Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Diane 35 и Yasmin

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од jasBia, 26 јануари 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Штом престанеш да ги пиеш им престанува дејството и можеш да останеш бремена.
     
    На Black Roze1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Black Roze1

    Black Roze1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Oна колку повеке мислиш јас два месеца ги користам уште два треба

    фала дангел :)
     
    Последна измена од модератор: 1 јуни 2017
  3. Normina

    Normina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    4 meseci nisto ne e , jas gi piev 1 ipol godina , posle pocnaa da ne deluvaat i sama na svoja raka resiv da gi prekinam dodeka ginekologot insistirase da zemam pojaka doza i da prodolzam ...Znam deka kaj nekoj pomagaat no dolkolu ne e nekoj golem problemot ne gi primajte si imaat i drugi posledici od iskustvo vi kazuvam , ostajte sto kazuvaat doktorite tie odat samo spored knigata .. So ishranata mozat mnogu raboti da se sredat ..
     
    На Black Roze1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.993
    Допаѓања:
    33.680
    Пол:
    Женски
    Дечки, последното апче од Јасмин го испив на 3ти Април, поради лични причини и морав да ги престанам.
    Дали е добро сега пак да ги почнам? Менструција треба да ми дојде сега на 4ти Јуни.
     
  5. Black Roze1

    Black Roze1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    I jas gi pijam za zgolemeni an
    Jas isto taka so diane samo sto eden mesec piev pa pravev pauza i endokrinologot a i ginekologot mi rekoa deka nemalo vrsla so sum praela pauza i deka mozam da si gi pocnam pak i eve gi pocnav gi pijam ke gi pijam uste dva meseca a zosto gi pies jasminot za hormoni ili kako kontracepvija
     
  6. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    2.076
    После 7 години борба со акните ништо од страна на препарати не ми помогна. Направив хормонски испитувања и ехо на јајници се испадна во границите на нормалата, изворот на акните уште не го пронајдов.
    Гинекологот ми препиша 3 дози Диане 35 па еве ги примам две недели скоро, засега немам никави реакции освен што некогаш многу ми се гади ама тоа е една од непосакуваните реакции така пиши и во упатството. Забележав дека се исфрлав прилично и тоа на места каде што обично немам акни, велат дека првите неколку месеци се влошува па потоа почнува да се чисти.. Се надевам ќе се ослободам еднаш засекогаш од овие акните веќе преку глава ми е, не можам да излезам од дома самодовербата ми ја упропастија ;(
     
  7. Normina

    Normina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски


    Pred spienje izmij go liceto samo so voda i ubavo premackaj go so limon ostavigo da se isusi i ke go izmies tek slednoto utro ... Jas imav mn ,piev hormonsi ama ne za aknite nego da sredam ciklus , mene limonot mnogu mi pomogna gi susi i nikako ne gi pipkaj .
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    2.076
    Ќе може некој да ми помогне во врска со Диане таблетите?
    Ја испив првата доза од 21 и сега правам нели 7 дена пауза и требаше да ми почне менструацијата но не ми дојде.. Сега кога треба да почнам со другата доза? Да чекам да ми дојде па отпосле или веднаш после 7миот ден иако не ми дојде? :?:
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Веднаш после седмиот ден.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    170.921
    види у упатството како пишува ново пакување се почнува на 7ми или 8ми ден? инаку и да не добиеш си почнуваш ново пакување како што пишува во упатството
    за секој случај напрај си и еден тест
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    2.076
    @DAngel @ALISA0000 фала ви многу девојки на брзите одговори :hug:
     
    На ALISA0000 и DAngel им се допаѓа ова.
  12. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    @MayDiamonds, на осмиот ден. Цели седум дена пауза.

    Ако си ја испила последната таблетка на пр. во недела, новата кутија ја почнуваш во понеделник наредната недела. Не го прочита упаството пред употреба? :)
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    170.921
    Таблетите се земаат по редоследот означен на пакувањето, секој ден, во приближно ист период од денот, со малку течност. Се пие по една таблета дневно во период од 21 ден. Секое следно пакување се почнува по 7 дневен слободен интервал.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Мислам дека само кај нас е WOW користењето на вакви контрацепции, секаде во светот ги земаат од 16 год како контрацепција, а не пак како кај нас што ги препишуваат заради хормонален дисбаланс.
    Толку сме уплашени, читаме некоја литература и се блокираме,се ограничуваме...
    Можеби е и до реакции на самиот организам.
    Еве познавам случај кој ги пиел повеќе од 5 год како контрацепција.
    Не знам, но мислам дека креваме преголема прашина околу нивната употреба.
     
    На MayDiamonds, Dust и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    2.076
    @DzingrlakaDzikica го прочитав упатството но на него пишува само како да ги почнеш, знам како се пијат досега ја примав првата доза само не ми беше јасно кога да се почнат после паузата бидејќи на упатството пишеше само откако ќе ти заврши циклусот а бидејќи мене не ми дојде воопшто не бев сигурна дали треба да чекам или да ги продолжам нормално 8миот ден како што пишува па затоа прашав тука..
    Една моја другарка ги зема Јасмин па ја прашав неа бидејќи мислам дека сите се земаат на ист начин а таа ми рече дека сум требала да чекам да ми дојде менструација и откако ќе ми заврши да продолжам со втората доза, изгледа секој ги зема како што сака па мислев вие сте поупатени тука па затоа одлучив да прашам пак за посигурно.:)
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не треба да чекаш. Циклусот со пауза не треба да ти трае повеќе од 28 дена (21 ден + 7 дена пауза).
    И на Јасмин не треба да чекаш, утнува другарка ти. Да не изненади со некое бебенце :?:
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Епа очигледно таа не го прочитала и ти дала погрешна информација. :)

    Ова го пишува во упатството (правев препис пред малку):

    Лентата содржи 21 таблета. До секоја таблета е испечатен денот кога таа треба да биде земена. Ако на пример, започнете со таблетите во Среда, употребете ја таблетата која има „СРЕ“ до неа. Следете ја стрелката на лентата се додека сите 21 таблети не бидат земени.

    Потоа не земјате таблети 7 денови. Во текот на овие 7 денови без таблети (инаку наречена недела со прекин) треба да започне крварење. Ова таканаречено „псевдоменструално крварење“ вообичаено се јавува на 2-иот или на 3-иот ден од неделата со прекин.

    На 8-иот ден после последно земената Јасмин таблета (тоа е после 7-дневната недела со прекин) треба да почнете со следното пакување без разлика дали имате крварење или не. Тоа значи дека секогаш ќе го почнувате новото пакување во ист ден од неделата и дека псевдоменструалното крварење ќе се јавува во истите денови секој месец.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    2.076
    Фала ви многу уште еднаш сега ми е потполно јасно :)
    Ова употребата на контрацептивни таблети кај нас и не е многу вообичаена па не се сите баш запознаени, кога ги купував пак фармацевтката ми кажа сосема трет начин на употреба што ме остави во прашалници па си се консултирав со гинекологот која ми објасни се но ете заборавив да ја прашам за во овој случај како треба да се направи, среќа феминките се секогаш најдобро упатени :D
     
  19. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми објасни зошто се користат овие апчиња?
    Фала однапред.
     
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    135.184
    Пол:
    Женски
    Контрацепција, регулирање на циклус, лекување цисти.