1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Cytomegalovirus - Цитомегаловирус

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Serafima, 30 октомври 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Кога ја анализирав крвта ми е откриен овој вирус. Би сакала да прашам доколку некој знае, како се добива, како се лекува и кои се последиците од присутноста на овој вирус доколку би забременила. Многу сум загрижена :( , ве молам за совет?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Цитомегаловирусот припаѓа во групата на херпес вируси, па како и сите херпес вируси кога еднаш ќе навлезат во организмот на човекот остануваат латентни (прикриени) и се активираат само при намален имунитет, стресови, нервози, имунокомпромитирачки состојби и слично.

    Ретко предизвикува посериозни клинички состојби, иако може да биде опасен за лица со компромитиран имунитет - ХИВ позитивни, кај пациенти со трансплантирани органи или ткива и новородени. Обично се наоѓа во плунковните жлезди, но може да биде најден и во други делови од организмот и секако во крвта.

    На светско ниво, околу 45-50% од светската популација го има овој вирус. Се пренесува преку близок контакт (размена на телесни течности) - го има во плунката, крвта, урината, солзите, мајчиното млеко, може да се пренесе и преку сексуален однос, како и од мајката на фетусот во развој. Исто така, многу често се пренесува меѓу децата во градинките.

    Превенцијата е иста како и кај повеќето вируси: одржување на високо ниво на лична хигиена, избегнување контакт со голем број луѓе во затворена просторија, редовно миење на рацете со сапун...

    Клинички, оваа вирусна инфекција може да помине без симптоми, евентуално да се манифестира слично како инфективна мононуклеоза со подолготрајна покачена температура, болки во грлото, а понекогаш и благ хепатитис (не е опасно).

    При бременоста: ако бремената жена заболи од овој вирус во текот на бременоста (значи да биде во активна форма, а не притаен), може да се јават проблеми. Овој вирус, заедно со токсоплазмозата, херпес симплекс и рубеолата е во групата на инфекции кои предизвикуваат конгенитални аномалии. Меѓутоа - само, исклучиво АКО ПОСТОИ ИНФЕКЦИЈА, ако е активен во текот на бременоста, значи ако мајката има клинички изразени симптоми. Инаку, ако е мајката носител на вирусот кој не е активен, тој може да се пренесе на фетусот, и треба да се внимава во перинаталниот период поради тоа што новородените немаат развиен имунитет.

    Обично нема потреба од посебна терапија, ама како превентива може да се дадат интравенски имуноглобулини IgG (за засилување на имунитетот). А редовна терапија со вакви имуноглобулини и антивиротици се дава кај имунокомпромитирани пациенти.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Annath, ти благодрам за одговорот. Поздрав :)
     
  4. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    8.526
    Здравоооооо,

    еве и јас конечно се ресив да станам член на најдобриот и најголем форум, за жал поради една мака :)

    Значи во мај месец имав спонтан. Сега правев микро и други прегледи, и преглед на крвта.
    Со брисевите се ми е во ред, но во крвта ми најдоа ЦМВ ИГГ позитив , значи citomagalovirus.
    Значи не ми е јасно зошто треба да правам хистеросалпингографија, кога имам вирус во крвта.

    Читам дека не се лечи тогаш што треба да правам.

    Дали некој друг има некакво искуство со ова.
    Некои ми викаат и дека не се запознаени зошто ретко кој прави анализа на серум (како што викаат докториве), во случај на спонатан.

    Помошшшшшшшшш
     
  5. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    8.526
    за сите оние со ист проблем


    само да ви кажам дека бев на лекар, и дека не е нисто страсно знаци порано сум имала некој вирус а сега не е активен и се е во ред