Здраво девојки. Би сакала да прашам за Д-р Бранкица од Срце. Преглед видов дека чини 1500 денари, меѓутоа дали е дозволено да се носат досегашни испитувања кшто се правени, и дали има лабораторија и треба хормоните да се испитуваат на приватно, или може со упат на државно? Ви благодарам!
Пожелно е да однесеш се што имаш, а за резултатите ќе поразговараш со неа лично, мислам дека може хормоните да ги испиташ на државно
Здраво девојки, дали некој може да ми објасни каде подетално се наоѓа зградата за ендокринологија во државна во Скопје? Јас не сум од таму па дали ќе се снајдам. Фала ви
Кога влегуваш од главната капија, одиш право, па пред трансфузологија, свртуваш десно, одиш нагоре, па првото сокаче пак вртиш десно. Таму им се бараките кај што прават прегледи. Две посебни бараки се, едната е центар за дијабет, другатата ендокринологија. Во било која барака да прашаш на шалтер, ке те упатат кај треба да одиш. Болните на ендокринологија, се хоспитализирани во зградата на интерно, мислам на втори спрат дека беше. Таму и дежурат ендокринолозите, па ако ти е само за совет, можеш да ги побараш за време на дежурство.
Зрдраво, да прашам за Еднокринилогија лабораторијата во државна болница крв ми зедоа во петок за хормонска анализа нешто, ми рекоа во четверток да идам право со резултатите таму кај докорката која ми даде анализата тогаш ке биде на работа... дали резултатите излегувааат порано ? Колку време им треба да излезат ? Не сум стрплив до тогаш би сакал да дзирнам што поскоро се случува хD Поздрав
Koj endokrinolog e najdobar od site ovie ? Mi treba za ispituvanje na insulin ,insulinska rezistencija koja e povrzana so policisticni jajnici .
Најдобар еднокринолог е Славица Шубеска но бидејќи нема термин нека каже некој друг негово мислење.. и Арѓент Муча е добар јас правев испитувања кај него
Најзадоволна досега за таков случај како твојот сум од Цветанка на Клиника за ендокринологија. Позитивна, мила и полна со знаење!!
Дали има некој искуство со Др. Марија Живковиќ, да ми даде мислење. За прв пат сакам да одам на ендокринолог и единствен слободен термин има кај неа, па се мислам дали да закажам термин. Искуство некој да сподели?
Јас по правило одам на приватно кај Бранкица во срце, но за едно испитување морав на клиника и таа докторка се погоди да е за приоритетни упати. Ми објасна се за пробллемот инаку јас имам проблем со полициатични јајници, ми даде упат бидејќи бев за боцкање. Рече да стасаат резултатите ама во вакви комплицирани случаеви се пие хормонска терапија и моментално почнав со терапија ЈАЗ. Ама секој случај си е посебен, сам за себе, сепак и жената која беше пред мене кажа дека кај неа оди подолго време и е презадоволна. Онаку таа колку што се сеќавам имаше проблем со тироидна жлезда. Поздрав и секое добро!
Оди кај било кој. За полицистични јајници секако терапијата ја одредува репродуктивен гинеколог (односно некој кој се занимава со неплодност). Јас така бев кај било кого. Од ГАК со упат до Ендокринологија. Таму испитување на инсулинска резистенција па потоа со резултатите пак на ГАК и добив Метформин (за висок инсулин). На Ендокринологија не ми дадоа ништо зашто мене гликемијата ми е нормална (значи шеќерот не се качува, немам скриен шеќер), туку само инсулинска резитенција и на Ендокринологија за тоа не давале терапија, туку само гинеколози за потреби на лекување неплодност. Исто имам полицистични јајници.
Колку што сум информирана сега со коронава не работи . Чекам резултати за ДНК однесена крв од средина февруари, ми рекоа да заврши се ова со коронава и после тек да се работи. Сега најверојатно примаат само итни случаеви
Здраво Кажете добар ендокринолог, со можност за евентуална операција. На ехо ми се има појавено нешто, се надевам дека не е ништо страшно... Која клиника или д-р би бил соодветен според вас доколку дојде до хируршки зафат? Фала однапред