CreaClip за прекрасни креации на косата (сам свој мајстор)

Дискусија во 'Коса' започната од Abeja, 15 јануари 2014.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.776
    Пол:
    Женски
    Во обид да научам уште една вештина во мојава кариера, се изнагледав видеа за шишање и правење фризури и наеднаш оп видео со CreaClip.
    [​IMG]

    Јас го сакам ова со машинчето
    [​IMG]

    Производов го имало одамна а јас сега дознавам за него. Служи за потшишување, шишање, кратење и обликување шишки, боб фризури, правење степен итн...и тоа за ултра кратко време во својот дом, без да имате потреба да одите на фризер. Звучам како Цацко на рекламата за сармите, ама вистина е, барем во тоа ме уверија бројните видеа.
    Еве мало упатство
    https://www.creaproducts.com/pdf/Customer Written Instructions 2011.pdf

    исто така и видеа

    http://www.youtube.com/watch?v=TvSdAKKksgQ

    http://www.youtube.com/watch?v=YQXNogi3kbo

    http://www.youtube.com/watch?v=XKTnmfbk8nU

    Има ли некој информација за CreaClip дали се продава во Македонија, каде, која цена и слично?
    Можеби некој го има па да сподели искуство? :?:
     
    На Oki777 и anggell им се допаѓа ова.
  2. Mihaelasimonova

    Mihaelasimonova Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Лелеее , ова чудово уште одамна го имам сретнато по нетов , за жал досега не го имам сретнато кај нас .Што е најважно и 1000-1500 да е ти се исплаќа да го купиш , пошто тие пари кога тогаш ке ги фрлиш по фризери за5 см коса .Сигурна сум дека мајка ми би ми го купила. :$ :$ хихи :$.Или некој од Америка да ни го прати или од нет. :/