Како што прочитав овде некои што пиле Диане -35 имале многу бубуљици и се здебелиле повеќе.. Мене ми кажа докторката дека ке се здебелам ама не се здебелив и ми се исчисти лицето. И кажав за тоа дека биле штетни и дека нема резултати многу па таа ми ги смени со Yasmin. Јасмин не биле со вештачки хормони како Диане а и овде читам дека и Yasmin се подобри. И ми препиша уште нешто за често мокрење да не се задржува водата во телото... Таа кажа дека не е точно тоа за диане само лажна паника и можат да се пијат ама мене м ги смени и дали Yasmin се поефикасни?
Имам лош хормонален статус и хиртуизам и ми препишаа Диане 35. За тоа како да ги пијам докторката ми рече ќе си прочиташ во упатството. Таму пишува дека за првпат треба да земам таблетка по првиот ден од менструалното крварење, но нели не треба да ги пијам за време на менструација? Накратко, прашањето ми е кога требаа да ја земам првата таблетка.
Првата таблета се зема на денот кога ќе ти започне менструацијата и ги земаш во исто време наредните 20 дена. Откако ќе ги испиеш сите 21 таблета, правиш пауза од 7 дена и почнуваш ново пакување. Во тие 7 дена ќе добиеш, обично околу вториот ден откако ќе ја испиеш последната таблета од пакувањето. Инаку за тоа што велиш дека не се пијат за време на менструација е точно, но првиот пат кога почнуваш да ги пиеш се започнува од прв ден за до наредната менструација да поминат отприлика 26-28 дена односно еден нормален циклус.
Зависи кој како се склони кон дебелеење, јас ги пијам 5 месеци и не се имам здебелено ни 1 кг. И не слушај кои биле подобри кои полоши, кај секој е различно, секој организам е различен и кај секој различно реагираат. Ако нема несакани ефекти, не е страшно. А за ова прашањево со Yasmin, не знам да ти кажам не сум информирана за овие.
Имам пиено Диане уште многу мала, поради нередовни менструации и проблематична кожа на лицето. Првите 2-3 месеци имаше драстично подобрување, но кон крајот на 5ти месец лицето почна дури и да ми се влошува. Се здебелив околу 5-6 килограми и откако престанав да ги пијам Диане ми беше прилично тешко да ги симнам. Освен тоа, кожата ми стана далеку попроблематична отколку претходно. Никогаш повторно Диане Во однос на Јасмин и Јаз, од неколку гинеколози, дерматолози и фармацевти имам слушнато дека имале пониска доза на хормони во однос на Диане 35 и хормоните биле малку поинакви и затоа Јасмин биле препорачливи токму за млади девојки и жени, особено за вакви проблеми. Ми ги имаат препорачано, но поради лошото искуство со Диане сеуште се двоумам дали да почнам да ги земам. Инаку, ако би морала да избирам во секој случај би одела со Јасмин
Мене лицето ми бидна чисто и по бело.. немам никакви бубуљици. Слушнав дека Диане имаат вештачки и појаки хормони па можеби затоа имаш бубуљици. А секако дека не се исти со диане Јасмин нема врска почни да ги земаш но од нив се складира вода во организмот и можебиќе си надуена мене докторката ми препиша уште едни штосе за вода ама многу биле јаки па во вторник ќе одам да и кажам да ми смени имам низок притисок.
zdr devojki i jas pijam jasmin 2 mesec mi e ovaa ama pauzata od 7 dena imav nezastiten odnos i plus koga imav menstruacija i praviot mesec koga gi piev imav promena samo vo raspolodzenieto psihicko samo a sega imam pms ili sum ostanela bremena ne znam sto mi e aaa gi piam po preporaka na m ginikolog za cista na lev jajnik i ne znam sto mee ke vidam sega daali ke imam menstruacija ili nee ili e od jasmin ili sum ostanala bremena ne znam jas sakam da sum ostanala bremena pozzz i mislenjee
Не можеш да останеш бремена додека пиеш анти-беби пилули ако сакаш бебе тогаш си требала да бараш да ти дадат други таблетки кои не се контрацептивни.
da doktorkata znae deka sakam bebe veke 6 meseci se obiduvame za bebe znam deka ne modzam da zabremenam so pipuli nego sto gi imam siptomite dali mi se od apcinajata ili nee zosto prethodniot msec koga gi piev nemav takvi simtomi zatoa koga ja prais pauzata bez apcinja dali modze da se zabremenuva toa falaaa pozzz
Мислам дека не може да се забремени, ама сепак направи си тест што побрзо, зашто овие апчиња не смеат да се пијатм додека си бремена. И не ми е јасно зашто ти ги дава а знае дека сакаш бебе
pa zosto ja imam cistata veke 5 meseci ja gleda vo eho i vika deka modze ona ne puka i modze od neaa ne modzam da zabremenam zosto se drugo e ok i zatoa mi dade kontracepcii ii ne znam seaa modze mi e taka od nivv zato prasuvam dali imal nekoj takvo iskustvo so jasmin pozzz
Ти дала пилули за контрацепција за тоа што имаш циста,ќе ги пиеш некое време и после тоа ќе прекинеш и многу брзо ќе останеш бремена,тоа е терапија,додека правиш пауза од 7 дена си заштитена од бременост,ти посакувам многу среќа
Девојки вака. По препорака на гинеколог пијам Јаз (слични се на Јасмин). Требаше да почнам да ги пијам на прв ден од менструација. Добив порано отколку што требаше, а немав никакви други симптоми како што имам инаку (не ме болеа градите, ниту ми отекоа како обично...). Сепак, почнав да ги пијам, но откако почнав да ги пијам по 1 ден како да ми заврши менструацијата. Дали е нормално тоа? Знам дека е нормално откако ќе го испиеш првото пакување и се додека ги земаш менструацијата да трае пократко и помалку обилна да е, ама од прв-втор ден земање?
Devojki jas gi pijam Jasmin vee eden mesec sega momentalno imam dobieno. Apcinjata pocnav da gi pijam sama bez preporaka od lekar zasto sum vo katar i od promena na klimata vo rok od 2 meseci mi dojde 5 pati. Na pocetokot apcinjata pocnaa da mi vlijaat na moeto raspolozenie, placenje da ne znam sto mi e. Ama sepak neosekam nisto strasno, naprotiv gradite mi stanaa posexy hihihi, libidoto mi e pokaceno nemate pojma kolku, uzivam vo sexot kako nikogas do sega, onecno so sigurnost mozam da kazam deka dozivuvam orgazam. E sega toa ozebi e i do partnerot dva meseci sme zaedno ovde i e nesto nevideno do sega vo mojot zivot si se najdovme si se pogodivme ah ah ubavini
само што ми дојде месечно се напив два примоулт нор сакајки да го спречам , но не ми прекина само кога идам во вц кога се бришам приметувам по неколку капки иначе нема да ми тече она јако како што ми беше и дали се смета ова дека ми е дошли или кажете ми некој совет !
Да не е страшно кај сите различно реагира телото, ќе ти се регулира се само треба да поминат некои 3 месеци да ти се навикнеш на нив. Менструацијата е нормално да ти дојде и по 2-3 испиени бели апчиња и да трае неколку од розевите од наредното пакување. Симптомите ќе ти станат минимални нема да имаш болни менструации мене ме болеше само половината од време на време и градите грчеви, болки немав никакви. Јас ги пиев сега правам пауза ако треба нешто слободно прашајме не се грижи
Здраво Феминки,јас сум нова на форумот Вчера бев на гинеколог и ми препишаа Diane 35 да ги пијам 6 месеци а заедно со нив ми даде и две диети кои треба да ги сменувам на 3 недели,3 недели едната па 3 другата и така се додека ги земам апчињата,имам некои миоми испрскани во левиот јајник и поради нив не мозам ни да симнам килажа иако веке два месеци сум на ригорозна диета а исто и ми се појавија неколку влакненца на лицето кои се груби и машки...Докторката ми реце дека од апчинјава ке поцнам нагло да губам килограми а како што читам од вас скоро сите накачиле...ме интересира дали некој ги има земано апчинјата заедно со диета преписана од доктор...
Здраво и од мене! Долго време читам и никако да се осмелам да пишам... Истиот проблем и кај мене, не сум била единствена.. Зголемена влакнатост! Веќе 3 години се мачам со депилации, и триста чуда и веќе ми е смачено..Направив хормонално испитување, висок машки хормон докторот ми даде диане 35. 6 месеци пиев ама буквално немаше никакво подобрување..Кладов +10 кг и неможам никако да се вратам во нормала. Диане 35 не би го препорачала на никого од лично искуство. Не примам никаква терапија сега, размислувам за трајна депилација меѓутоа затоа што станува збор за хормонално пореметување се плашам дека ќе биди џабе потрошено време и пари..Поздрав