Најбитно за вирусните болести е да се зајакне имунитетот. Јас имав цин 2 пред неколку години, и тоа многу брзо напредуваше. Од само вирус до цин 2 за 4 месеци стигнав. На биопсија не одев, само бев на преглед на цервиксот, и ми правеја моментна слика на оштетените региони со цел да се види дали ќе напредува. Е тогаш ме фати паника и решив да си го сменам животот комплетно. Почнав неколку нови работи. Прво и најбитно е позитивен став. Ме фати инат и си викам едно вирусче не ме победува па што сака нека е! Прво почнав да спијам редовно по најмалку 8 часа. Почнав да викам НЕ за проблемите на другите и се ставив на прво место за прв пат во животот. Почнав јога часови, 2 пати неделно со професор и уште 2 пати дома иситите вежби. Има и на интернет курсеви бесплатни, ама кога имаш закажано поверојатно ќе отидеш. Плус има некоја енергија кога и други вежбаат со тебе. Почнав да пијам алое капсули, и матичен млеч (ревита сокче на растворање). Почнав да јадам само готвена храна од дома, и многу салати и овошје, и на работа си носев. Никако купена преработена храна. Е сега за ова треба многу време и труд ама се исплати. Најмногу јадев варени јадења без месо и без зејтин. И многу семиња. Семки, сончоглед, бадеми, лешници, ореви. Било кое семе битно непечено живо и несолено. Ги исфрлив белите работи од храната (брашно, шеќер и сол). И почнав да трчам. Прво смешно ама што е битно за здравје трчаш. Многу е битно зноењето, да се исфрлат токсините. Пиев чај од кантарион органски, гаден ама чуда прави. Масло од кантарион ставав на тампон и го носев ноќе. Сега има готови вагиналетки од кантарион комбинирани со други работи па можеш и тоа да пробаш. И после само 3 месеци чудо, ни цин ни хпв. Ништо. Не ми се веруваше. “ пати правев пап и на типизација бев и ништо немаше. Инаку предходно имав типизација хпв 31 високоризичен. Организмот сам ќе се излечи, дај му само мнооогу добра храна и чувај го. Се нешто што ќе понесеш накај устата прашај се дали ќе му годи. Сега нови работи што можам да препорача а што тогаш не ги користев се спирулина органска, чиа семе и мелено ленено семе (тогаш го јадев во јадења готвено ама најдобро е свежо мелено). И масажа 1 неделно на цело тело, ако не можете да си дозволите да отидете на масер нека ве масира некој дома, или самите барем стапалата масирајте си ги. Значи ова е мојот детален рецепт со кој оздравев. Па изберете си што ќе пробате. Најбитно е да се сакате самите себе, се друго ќе си дојде само по себе. За малку ќе го заборавев најбитното. Сега кога дојде време да забременам ме фаќаше паника, ама супер помина. Да не речам од прв обид. Па немај гајле. Само позитивен став.
Моја пријателка имаше цин2. Mногу лошо го прифати тоа, отиде во Плодност и му дадоа терапија некоја... откако направи биопсија последно му кажаа дека сега се е во ред
се секавам дека лани најдов за цин 1 и 2 како поим на фемина и деновиве си велам ај да прочитам што како а страв во коски леле мајко ова со биопсијава ме преплаши богами а не сум мала уште малку 29 години-кој знае што ме чека понатаму Господ нека ми е на помош и паметот во глава многу е тешко да си женско
Zenski bi sakala da znam kolku e bolna konizacijata, dali e so anestezija i kako odi postoperativniot period. Fala odnapred
Јас правев конизација во Ремедика кај д-р Бабушко. Морам да ти кажам дека сум презадоволна од се. Не е болна воопшто бидејќи си под целосна анестезија. Е сега после операцијата мораше да одмарам (лежам) месец дена,ама сега за здравје се работи.
Fala mnogu bas i jas sum vo Remedika kaj d-r Jovanovski, toa me interesirase dali si pod lokalna ili celosna anestezija. A za posle kako e taka A koga odes vo WC te pece bole????
За Цин 2 искуство ве молам? Ми го открија сега 4 ипол месеци по пораѓај... У понеделник сум на киретажа.
Ми правеа у Систина. Денес со колпоскопија се утврди дека има нешто, ми правеа повторно пап надвор и внатре посебно и биопсија од 3 места. Сега ќе чекам резз...
Цин 1 испадна. Чекам циклус да помине и одма типизација да ми прават за хпв... Искрено, се надевам ќе го исчистам целосно. Благодарам од срце, како помина ти?
Јас имав цин3 и го отстранував со конизација. Моментално имам Цин 1 и примам терапија, јакнам имунитет, чај за цин пијам. Контрола имам за 2 месеци. Се надевам ке го снема со помош на терапијата.
Devojki sakav da ve prasam tie sto imale cin3 dali imate nekaki promeni simptomi primer menstaruacijata e porazlicna od voobicaeno ili nekak a bolka vo dolniot del na stomakot me Interesirase toa..bidejki ako ima cin3 dali imas promeni ozbilno krvaris imas bolka vo stomakot ili ne se izvinuvam vaka ama me Intersirase toa
Симптомите што ги наведе може да се последица на многу различни состојби, инфекции, цисти, хормони... За себе ли прашуваш? Те читав во друга тема дека пап си правела скоро и ти е чист, не може за толку кратко време да развиеш цин3
Јас имав цин3, никакви симптоми немав. Менструација редовна, точна до ден, се нормално. Открив случајно на редовен преглед.
Da pravev mi bese cist ama sakav da prasam posto jas imam cista na desniot jajnik ama mi rekoa deka e vodena ama eve veke 2 meseci pominaa mnogu me boli posebno pred da mi dojde I koga sum so menstruacija na desnata strana I me Intersirase da ne mi e nesto poseriozno sega koga ke pomine mens ke odam pak
Во јануари добив дијагноза ЦИН 2. Резултатот всушност го дознав на 5ти фев. За 3 месеци го излечив. Бев на биопсија и излезе дека немам ни ХПВ ни ЦИН. А имав ХПВ 18ка. Се' е можно.