Јас имам катастрофални проблеми со лицето. Употребував се и сешто но џабе. Пред година дена отидов на гинеколог и ми дијагностицира полицистични јајници, исто така ми препиша и терапија диане 35, првите 3 месеци моето лице беше двојно исфрлено, додека после третиот месец почна ептен да се чисти. По првите 6 месеци следеше 3 месеци пауза, за време на паузата моево лице стакло, самодовебата на највисоко ниво, јас на своја рака несакајки си ја продолжив паузата уште еден месец за тој месец моето лице пак почна да "произведува" акни. Пак почнав со диане 35 и веке 3ти месец без никаков ефект, ми ја покачува само телесната тежина. Откако ги пијам диане 35 имам качено добри 12 кг, држам секакви диети но залудно, дувањето никако да се запре а да не помислам за намалување, исто така и градите ми пораснаа ептен што планирам да одам на хирушки зафат. Сакам да ги прашам тие што користеле или користат Јасмин дали се ефикасни и дали поправаат. Исто така имам слушнато дека од Јасмин или Јаз имало смртни случаеви, не знам точно од кои.
Јас ги користам Јасмин веќе три години и не сум се поправила 100 грама. А, и жива сум Мислам за килажата дека делува кај секого различно. Јас сум била на други таблетки пред тоа, ама и со нив не се поправив, па можеби до организмот е. За тоа колку се безбедни ич не им се плашам, си ја вршат работата добро за таа цел за која ги земам(да не забременам). На контрацептиви сум 11 години, не сум имала цисти на јајници, полицистички јајници, не сум се поправила, а лицето ми се исчисти уште на почетокот. Откако ме ставија на Јасмин немам промени со кожата. Ама тоа што ми е чисто лицето може и од годините да ми е Испитани се и тестирани пред да се пуштат за генерална употреба. Кој го интересира да го прочита упатсвото за употреба, ќе види дека многу фактори влијаат за тоа дали една жена може да ги зема без проблем, друга со претпазливост, а трета воопшто не, но затоа има и лекари што работа им е да знаат дали да ги препишаат или не.
Диането ги фрлив во шоља и пуштив вода , мајка ми ме искара затоа што ми рече дека не треба да се прекинат на сред терапија, можно ли е да искрварам?
[quote="black-angel" па нормално дека ќе искрвариш тоа им е и дејството по нивниот прекин[/quote] За какво крварење станува збор? Обилно или месечен циклус? Се надевам нема да добијам анемија
За какво крварење станува збор? Ме исплаши сеа. За нормален циклус или пак некое обилно? Не верувам дека би станала анемична БТВ ги прекинав после 5-6 дена пиење
таман работа анемија, нормално менстуално крварење е,како и да кога и да си ги прекинала пак ќе си добиеш
Сакам да прашам ми најдоа циста на левиот јајник и имав многу силни болки и стомакот ми е надуен. Ми кажаа дека треба да пија контрацепсиски апчиња. Кажете ми ако знаете дали е тоа во ред и дали ако не ги пијам ке ми се појави повторно? Ве молам за објанување и одговор! Ви благодарам
Јас пиев Диане 35 околу 6 месеци заради проблеми со хормоните , мензисот ми доцнеше , ме болеше стомак премногу. Кога ги прекинав одма забременив И сега прв пат по породувањето ми дојде мензис и не ме болеше стомакот. Ке видиме другиот месец ако пак се повторува како и пред породувањето ке почнам пак да ги пијам.
Контрацептивните таблетки било кои се битен фактор кој може да доведе до хиперлипопротеинемии кои доведуваат до атеросклероза на крвните садови, која атеросклероза е причина за срцеви заболувања и болести, опструкции на крвните садови. Затоа доколку ги користите за цел да не се забремени, подобра опција е coitus interruptus (прекинат полов однос) или презервативи. Доколку се користат при дијагноза, на пример цисти миоми и други генитални заболувања се ок, во ред е да се пијат. На своја рака земање никако. Последиците од контрацептивните таблетки се одразуваат најчесто во 40 деценија од животот и понатака. Е сега немора да значи дека ке направат проблем, индивидуално е. Ама сепак добро е да се знае ова како превентива. Ова е факт, напишан е во литература да не мислите дека трескам глупости .
диане 35 се појаки од јасмин и ги препорачуваат на девојки со покатастрофален хормонален статус како мојот во случајов... ке почнам да ги пијам.докторот мн убаво ми објасни зошто диане а не јасмин. диането содржат хормони кои во јасмин ги нема. и затоа и се појаки. се надевам дека нема да се поправам и нема повеке влакна на лицето да добијам.ке ги пијам поради полицистични јајници што е очигледно.вежбам и правилно се хранам.т.е моментално сум на некој вид диета. најпрво се е до здрава храна. ке дадам резултати за некој месец да видам како ке оди.размислувам позитивно сега за сега . а што и да е ке се среди
Претходната 2011 година, ми доцнеше периодот од Јули па до крајот на Септември. Кога дојде крајот на Септември траеше 3 недели. Отидов на гинеколог и ми препиша Orgametril. После првата терапија немаше фајде. Потоа уште една, па уште една..... Кога видов дека нема фајде, отидов кај друг гинеколог. Првиот ми викаше дека сее во ред со мене, кога отидов кај вториот ми рече дека имам полицисични јајници. Ми проверија хормоните и тестостеронот ми беше 4,8, што е 0,8 повисок од нормалното. Ми ги препиша Dianne 35 и еве денес го испив првото апче. Но, како што читав овде, има многу лоши искуства со овие апчиња, но морам да ги пијам и некако да си го барам лекот, бидејќи неможам да престанам да крварам. Од септември месец, единствено не крварев додека го пиев Orgametril-от, но не можам цел живот да ги пијам.
пијам диане 35 втор месец.но, денес ми беше прв ден а јас заборавив да се напијам а и не можам сега во моментов зошто немам купено а е касно . дали има проблем утре сабајле ако се напијам .ако почнам од втор ден ?
Гинекологот ми ги напиша да ги земам овие апциња пошто имам многуу не редовна менструација и последно време ми излегува и брада многу.Ми даде два кутии ама јас го испив само едната и менстурацијата ми се брати во нормала и втората го оставив и после неколку месеци повторни истата приказна менструацијата ми доцнеше повторно и тек сега земав осте една кутија диане и поцнав да ги пијам но овој пат разлицно од првиот пат сто ги пиев ми излегува многуу кафеав исцедок секој ден кога ги пијам и кога имама сексуални односи ми излегува и крв.Дали некој сто ги котистел може да ми кажи дали ова е ормално и да ми го каже цбоето искуство со овие апциња? фала однапред
Треба да се користат подолг период, ништо не делува од еднаш. Консултирај се со гинекологот зашто може ќе треба да ги смениш, други апчиња да ти даде. Овие апчиња што се на хормонска база различно делуваат кај секого, ретко се случува да ти се погодат. Незнам само дали така ти ги дал или претходно беше на испитување? Ако не си била, да си појдеш обавезно, да се знае дали имаш полицистични јајници или проблемот е хормонски, ако имаш и влакненца на брадата, може да ти е покачен и тестостеронот. Во секој случај, ако е ова проблемот, ќе мора да го следиш за да се стабилизира, зашто во иднина ќе треба да бидеш мајка
диане 35 Терапијата со Диане 35 трае од 6 до 9месеци(а не 1месец или 2 како што ти правиш). Многу е важно и на кој датум започнуваат да се пијат, не може како сакаш, туку на точно одреден ден од циклусот. Тоа што ти потекува крв,кафено и сл. ако си почнала да ги пиеш како што треба, во тој случај сукрвица се јавува поради тоа што организмот сеуште не го постигнал доволното количество на естроген. Затоа и не се прекинуваат така апчињата туку се пијат одреден период, додека да почне организмот сам да си го ствара доволното количество потребен хормон. Исто така овој проблем се појавува и кај девојки со зголемена телесна тежина, доколку и кај тебе е така, потруди се да ја намалиш и изрегулираш тежината.
Јас имав многу обилни менструации, како резултат на задебелена матка. Ми препишаа Примолут Нор 7 дена по 2 таблети дневно, па потоа да направам пауза од неколку дена, и да продолжам со јасмин од вториот ден од циклусот. Резултатите од Примолут Нор беа одлични, менструацијата ми беше навистина многу помалку обилна од вообичано, можеби 60% помалку. За резултатите од Јасмин треба да почекам уште некој ден, бидејќи вчера ја испив последната таблета. Планот беше после ова да ставам спирала Мирена која многу го намалува крварењето, само ќе мора да го одложам ставањето бидејќи гинекологот ми препорача да ја ставам кога не планирам патувања во период од два месеци, затоа што организмот може да не ја прифати, и да излезат компликации, па не е згодно тоа да ми се случи кога сум на одмор . Затоа се мислев да продолжам со Јасмин уште 4 месеци, па потоа да ставам спирала. Само ме мачат пропратните појави на таблеткиве. Откако ги пијам имам ужасни главоболки, какви што не сум имала до сега. Многу сум понапната, не се трпам, а либидото ми е отидено во неповрат. Во принцип ова се симптоми кои ги има наведено како можни, ама се ретки, кај 1 од 1000 жени. Ги имал ли некој друг овие, или кави и да се други симптоми од Јасмин? Гледам дека повеќе реакции има за Диане 35, а од Јасмин главно сите се задоволни. Друга работа што ме мачи е поврзаноста со рак на дојка, и некако ич не ми се пијат поради тоа. Не дека од 4-5 месеци употреба ќе ми стане којзнае што, ама шубе ми е... Од друга страна обилниве менструации ме убиваат, не функционирам тие денови. Немам болки, туку омалаксана сум, ма изнемоштена, не можем да одам, по земја се влечам.
Дијанево 35 ги пиев и јас,ги пиев цела година,бидејќи имам нередовна менструација 2-3 пати во годината само.Имав и акни на лице.Додека ги пиев се беше супер,лицето стакло,менструацијата редовна ех после тоа коа престанав да ги пијам после една година пак иста песнаа.Па пак ми ги препишаа и пак почнав да ги пијам.Баш тој период имав добиено и никако да ми запре,цел месец имав и мајка ми ме однесе на Гинеколог во Битола.Таа рече демек вакви апчиња не се даваат на жени што имаат родено,а не на деца.Ми рече пак да појдам коа ке престанам да крварам.Јас ги прекинав апчињата и непојдов на контрола и сеа пак истото ми е на 6 месеци добивам :/ Незнам ни јас што да правам и како да правам ;/