Нема во Битола специјалисти/субспецијалисти ендокринолози. Ни приватни. На нуклеарна ги водат пациентите што имаат проблем со тироидеа и толку. Има еден приватен специјалист интернист, субспецијалист кардиолог што прави прегледи за сѐ, ама не е ендокринолог.
И во Скопје нема баш многу, а не па во другите градови. На рака се бројат тие добрите Моја препорака секогаш за Бранка од Срце, престручна, префина... и другачки сме плус. Е кога Бранка ќе реши дека нема веќе да работи и ќе биде прав пензионер, не знам каде ќе одиме...
Здраво девојки, Ве замолувам кој знае да пише дали вредноста на ТСХ влијае за забременување. Веќе 2 години се бориме за забременување, се пробано се направено и сега гинекологот вика ТСХ треба да е со вредност 2 за бременост. Термин кај ендокринолог тешко наоѓам тек за месец дена, а веќе очајна сум и изморена од испитивања, болници... Последните резултати во прилог и истите се во граници на нормала.Дали некој знае да ми помогне или советува што понатаму и што да доиспитам. Ви благодарам од срце
Така велат. Не дека сите сме мереле ТСХ пред да забремениме, ама така велат. Мораш да почекаш на ендокринологот што ќе рече. Некои пре-натални витамини пиеш?
Во овие 2 години пиев, сега само фолна пијам со надеж нели дека секој месец ќе останам бремена. Дали може би ми препорачале ендокринолог кај кој ќе отидам на консултации со слободни термини. Во сите овие години никој не ми спомнал за ТСХ да е 2 за бременост, цело време ми е околу 3, 3 и нешто, во граници на нормала и не сум имала потреба да отидам на ендокринолог.
Не ти треба упат, јави се во Срце и закажи си. Мислам дека е околу 2000 денари прегледот, контролата после тоа е бесплатна.
Сакам да одам кај приватен ендокринолог во Скопје, кој ми го препорачувате и колку би ме чинело? Бев кај специјалист и направив преглед, потоа испитав и хормони, но сакам да слушнам и друго мислење за терапијата.
Za bremenost tsh najubavo e da e pod 2,5 zakazi si na endocrinólog neka ti naprave celosno hormonsko ispituvanje i testosteron I dhea I androstendion I vitamin d neka ti ispita
Јас баш денес закажав во Систина и ми кажаа дека преглед и ехо е 5500мкд Плус ако е потребно дополнителни испитувања си се доплаќаат
Моментално е под пензија.Сум била кај неа.Жената е супер.Успеа за два дена да ми ги среди хормоните со апче,но ете за жал ми се покачија пак. Мислам дека навистина е срамота во Битола да нема ендокринолози.Сега јас од Битола да се заберам во короната до Скопје.Ама кога има мака некој на се е спремен.
За висок пролактин 40 а реф.вред до 25 Со терапија бромергон дали е подобро да се пие 1/4 сабајле +1/4 навечер или 1/2 на средина ден? Дозата е иста но поинаку распоредено дали ќе има различни резултати, вие како регулирате? Кои се вашите дози?