Јас ги пијам диането еве 9месеци... прво ќе те прашам нешто... Дали имаше читано за нив на интернет, откако ти ги препишаа апчината? Те прашувам оти можи потсвесно да мислиш на тие нус појави и да мислиш дека ти се врти,лоши... Види некој ден како ќе ти биди, па појди на доктор и нека те советува, па нека ти ги смени за јасмин( тие се послаби). Мене ко ми ги препишаа заради полицистични јајници, три дена дома читав за нив по форуми, и од самото читање почна да ми се лоши, па као демек имам болки, а благе везе немаше. психата беше. Продолжив да си ги пијам, реков ај еден месец, па ко ќе одам на контрола ќе му кажам, ама то траеше само 3-4 дена... т.е дури читав за нив )) Еве 9 месеци јас немам никаква мака од нив, попраена сум само 3 кила од нив, за влакна да речам скоро и да немам и мн бавно растат, на 2 месеци одам на депилација, полека ми се среди лицево, иначе имав акни предходно, но полека се средува и тоа. Нз колку ти помогнав, поззз
Фала многу незнам што ќе направам,ќе појдам уште кај еден гинеколог (жена е ) од која доста сите се презадоволни од неа,да видам и таа што ќе ми речи,закашав денес за почетокот на јули па ќе ти пишам,ќе ти кажам што сум направила...Фала ти многу што го сподели твоето искуство за таблеткиве...И ако можиш уште кажими дали појде на контрола да видиш како ти се јајниците?
одам секој месец на гинеколог, оти треба рецепта (можи и на приватно ама поскапи се), по првите три месеци ми напрај прва контрола, после на секој два месеци контрола ми праеше, нема некоја голема промена за јајниците, ми рече до една година да ги пијам, пауза после и потоа пак ако треба. Дури по 6 месеци забележав промени во смисла на помалку акни, помалку ми опаѓа косата, а за јајнициве треба трпение си викам за овие 3 месеци со останаа ќе се реши и тоа
Значи и косата ти паѓа... И мене ми паѓа, лани ова време мн ми паѓаше па некој период не,сега пак,многу се нервирам се имам пробано,дури и порепарати од 3000 ден и на лекар имам појдено за то,се беше во ред,значи од јајниците е :/ ццц се надевам еден ден се ќе се среди незнам што да речам
Добро. читам на некои ви паѓа коса. Ако паѓа значи дека по престанувањето се враќа се на старо со косата, запира паѓањето?
Имам слушнато дека косата паѓа од полицистични јајници, мене ми паѓа и сигурно е од тоа,зошто сум била и на лекар,се е во ред и се имам пробано од најевтини до најскапи шампони и други препарати и маски и ништо,сеуште ми паѓа значи треба првин да се среди состојбата со јајниците
Јас ги пиев дијането 3 години и два месеци ми беа диагностицирани полицистицни јаници и не ми доѓаше менструација два месеци но последната година од пиењето на апцињата почна могу да ми се лоши станав депресивна буквално бев како бремена жена ми беше лошо речиси секој ден гинекологот ме убедуваше дека не е од нив , добив алергија матчната од општа медицина кога дозна дека пијам дијане збесна лом ме направи и бидејки отидов за алергијата а оддамна не бев правела крвна слика ме натера да направам ми најдоа покачен шеќер во крвта 7,1 од дозволено 3,5 до 6,5 правев три месеци наназад и тој покачен 7,8 и матицната беше со зборовите ете ти реков ова е дијането одма ми ги прекина гинекологот дијането и право на ендокринолог ми дадоа само диета и беше зачудена како сум ги пиела 3 години без прекин и наредно испитување после едне месец шеќерот мерен три месеци уназат 4,9, инсулинот во ред кортизолот во ред се во ред дијабетис нема е сега сум уште на диета но откако ги прекинав дијането со менструацијата пак по старо поточно ги прекинав и добив ,после 15 дена пак добив некое неовулационо крварњеи од тогаш еве еден месец цел ми прескокна и на ехо повторно се јаниците полицистични ендокринологот ми вика да почнам да зимам примолут нор 3 месеци , гинекологот небеше баш за нив и ми се смачи нека поминат одмориве ке почекам зошто на нив пишува дека несмеат луге со дијабет да ги зимаат а мене на некој начин организмот во тој поглед лошо изреагира дури сега се осекам подобро не ми се така лоши сакам да казам џабе апчињава кога вредат само додека ги пиеш и не ми е јасно овој синдром на полицистицни јајнци го имало оддамна и жените не ни знаеле дека го имаат не го ни лечеле сега само со хормони не троваат незнам веќе со да мислам а за бремена гинекологот ми рече дека нема проблем да се остане и сега ипага лечиме нешто што природава така го создала а знам еден куп жени и девојки од моето окружување со го имаат овој глупав проблем .
гинекологот ми рече дека имам полицистични јајници и дека поради тоа ми опага косата , сега пијам диане 35 веке еве 7 месец ама косата пак ми опага , дури и главата ми се гледа келава сум , бев по дерматолози , натам навам , ми рекоа дека ми е хормонско или од јајниците , дали некоја од вас девојки која е имала ист ваков проблем и е пиела диане 35 и се згуснила косата ? дали е можно од диането усте толку да ми се ретчи косата ??
Ај и тука ќе прашам зошто во делот за контрацепција не добив одговор. Прв пат пијам јасмин за контрацепција, и пиев 11 дена, во кои не престанав да крварам (Прво имав кафен исцедок, а последниве 4 дена свежа крв, како добиено). Бев вчера на гин. и ми кажа да ги прекинам, и да одам на контрола во понеделник. Ме интересира, дали на некој му се случило да крвари подолго од Јасминот, и кога престанува крварењето? Малце, те многу сум исплашена... Ме боли стомак исто како кога имам добиено, а ми се чини дека ова крварењево нема крај.
Јас пиев диане-35 4 месеци и сум доста задоволна,лицето ми се исчисти многу и меструацијата ми беше многу редовна,потоа немаше потреба повеќе да пијам,ама мајка ми пиеше доста време и диане-35 и јасмини немаше никаков позитивен ефект.Зависи на кого како делува...навистина е индивидуално.
Јас сум ги пиела Јасмин околум 6 месеци и добив прекрасни резултати. Лицето ми се исчисти и менструацијата ми се регулира.
Jас со лицето немав проблеми ама циклусот ми се регулира, а ги пиев само 4 месеци Оленце откако ти се регулира циклусот по колку време ти трае? мене по 2 најмногу, 3 дена.
Здраво феминки, нова сум на сајтов ми треба помош и мислење. Дали може додека пијам диане 35 и спиронолактон, да пијам алкохол? Ви благодарам
Ги пијам Yasmin 7 месеци. Значи ништо буквално немам нус појави или нешто така друго. Се е во ред и многу ми е мило што менструацијата ми е редовна и можам да си планирам одмори, свадби работи зошто претходно буквално на изненадување ми беше се. Сакав да прашам, оти ми кладоја шубе не за нешто друго, дали е подобро да се прават паузи во земањето на контрацепцијата или да се продолжи? Оти јас би сакала да продолжам ама одредени личности ми рекоја дека подобро е да направам пример пауза неколку месеци па повторно да почнам. Ќе се консултирам јас со гинеколог другата недела ама ме интересира до тогаш ваше мислење Поздрав
Здраво на сите Одамна не сум била активна на форумов. Сакам да Ве прашам нешто. Со мм се обидувавме за второ детенце. Пред 2 недели бев кај матичната и на ехо забележа дека има зачеток но дека шансите да опстане се минимални, и ми посочи доколку почнам да крварам значи дека бременоста е завршена и да направам хормонални тестови. Тестовите беа во ред, сите хормони кои ги испита беа нормални, но сепак ми препиша да пијам Yasmin 2 месеци (толку мм ќе биде отсутен од држават) со цел кога ке ги прекинам да имам поголеми шанси да забременам, а притоа ниту ме прегледа на ехо за да потврди дека бременоста е завршена ни провери крвана слика или слично. Од денот кога почнав да ги пијам Yasmin постојано имам нагони на повраќање, неможам ни вода да се напијам ни да помислам на храна. Па сега сакам да прашам дали имал некој сличен проблем со овие апчиња ??? Инаку првпат пијам хормонални апчиња, Во првата бременост по природен пат останав бремена со близнаци и исто во 3-4 недела едниот ембрион сам се повлече и не примав никаква терапија. П.С. Гинекологот е единствен во градот. Поздрав
Почнав да ги користам диане 35 испив 11 од апчињата и по грешка наместо да го земам следното апче јас го зедов последното :/ И незнам што да правам,дали да продолжам да ги пијам или не? Што може да ми се случи?
Како прво невозмозно е од кога ке ги прекинес хормонските апчиња веднаш бремена да останес,тоа е факт,дејството на тие апќиња не престанува веднас туку трае околу година најмногу до две.. pozdrav
И јас пиев Diane35 неколку месеци и исто ми се исчисти лицето, ми се намали влакнетоста и ми се регулира менструацијата. Гинекологот ми ги препиша повеќе поради проблемите со лицето бидејќи хормоналниот статус ми беше во ред. Дури и тестостеронот ми беше на нормално ниво. Е сега проблемот е што прекинав да ги пијам пред неколку месеци и еве повторно истите проблеми... акни, зголемена влакнетост... Не знам што понатаму, дали да почнам пак да ги пијам или не?! Очигледно ова е привремено решение само додека се применува терапијата а потоа повторно истото... Дали ако ги почнам месецов би можела да ги пијам само на месец, два или морам повеќе од 3 месеци? Уффф... ова почнува да ме нервира!
Девојки јас малку се испаничив.. Поради нередовен циклус и полицистичен десен јајник ми дадоа да пијам циклопрогинова,ја испив првата доза 21 ден нели и сега 7 дена треба да чекам да добијам,веќе 4 ден ми е ,а никако да добијам.. Имал некој слично искуство ?