е процедурата на биопсијата . Дали е со анестезија колку време трае ..се плашам и поради бактеријата
ДЕВОЈКИ ШТО Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ КОЛКОСКОПИЈА И БИОПСИЈА? УФФ..И КЛАМИДИЈА И ЦИН 1 ,,МНОГУ СЕ ПЛАШАМ , И ДЕЧКО МИ ЌЕ ОДИ ДА СЕ ПРОВЕРИ
Колпоскопија е едноставна постапка која му овозможува на лекарот темелно да го прегледа грлото на матката и да открие можни неправилни промени. Колпоскопијата е слична на земањето примерок за Пап-тестот, освен што за копоскопијата се користи посебен микроскоп кој се нарекува колпоскоп. Тоа не е воопшто понепријатно од Пап-тестот бидејќи копоскопот останува надвор од вагината. За да се изврши копоскопијата, треба да легнете на грб на поставената маса, во положба слична на онаа за Пап-тестот. Докторот во вагината внимателно ќе го внесе спекулумот за јасно да се види грлото на матката. Понекогаш се зема и примерок за Пап-тест. Потоа, со копоскопот ќе се прегледа вагината. На грлото на матката се нанесуваат разни течности кои овозможуваат полесно да се воочат неправилните делови. Доколку со копоскопијата не се пронајде ништо, понатамошната постапка ќе зависи од резултатот од брисот земен од грлото на матката. Вашиот доктор ќе ви ги објасни можностите кои ви се на располагање. Ако со колпоскопијата се утврдат неправилности, лекарот ќе земе мал дел од ткивото со неправилности (биопсија) за да се утврди дали му е потребно лечење или не. Понекогаш, ако сте биле упатени на колпоскопија поради средни или тешки неправилности, можно е да ви се понуди лечење што побрзо. Вашиот лекар ќе ви ги објасни предностите и недостатоците на потребниот третман. Спојлер Извор: http://www.ecca.info/mk/cervical-cancer ... scopy.html На последниот мој преглед, докторот ми направи и колпоскопија со тоа што го премачка грлото на матката со Бетадин (јод) и зумирано неколку пати гледаше дали постојат неправилности. Не е различно од правење ПАП тест, само што наместо брзо земање брис, неколку минутки гледа внатре низ колпоскоп. Биопсијата е веќе натамошна процедура која опфаќа откинување на делови од грлото на матката од неколку места, заради анализа на истите и отврдување на конечна дијагноза, како и можно лекување.
Фала на одговорот. Јас правев пред еден месец ПАП- тест , после брис и сега ми рече биопсија бидејчи ХПВ има 39%. Рече тоа е многу висока вредност затоа има можност да не е само цин 1 туку може цин 2 или цин 3 . не знам зошто ја прескокна колпоскопијата. Вторник закажав за биопсија па што сака нека биде. Тоа е болно најверојатно . Не знам дали ќе ми требаат денови или поминува како заб ко ти вадат fala na linkot
јас да ви кажам пред околу 2 години кога се проверував ми кажаа дека имам цин 1 и хпв од нискоризичните ,хпв не е до толку страшно секоја 3та жена има , а од цин се исплашив и ништо посебно не правев освен што пиев апчиња за имунитет 3 месеци како терапија и јадев што може повеќе овошје и зеленчук ...после период од 6 месеци кога бев на преглед цинот беше изчезнал така да се е до исхраната и до имунитетот ,колку е поздрав организмот тој самиот ги исфрлува хпв си е тука но нема што да се прави со него :/ така да водете поздрав живот и се ќе се среди само по себе и задолжително со апчиња за иунитет ,имунобор на пример се покажаа ептен добри а не се скапи ,јас прво сакав да зимам од тие биобренот но ми кажа докторката дека само името им е големо и држат цена а немаат врска,затоа 3 месеци си пиев имунобор околу 350 ден се ...еве планирам сега пак да си земам едно пакување чисто ради превенција
Мили мои,на минатиот пап имав само хпв нискоризичен и потенцијално виско ризичен,сега после 6 месеци имам хпв + ЦИН 1 и сега что да правам немам поима..закажав на лекар,не знам дали има потреба да се праи биопсија да утврдат дали навистина е цин 1,дали да одам на ласер да го отстранат стварно не знам,под стрес сум цело време нерзвозна сум а баш тоа не треба у ситуацијава,ќе ја влоши само...ајде дајте ми некој совет помагајте
како бе цин 1 со ласер ќе ти острануваат ,па не тоа опасно до толку...мене ми изчезна само од подобрување на имунитетот ,не ти дадоа никаква терапија за имунитет ? ако не ти дале оди кај матичниот да ти препише или пак на своја рака...тоа воопшто не е за ласер ,да не те лажат ...и не се нервирај ,ќе помине ! само да работиш на подобрување на имунитетот со терапија а ист о и со исхраната ,многуууу овошје и зеленчук ,секој ден колку што можеш !
Лаик сум во оваа област, па да си прашам нешто. Секои 6 месеци при рутинска контрола го правам тој пап и ми земаат брис, и секогаш викаат ке ти се јавиме само ако има проблем. Фала богу досега никогаш не сум го добила тој повик. Овие хпв, цин се резултати од тој пап, или некои дополнителни испитувања кои при контрола дополнително ги правите? ( нагласив дека сум целосен лаик во оваа област)
Мене до сеа докторов ми нема направено колпоскопија викасе дека немало потреба ввака на прв поглед му изгледало се во ред,не знам дали да настојувам сеа да ми напраи а успут и биопсија за да се потврди дијагнозата..оффф муки
Пред некои 7 години на редовен преглед на Пап тестот ми се појави ХПВ и ЦИН 1.Мислам дека полудев од грижи.Правев типизација.Се консултирав со тројца гинеколози.Сите ми го кажаа истото да го покачам имунитетот.Доста читав на интернет,сакав да имам што повеќе инфо. Примав 7 инекции интерферон алфа(нормално препишани од гинекологот).Незнам што немам пиено од витамини,алое вера гелови,имунал капки,почнав да пешачам,вежам и поздраво да се хранам.Одев на котрола на 4 месеци.После година ни трага ни глас ни од ХПВ ни од ЦИН-от.Докторот е презадоволен.Еве веќе 6 години имам чист ПАП и никакви проблеми.На гинеколог си одам н 6 месеци зошто сепак мислам дека ако нешто се открие на време полесно може да се спречи или лечи.