Да. Добив дијагнозаЦИ Многу нешта... Без алкохол, бело брашно, цигари. Едно кафе на ден - без шеќер. Никакви рафинирани шеќери. Никакви купени сокови. 2 пати неделно риба. 3 недели секое утро варовита вода, после еден саат 3 капки масло од чајно дрво, после еден саат лажичка (голтка) блендана чувар куќа со мед и лимон, после ова перга - во меѓувреме си гладен, После 1 саат можеш да внесеш нешто. Многу лук секојдневно. Прополис 3х10 капки на ден Секој ден по еден цитрон Витамин Ц 1000 со цинк 50 и селен 200 Од салати само цвекло - домашно направено, сварено и додадено вода, сол и ЈАБОЛКОВ ОРГАНСКИ ОЦЕТ. Секоја вечер златно млеко. Легнување во исто време, спиење повеќе. Не знам дали заборавив нешто... Да, на пап-от покажа ЦИН 2 со ХПВ 18ка во јануари. Во април правев биопсија покажа дека е се' чисто Ориганово масло и пиев и ставав внатре со шприц (ова не го правете доколку сте бремени или планирате бременост)
Всушност најверојатно ти и си немала ЦИН2, можно е папот да ти бил погрешен. Некако ми звучи невозможно за нецели три месеци да се повлече дисплазијата. Да си ја направела биопсијата во јануари после папот, можно е истиот резултат како сега да ти го покажел. Каде го носеше тогаш резултатот од пап?
Мислиш? Резултатот го носев кај повеќе гинеколози и сите се согласија дека ако беше ЦИН 1 може ќе беше погрешен резултат, но со ЦИН 2 ми рекоа нема шанси да е грешен. И јас се надевав на грешен. Не мислам дека не можно бидејќи јас променив цел живот овие 3 месеци, од легнување, станување, вежбање, јадење, пиење, се'. Еве види како жената исто за 3 месеци не го послушала гинекологот да оди на операција, туку решила да проба сама да го елиминира ЦИН 3 и да премине во ЦИН 2 односно да се спаси од ножот, и успеала! Како?
@Norah Jones мислев од која лабораторија беше резултатот, брисот каде го носеше? Што знам, ми звучи неверојатно па баш дека е ЦИН2 скроз да се повлече
Dali imase nekakvi simptomi..? koga imase cin 3 dali imase bolka vo grbot ili menstruacija poobilna..
Што е тоа Цис...? Дали е опасно тоа Цин 3 и како се излечи дали може да има проблем понатаму за бременост на кој гинеколог беше на приватно или бидејќи мајка ми има па ме интересираше како се излечи од ова..
ЦИН 3 – промени од тежот степен или висок ризик, Цис ( канцер ин ситу) исто е промени од висок степен. Оваа се предканцерозни клетки, значи сеуште не е канцер,бидејки овие клетки се наогаат на површината на грлото на матката и малку подолу, но се уште не го пробиле ѕидот на грлото на матката. Правев конизација, тоа е хируршка интервенција која се изведува вагинално, со анестезија и трае околу 1 час. Бев два дена во болница. Ја правев во Жан Митрев кај докторка Ирена Андонова. Со хируршката интервенција се отстрануват заболените клетки. Потоа продолжив со витамини за зајакнување на имунитетот. Понатаму не постои проблем за бременост, на мене после 6 месеци од хируршката интервенциија ми беше кажано дека веке може да планирам бременост доколку сакам.
Ахам ти благодарам што ми објасни... А освен тоа симптоми немаше никакви? Со менструација како беше дали крвараше повеќе од вообичаено.. Бидејќи читав и пише дека може да се појават вакви симптоми
Јас немав никакви симптоми, циклусот ми беше нормален како и претходно, редовен. Баш никакви симптоми немав.
Чај за хпв и цин од билна аптека Стојанови-Куманово. Имаат и фб страна таму можеш да најдеш тел. бр. за контакт.
Zdravo sakam da prasam kakvi simptomi imavte ako imate cin 2 ili cin 3 dali cuvstvuvate nekoi simptomi.. Denes bev na ginekolog na eho me vide ne utvrdi nisto ni tumor ni cisti nisto a me bole se se ednata strana dolu..i mi zema pap test pa sega sum zagrizena neznam sto moze da izleze.. Dali ako imam rak na grloto na matkata ke se pokaze I na eho?
Luge eve mal del od mojata istorija povrzena so hpv I cin 3 Teska displazija. Veruvam MN devojki/zeni se isplaseni tokmu poradi ova I znam skoru sekoja vtora se soocuvaa so ova vo tekot na zivotot. Vaka zapocna mojata prikazna . 2017 prv pat hpv pokazuva na redovni kontroli so nikakva promena . 2018,2019/2020 pap test cist Bez nikakvi promeni I ni pojava od hpv. 2021 sep mesec hpv pravena tipatizacija , tip 18 I 53 , I Teska tisplazija cin 3 ,I sega pocnuvaat site paniki strav kako sto ponatamu , promena na ishrana I mnogu vitamini I sekako spremanje za konizacija vo Sistina najbrzo sto mozam zosto stavot r pregolem . Blagodarnost do Dr Aleksandar Bojadziev pomina uspesno konusot vleguva vonzdravo tkivo I MN Mal epten mal del od grloto na matkata otstraneto. Sto voopsto ne pretstavuva problem za bremenost. ( Da napomenam nemam uste deca) . Seto toa se sluci za Eden mesec doznavanje deka imam Teska displazija I zaedno so konizacijata . Posle operacijata da ja narecam taka miruvanje 3 nedeli I MN vitamini toplo go preporacuvam sirupot na Dr Woltz imuno complex. Eve sega posle 1 mesec pravev pat test I e cist , cuvstvoto e preubavo I sekako kontrola redovna ! Devojki /zeni DVa pat vo Edna godina na kontrola zosto eve Po mojata slucka vidov I deka Edna's godisno ne e dovolno za da dojde do neubavoto. Izvinete malku e dolg tekstot I moeto pisuvanje e so auto spell na mobilen hahaha , no se nadevam na nekoj ke mu pomogne mojata prikazna I dokolku nekoj I'ma prasenja slobodno prasajte I edno da kazam nikakvi simptomi nemas, zalno e sto koga ke se pojavat simptomite e kasno . Pozdrav I imajte ubav den
Mili moi feminki. Eve me i mene da spodelam iskustvo so vas a i prasanje....na 28mi Juni bev operirana od CIN2 i HPV35-grloto na matkata,na operacija se slucilo problem tkivoto se podiskinalo od matkata pa doktorot Saso Dimitrovski vo drzavna SK me siel i rece deka se ke bide vo red da ne se sekiram. Jas pred da me operiraat imav simptom kako na toplina i vrelina dole vo vaginata no i sega go imam povtorno istiot simptom. Rezultatite seuste ne se gotovi....doktorot mi vika deka normalno bilo toa no mesec dena pomina od operacijata. Nekoj sovet od vas i mislenje ke ve molam