Здраво. Јас почнав да пијам Диане неколку дена, лицето ми се исфрла повеќе, ама тоа не ме плаши како ова што читам по нет дека починале неколку девојчиња од истиве??? Лол. Сега страв ми е да продолжам да ги пијам..... Инаку осеќам гадење, ама може и од циклусот ми е моментално, и така болка во стомак ама не е страшна, истите симптоми ги има и во вообичаени ефекти.. Е сега некој да ми каже од искуство што ги пиел, какви последици имало, за колку време ви се средиле акните и слично?
Оди на лекар да му кажеш јас ги пиев три години без прекин и на карај шеќерот во крфта ми го покачија не се баш безопасни позз
Јас имам позитивно искуство пд Диане. Прво ги пиев Јасмин, но имав доста вртоглавици и нагон за повраќање од нив и воопшто не видов подобрување во однос на акните и ги прекинав после неколку месеци. Сега пијам Диане, третиот месец сум при крај и немам никакви нус појави, а и лицето ми е 80% исчистено. Плус немам такви страшни болки при циклус како што имав.
Здраво. Пиев диане лани 3 месеци,по пауза од 5 месеци повторно ги пиев уште 5 месеци.последната ја зедов во јуни. После тоа добив обилна менструација а сега ми доцни 8ми ден. Дали е можно да е од таблетиве? Гинекологот вчера ми рече немаш најава за менструација а ни за бременост. А направив и тест по 4 дена доцнење негативен беше. Ве молам за мислење
Не грижи се толку, те гледам и по другите теми. Обично требаат околу 3 месеци за да се стабилизира менструацојата кога ќе прекинеш со апчињата. Сепак хормони се, не може веднаш се’ нормално да си продолжи. Ти доцни поради тоа најверојатно. Каков беше ризичниот однос?
Ризичен мислам без заштита ама без свршување внатре.. тоа го применуваме 10години.. Докторката ми даде добростан таблети па ме занима доколку нема бременост за колку време би добила од нив?
Феминки на Јасмин сум веќе 10 дена, повремено крварење и нагони за повраќање беа првите симптоми, но приметив дека како минува време, така моето ментално здравје е се по лошо. Анксиозност, блага депресија, губење на апетит... до непостоечко либидо во моментов... иако немав предходно проблем со ниедно од горенаведените. Искрено едвај чекам да ги завршам. За сите тие што мислат да ги почнат, имајте во предвид дека менталното здравје е многу битно, по битно од било какво моментално задоволство. Се надевам ќе му биде корисно ова не некој што сеуште се мисли дали е правилна одлука да почне. П.С. Јасмин ги почнав по препорака на матичен гинеколог и истиот ме советува да не ги продолжувам, така да, не земајте на своја рака ништо.
Се согласувам. Исто и јас имав мачнини и сите симптоми кои ги посочуваш. На почеток не бев сигурна дека е од нив и почекав неколку месеци, но потоа ги сменив за Диане 35 и воопшто немам никакви проблеми.
Од Јазз хормоните се поправив 25 кила за 6 месеци. На НИКОЈ не му ги препорачувам, полоши хормони не постојат. Оние Јасмин некои девојки ги фалат дека дури ослабеле од нив, некакви искуства со Јасмин?
Нема правила зависи организмот тебе како ти ги прифаќа. Јас еве од микрогинон кои ги пиев ради здравствени причини, ослабев. Има многу што се здебелија.
Мене па баш ЈАЗЗ најмногу ми годеа. Јасмин некако на повраќање ме тераа. Микрогинонот така така. Кај секого различно
Кога ги пиев Јасмин омав постојано нагони на повраќање. Потоа паузирав и ми дадоа Диане и немам никакви проблеми, дури ослабев некое кило. Само што не ми помогнаа со акните. Сега ќе одам кај гинекологот да видам што ќе ми предложи.
Zdravo zenski, pijam diane 35 poradi problemi so akni. Dali vi pomognale i kolku vreme treba da se pijat za da ima efekt?
Pocnav da pijam diane 35 po preporaka od endokrinolog.. Mi bese tret den od menstruacija i mi rece da go pocnam na tretiot deka vekje sum vo menstruacija pa slednata menstruacija od prv den. 21 den zemav 7 dena pisi pauza , za da gi zemam kako sto kaza posle 5 tiot den da zapocnam pak. Pocnav da gi pijam vo 11satot nautro i utre treba da pocnam so vtoroto pakuvanje. Dali ima vrska sto ke napravam pauza samo od 5 dena za da reguliram sekoj mesec vo prv den da pocnuvam da pijam.
Има врска, не може еднаш 7 дена пауза, еднаш 5 дена. Си пишува убаво во упатството. Не знам како можел да ти каже да почнеш да ги пиеш од 3 ден... но кога веќе си почнала терај по упатството, 21 ден ги пиеш, па после пауза колку што пишува таму.
Pijam Dijane 35. Dali ima vrska namesto redosledno ponedelnik sum ja ispila tabletata od slednata nedela . denes e vtornik i ja zedov od vtornik. Dali moze tabletava od ponedelnik da ja zemam vo nedela ?