@Nikijanata или пред Шампионче ако доаѓаш од центар ☺️ Јас не сум чекала многу за кај неа, а покрај прегледот, можда ќе ти бара и нешто друго да испиташ, е тоа може да чини 2000-3000 ден, па и повеќе. Јас имав проблем со екстремно намален тсх, не со дијабетес. Може за тебе да се некои други испитувања...не знам точно.
Закажавме кај Др. Кочова, следна недела,в Ремедика, ми рекоа дека е детски ендокринолог, има некој искуство од кај неа?
Таа е таа што не ми текнуваше како се вика. Не знаев дека е во Ремедика сега. Малку е грубијан, ама мислам дека е стручна - една од постручните во државава.
Била на детска клиника, сега е таму. Фала за инфо, се надевам добро ќе поминеме @mamaorhidea закажавме таму, фала
Ние го носевме малиот кај неа пред скоро два месеца во ремедика и поминавме сосема добро, задоволна сум од пристапот кон малиот, прегледот беше темелен, ни објасни што како, така да, се на се ние сме задоволни, се надевам и ви посакувам со добро да поминете, поздрав .
Zasto gi nosite malite na endokrinolog mislam na toa kakov problem so hormonite imate jas I mm imame hipotireoza a na malata dosega I nemame ispitano tiroidna zlezda zatoa prasuvam Inace nie odime kaj Iskra bitoska ama nesto veke pocna da me nervira dr i ke vidam dali ke prodolzime kaj nea
@bube90 , јас сум била кај докторката само на консултација, ме нема лекувано. Од тоа што ја видов, ок ми беше. Ми посвети внимание, ме сослуша, насоките кои ми ги даде беа на место. Се на се, мислам дека докторката е ок. Јас имав покачен пролактин. Ама не екстремно. Правев и магнет. Периодот имав и хипер функција на тироидна злезда. Посетив повеке доктори кои се спомнуваат назад низ темата. Многу ретко наидов на исти мислења. Ако еден доктор ми викаше да не правам ништо, не е страшно покачен пролактинот, друг на истиот резултат ме упатуваше на доплнителни испитувања. На крајот собрав мислења од неколку нив и терав по мој памет. За срека...со многу истражувања, многу прочитана литература, многу собрани искуства....сега сум ок. За жал, неможам да издвојам никој доктор онака да ти кажам иди таму, најдобар е. Ако имаш прашања плус, слободно пиши ми.
Ми дојде као кец на десетка. Прл ми е 32.4, испитан пред месец ипол, дали ќе треба пак да го испитам само него, апчиња да пијам или да се снимам. Што мислиш? Кај гин ќе одам утре, а читам и дека нешто со исхрана може да се реши. Позз
@tina2018 , кои се референтите вредности? Јас вака направив. На првиот резултат, првиот доктор одма ми препиша апчиња. Ја не ги почнав. додека да најдам друг доктор друго мислење, второ па и трето ( пошто некој го поврзуваше пролактинот со тиридната, друг не), помина уште месец. После тој еден месец, значи без терапија, проверив пак, пролактинот немаше мрднато. Една докторка мислеше дека е пожелно да направам магнет, и ми рече да почнам и терапија одма. Ја по форуми сфатив дека терапија даваат на многу повеке покачен од мојот, и решив сама да пробам да го намалам. Пиев Агнес таблети и витамин Е, два месеца. У мегувреме направив магнет-све уредно. После два месеца проверив, беше паднат и на горна граница. Продолжив уште еден месец и веке беше у референтни. За исхрана стварно незнам да ти кажам ништо. ја немам менувано исхрана. Ако успееш да земеш упат за магнет-снимај се колку да си мирна. Иако искренио за 32...мислам нема потреба. Ако е аденом мнооогу повисок ке е пролактинот. Агнес таблетите се состав- Vitex Agnus castus.
Еј супер, фала ти. Реф вредности се 3.2-25, ама не сум испитувала до сега и се извадив од памет. Инаку, читам на нет и симптомите ги имам со месеци: паѓање на коса и дебелеење. Гинекологот ми е разумен, мислам ќе ми даде да испитам пак и да се снимам. Фала многу и поздрав
Тина2018 ќе го споделам моето досегашно искуство и знаење па се надевам ќе ти помогне. Од реф. Вредности 0-35 првиот пат ми беше 69, втор пат мерев 68. Читав многу, применував совети , пиев Б6, пробав да сум смирена и на следно испитување беше 73. Направив ехо на дојки, уредно се. Отидов на гинеколог кој ми кажа кои се лекарствата но ми препорача прво да се посоветувам со еднокринолог а потоа и магнета ма хипофиза да се направи па дури тогаш да се препише терапија. Немој ништо на своја рака да пиеш. Ако имаш прашања тука сум @newring86 ти благодарам. Ќе отидам кај Иванова на консултација и ако е потребно и преглед. Колку се плаќа преглед? И колку ти беше пролактинот? Таблетите Агнес дали ги пиеше на своја рака? Сум читала за нив многу, знам дека помагаат да се среди хормонален дисбаланс но дека не смеат да ги пијат оние кои сакаат да забременат. Извини што ќе те прашам , дали имаше проблем да забремениш од пролактинот?
@bube90, јас кај докторката отидов само на разговор, немав закажано претходно. Она беше на работа, прашав дали може да се консултирам само, она ме прими, ми ги виде сите претходни резултати, се задржав сигурно 30мин и на пулт после ми рекоа не треба ништо. Пролактинот кога прв пат го испитав, беше 36 референтни 3-18. Немав исцедок од дојки. Да, скроз на своја рака ги пиев. Агнес и вит Е од 400ИЕ , три месеца во континуитет. Проблеми со забременување имав, останав бремена после година и три месеци активни обиди. АМА , во тој период на обиди незнам колку ми бил пролактинот зашто тек кога открив проблем со тироидна, сама побарав да испитам пролактин, и тогаш сакав да видам колку ми бил пред да останам бремена за да увидам дека тогаш не ми ни испитале пролактин! Што значи.....веројатноста дека ми бил висок уште тогаш, постои. А баш напротив....ја знам дека не се контраиндицирани кај жени кои сакаат да забременат. баш напротив, прават баланс на хормони може и полесно да забремениш. Дури и ги пијат за превенција од спонтан. Така ја знам, прочитај по детално ако не
@newring86 ти благодарам за одговорот. Веројатно уште тогаш ти бил висок но не си знаела. Мило ми е што е сега се во ред. Јас испитав хормони кога решивме дека сакаме бебенце. Од тогаш поминаа 3 месеци, што е краток период, меѓутоа важно ми е да се среди пролактинот зошто верувам дека е пречка. Исцедок од дојки немам, имам редовен циклус и уредна овулација на 14 ден. Да видам што ќе каже ендокринолог. Во меѓувреме ние се обидуваме па можеби ќе се случи чудо
Здраво Како што пишав и во темата Гестациски диабетис така и испадна. Ептен сум слатка. Е сега се обидов да ја добијам др. Бранкица од Срце но таа се враќа на работа дури на 16 септември, мојот градски ендокринолог е на боледување и се враќа дури на 10 септември. Мене ми треба еднокринолог најбрзо што може. Наредна недела ќе сум во Скопје па ве молам ако имате препораки освен за др. Бранкица. (со Ремедика имам лошо искуство зошто те тераат да правиш непотребни тестови кои чинат многу, а не ти кажуваат точно што треба да се превземе) Ви благодарам