Убаво размислете и информирајте се за контраефектите на овие пилули. Јас имам пиено 8 месеци Јасмин, поради проблеми со акни, проблемот со акните за време на тие 8 месеци исчезна. Но како контрефект ми се појави појачано опаѓање на косата, променливо расположение и ја изгубив желбата за секс. Кога престанав да ги примам уште долг период ми траше опаѓањето на косата, и не жувствував желбата за секс што многу ми пречеше во врската. Најискрено ве советувам да размислите двапати дали да ги примате, ако станува збор за здравствен проблем за кој се единствено решение скако дека се лек, но за нередовни менструации, акни, влакнавост и контрацепција побарајте алтернатива.
Да во Среда треба да го започнеш новото пакување. Значи 7 дена пауза, 8-от се започнува новото пакување. Како што имаш започнато да ги пиеш ќе ти испаѓа секое ново пакување да го пиеш во среда и по можност во исто време со најмногу каснење од +/- 1 час.
Диане ми одговараат,од нив и лицето ми се исчисти,не ни знаев дека и тоа им било намената..сите сексуално активни девојки во Германија земаат вакви таблетки,тие што се во долги врски де.а мора претходно консултација со гинеколог,мене мојот ми ги препорача тие.ни влакнатост,ни зголемен апетит,знам само дека првиот пат кога ја земав цел ден само на секс мислев
[СДК] Сакам да кажам... http://www.libertas.mk/%D0%B2%D0%B8%D0% ... %BE%D0%B4/ Ги пијам овие апчиња веќе пола година а можеби повеќе. Сега на интернет прочитав предизвикувале тромбоза а и карцином односно рак. Тоа пишувало и во упатството ако се користел повеќе време. Прочитав пишуваше НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА РАК И ТРОМБОЗА.. Ако некој повеќе знае нешто за овој лек нека ми пише незнам дали да продолжам да ги пијам....
[СДК] Сакам да кажам... Еве уште малку за твоја информација: http://www.guardian.co.uk/world/2013/ja ... rug-deaths Го преведов крајниот цитат: Diane-35 се дава за привремена употреба кај жени со сериозни акни и не би требало да се употребува како орално контрацептивно средство. Сите жени коишто употребуваат комбинирани орални контрацептиви се во опасност од венска тромбоза и треба да бидат информирани за овој редок но потенцијално сериозен страничен афект, посебно ако земаат Diane-35, изјави Dr Wooltorton. "Diane-35 should be reserved for temporary use in women with serious acne and should not be used solely as an oral contraceptive. All women who use combination oral contraceptives are at risk of venous thromboembolism and should be informed of this rare but potentially serious adverse effect, particularly if they are taking Diane-35," Dr Wooltorton added.
[СДК] Сакам да кажам... Доколку ти ги препишал доктор значи имало потреба да ги примаш апчињата ама не треба временски да претераш. Не знам зошто толкава фама се крена баш за Дианево деновиве кога уствари сите хормони горе доле ги имаат истите негативни последици. Јас кога отворив на гугл за овие јас што ги пијам исто ми отвори за смртни случаи, случаи со рак и тромбоза и уште триста други работи од кои косата ќе ти се крене, ама тоа се случаи еден во милион. Затоа внимавај на себе и на некои симптоми што мислиш дека ти се појавуваат поготово ако имаш проблеми со крвта или вишок килограми. И прашај го докторот како и колку треба да ги пиеш, како што знам јас претежно ги даваат од 6-8 месеци, па се прави пауза па ако има потреба се примаат пак. Грешка ти е што не си го прочитала упатството веднаш кога си ги купила првите апчиња, еве ти го онлајн целото, разгледај си го детално. http://www.reglek.com.mk/dokumenti/upatstva/1633_1.pdf
[СДК] Сакам да кажам... Добро, а како на друг начин да си помогнеме ние што си патиме од хормонски пореметувања. Здрава исхрана можеби? Билки и народни чуда? Пробав се, ама баш се, а ситуацијата не се подобруваше. Мене одлично ми делуваат овие апчиња. Знам колку бев здувана, колку ми беа исфрлени рацете, а за хирзутизмот не правам муабет. Не планирам да ги пијам доживотно, ама две години морам. Се знае дека имаат и нус-појави, ама нели секој еден лек ги има? На страна тоа, ова е синтетика, не е природно, нормално е дека секој организам не може да ги прифати исто. Туку редовиве мои очигледно забегаа. Мене ме интересира какв терапија би примале покрај ова?
Јас ги пијам тие исто така за хирутизам. Немам акни никакви, нити пак сум дебела само хирутизам. А ми кажаа дека исто така можеш да се здебелиш додека ги пиеш. Пушењето предизвикувало инфаркт во комбинација со апчињава. А вистина е тоа за тромбоза и карцином прочитав во упатството и како разбрав ако се пијат долго време може да се случи тоа нели се и контрацептивни. Јас веќе ги пијам 7 месеца и треба да одам на контрола. Колку толку помогнаа ама се некако споро ми иде не се губат лесно влакнава.
Може малку оф топик одам, ама што е тоа хирутизам? Искрено прв пат слушам за ова Едит: помеѓу овие две, кои би ги препорачале, во смисла да имаат помалку нус појави? Ги читам сите мислења и како што забележав јас, повеќето користат Yasmin. А и порано имам читано дека Diane 35 имаат повеќе негативности. Значи, јас немам некои посериозни проблеми со акни или слично, туку сакам да ги земам чисто поради контрацепција. Совет?
Хирзутизам е машка влакнатост. Се јавува на нетипични места кај жената, кои се типични кај мажите (пример брада). Инаку мене хирзутизмот ми беше само пропратна појава со дисбалансот. Веќе не ми растат влакна.
Ги имам пиено и едните и другите. Имав долги терапии поради полицистични јајници со овие таблети. Мене лично Јасмин ми беа полесни и поубаво ги поднесував, со нив добро поминав, за разлика од Диане35. Сега чекам да ми се регулира циклусот, па продолжувам со Јасмин, овој пат како контрацепција.
И јас сега разгледувам по темата за контрацепција на форумов, сега малку ме збуни Меу како полесно ги поднесував, значи ли тоа дека мора да се има некаква реакција од овој вид на таблети?
Јас како што читав, ете некои се здебелиле, биле депресивни, почнала коса да им паѓа и слично И јас би да земам вакви за контрацепција, ама ме плашат по малку тие нус појави, посебно ова со здебеленост. Јас и така сум малку полничка, со облинки и ако ги земам страв ми е да не се здебелам повеќе. А очајно сакам да симнам некои си 5 килца Значи да ги имам во предвид Yasmin. Сепак, ако се одлучам да земам, прво ќе се консултирам со лекар
И јас долго време ги користев Јасминот од кога се породив со првото дете како контрацепција а и заради хормонално нарушување и многу добро ми влијаеа на организмот,проблеми немав никакви,дебелеење или нешто слично дури и јас сум пушач и сепак ги користев а нус појави до денот до кога ги прекинав немав и сум вистина задоволна од нив.А како девојка ги користев Логестот и тие се од истата дрогерија како Јасминот ама од кога се породив Логестот не можев да ги поднесам организмот ми ги отфрлаше на некој начин ама па затоа најдов достојна замена во овие другиве.
Нормално дека може да се има реакција, како и кај секој лек. Јас се чувствував одлично со Јасмин, додека со Диане не. Мислам на тоа дека со Диане 35 имав намалено либидо, а и повеќе депресивни моменти, додека со Јасмин тоа го немаше.
Јас од пред еден месец прекинав со Диане, и сега овој месец недобивам, а ги припав како терапија препишана од гинеколог и ендокринолог, поради хормонален дисбаланс и нередовен циклус. Се нервирам страшно! Незнам што следно... Крвна слика и ендокринолог најпаметно, ништо на своја рака.
Имам едно прашање,се надева дека некој ќе ми помогне,во моментот пијам Jasmin,меѓутоа сакм да го сменам датумот на менструацијата,имам уште три останати пилули,ако сега не ги испијам ме интересира дали ќе добијам по 2,3 дена исто како и кога ги испијам сите 21,како што и треба,ве молам ако некој знае да ми пише
Ни едните ни другите кренав раце од нив, ма да Јасмин немам пиено ама знам дека исти ефект имаат Помагаат само додека ги пиеш , после пак по старо, а за негативни ефекти да не зборам Не е убаво да се пијат повеќе од 6 месеци, и во упатството стои дека е зголемен ризикот од рак на дојка доколку се пијат долго време Сега чарето го барам во чаеви, билки и алтернативна медицина