Рак Сакале да го признаат тоа или не, раковите најдобро се опуштаат во својот сопствен дом. Со помош на својата фантазија, тие можат да го претворат во угодно летно место за уживање. Појдете кај нив наутро на кафе или навечер за да седите заедно на тераса или во двор. Кога ќе се собере фино друштвенце со блиските пријатели, опуштената забава кај раковите може да потрае и до раните утрински часови. Тивко, интимно и префинето. Ако се одлучат на патување, изборот би паднал на море, но не на бучни места. Најдобро ќе се одморат на некои мали места, каде не треба да се изненадите ако ги видите како наутро купуваат риба од локалните рибари или размислуваат шетајќи по празна плажа.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII) Сабота, 22 Јуни 2013 Денес случувањата во вашиот живот ќе започнат да се движат во позитивен правец. Престанете да ги триете очите во знак на неверување, туку искористете го поволниот период за да добиете нешто кое одамна го посакувате. Не одбивајте покана за патување која ќе стигне до вас. Можно е токму таа да означи почеток на прекрасно партнерство.