1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

dm на Фемина: консултации, подароци, рецензии

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од dm drogerie markt, 10 ноември 2014.

  1. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Ни претставува посебно задоволство да најавиме дека од денес ќе бидеме постојано присутни на Фемина со известувања за нашите активности, одговори на Вашите прашања и се разбира, подароци. :)

    Директна комуникација

    Љубезното советување и добриот пристап до купувачите се суштински дел од нашата философија. Токму затоа решивме со нашето присуство на форумов да се обидеме уште повеќе да се доближиме до Вас – нашите ценети потрошувачи. Не залудно изреката „Тука сум човек тука купувам“ во центарот го става човекот како индивидуа.

    Се надеваме дека ќе нѐ прифатите како дел од вашата заедница и Ви благодариме за сите досега напишани мислења. Ве покануваме и директно да ни поставувате прашања поврзани со нашите производи, ќе се радуваме да Ви одговориме.

    Подароци

    Следејќи ги светските трендови, континуирано ќе обезбедуваме производи за рецензии. Секој месец ќе доделуваме 20 производи на активни форумџики кои потоа би ги замолиле да напишат рецензија за производите.

    Ноември ќе биде месец на Balea производи за нега на коса. Првата колекција производи што ќе ги доделиме се состои од:
    • Balea млеко за сува и оштетена коса;
    • Balea шампон за сува и оштетена коса;
    • Balea балсам за сува и оштетена коса.
    Доколку сакате да напишете рецензија за овие производи, Ве молиме отворете ја соодветната тема за да се пријавите:
    ПОДАРОК: Balea млеко, шампон и балсам за сува и оштетена коса
     
    На martinameli, neongirl07, xxLoodacaxx и 38 други им се допаѓа ова.
  2. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Здраво, најпрвин една голема пофалба за идејата ДМ да биде поблиску до потрошувачите и на Фемина со своја категорија:):) Сакам да прашам на кој принцип ќе се врши изборот на феминки на кои ќе им биде доделена некоја колекција ?
     
  3. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Здраво @dm drogerie markt :)
    Јас би сакала да знам дали планирате да направите членски/клуб картички како што ги има низ маркетите на dm во странство. Дали со нив би се собирале поени со купување одредени производи, или истите би биле со одреден попуст откако ќе се прикаже картичката, не е толку важно, колку што истата би била знак на внимание кон верните купувачи ;)
     
    На Cinderfakinrella, ena_11, ivancekitty и 17 други им се допаѓа ова.
  4. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Браво за ова! :clap:
    Ете така, најдобро е кога сме информирани од прва рака.
     
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Одлична идеја на тимовите на Фемина и ДМ маркетите што решија да склучат ваков тип на соработка.
    Со оглед на тоа колку рецензии сме дале до сега на форумот, меѓу другото и за производите што се продаваат исклучиво во овие маркети верувам дека темата ќе биде доста посетена и продуктивна. Досегашните коментари што анонимно се поставувале се реални и доста помогнале при изборот на многу девојки што го читаат форумот, па одлична е идејата да се наградат феминките на ваков начин.

    Инаку додека сум тука би сакала и јас да се придружам на барањето на @sanja.burgundy во врска со картичките за попуст или евентуалното собирање поени. Порано често имавте и купони за попуст од 15 % коишто искрено одамна не сум ги приметила иако редовно ги посетувам маркетите. Тоа е уште еден начин да се наградат редовните потрошувачи, сигурна сум дека многумина би израдувале со таков чекор :)
     
    На ivancekitty, Mishela, rainbowec и 3 други им се допаѓа ова.
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.707
    Допаѓања:
    136.659
    Пол:
    Женски
    во битола да очекуваме дм маркет во скоро време?
     
    На softy1 и BloodElf им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    Ми се свиѓа за подвигов на ДМ.
    Браво! Многу мудро.:clap:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bucale

    bucale Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    37
    Од коментарите на членките на форумов ми се допадна колекцијата Балеа за нега на коса и гледам дека имаат само пофални зборови .Па би сакала и јас ако може да добијам на подарок некоја колекција а ме интересира која е цената на шампоните,регенераторот и млекото за коса?
     
  9. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум во фаза на купување бебешки работи, ај дајте бебешки колекции. Го користам и млекото за трудници многу сум задоволна, влажни марамици, сега купив и од вашите пелени на babylove! Браво, уживам кога пазарам во ДМ :*
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Регенераторот е 105 ден.
     
    На bucale му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IloveScience

    IloveScience Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    31
    Здраво :) Многу се израдував што омилената продавница ја сретнав на омилениот форум :D Во ДМ сум скоро секој втор ден, само си купувам по нешто. Многу сум задоволна од производите и кога разгледувам нешто да купам пола ден ми проага од што сум неодлучна :wasntme::l:
     
    На ena_11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tufchence

    Tufchence Нов член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    @dm drogerie markt
    Јас сум премногу задоволна од вас.... Се израдував кога видов дека и вие сте тука,на нашата драга страна фемина..МНОГУ ВЕ САКАМ....
    п.с.Регенераторот ви е предобар
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Прашање до DM зошто stil фарбата ја нема во продажните продавници на ДМ во Македонија, а во ДМ Србија ги има?
     
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Може ли овде да ги ставате флаерите како слика ,со производите што се на промоција во тековниот период, баш би било супер. Во маркетите ги има залепено ама добро би било и овде да ги има па може некој полесно ќе се потегне да оди и да си купи нешто.
     
  15. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драги учеснички на форумот. Со цел полесно да ги пронаоѓате производите кои се на акција веднаш на насловната страна на femina е поставен линк преку кој можете да го превземете целиот каталог.
    http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/usluge/213856/akcija.html
    Отсега секој втор понеделник како ќе излегува новиот каталог, ќе ви доставуваме линк за негово превземање веднаш тука на форумот, така секогаш ќе бидете во тек со сите нови попусти ;).

    Ве известуваме дека од денеска е активен и нашиот сезонски каталог есен/зима во кој ви презентираме 5 стилови на шминкање од секојдневието на една модерна жена...попустите се секако неизоставен дел.
    Сезонскиот каталог можете да го превземете директно од нашата веб страна, или преку следниот линк
    http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/usluge/173560/ponude_i.html

    Ве очекуваме со коментари..:)
     
    На SnowWhite8, Val-Dim, ivancekitty и 2 други им се допаѓа ова.
  16. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    За жал брендот Still во моментов не планира дистрибуција на своите производи на македонскиот пазар. Доколку се отворат можности со задоволство ќе станат дел од нашиот асортиман.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драга Domakica, не застануваме тука со доделување на подароци. Идејата ни е помеѓу вас да поделиме што повеќе подароци од навистина разновидниот асортиман на dm. Во наредните месеци очекувајте да доделуваме производи за нега на лице и декоратива, органска храна, средства за домаќинство и секако производи за нега на бебиња и деца.
     
  18. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Со желба да бидеме што поблиску до вас, константно сме во потрага по нови локации како во Скопје така и во останатите градови низ Македонија.
    Доколку имате информации за некоја локација во вашиот град која може да стане нова dm продавница, можете слободно да го потполните формуларот и да ни помогнете да го донесеме dm и во Битола
    http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/dm_filialen/dm_expansion/
     
  19. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драги феминки, тоа и го очекуваме од вас, реални коментари и реални сугестии кои ќе придонесат услугата во dm да биде се подобра и подобра.
    Што се однесува до клуб картичките секако дека ја разгледуваме и таа можност истите да ги воведемe по пример на останатите земји каде е отворен dm, Се надеваме дека во догледно време ќе успееме да ви ја овозможиме и таа услуга.
    До тогаш ве потсетуваме дека токму за вас, редовните посетители се трудиме да ви овозможиме се повеќе различни производи на попуст преку нашите двонеделни каталози Супер цена супер акција. Со овие каталози снижуваме и до 300 различни производи на секои две недели.
    Погледнете што е сега на попуст
    http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/usluge/213856/akcija.html

    Имате ли некој предлог...што е она што највеќе би ве израдувало да го видите снижено во наредните dm каталози?
     
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Наредно би предложила да има некоја поголема акција на производите од Катрис, затоа што со оглед на тоа што се нов бренд треба малку повеќе да се испромовираат за да се доближат повеќе до купувачите. Од една страна има луѓе што сакаат да пробаат нови работи по секоја цена, а од друга страна има многу од оние што не сакаат да дадат толку лесно пари за некој нов непознат бренд од којшто не знаат каков квалитет треба да очекуваат.
    Исто би било фино и да се стават на попуст некои производи што ќе помогнат за одржување на негата на кожата во зимскиот период.
    Еве некои конкретни примери што мислам дека набрзо не биле на акција, а можно е и да сум грешка.
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG][​IMG] [​IMG]
     
    На ivancekitty и mims-89 им се допаѓа ова.