Кај ДР Каранфилски еден хормон е 700 ден така да ако одиш кај него или кај било кој приватен ке платиш многу за сите хормони.Јас сега го испитував пролактинот и ми беше покачен прво приватно и за да се уверам во резултатот зошто ми покажа високо правев во Ендокринологија и таму е ефтино и ги имаш резултатите за 1 недела.Ако не ти е хитно закажиси и направиси комплет се .Сега зависи дали имаш родено и колку год имаш!
Ќе може некој да ми каже како се закажува на Ендокринологија преглед дали телефонски или мора лично да се отиде и колку време се чека отприлика за преглед и дали некој бил за проверка на хормони поради зголемена влакнетост и како е задоволен од третманот?
Ние закажавме телефонски и ни кажаа кога да дојдеме (зашто не сум од Скопје). Но најубаво, ако живееш во Скопје да си отидеш и лично да си закажиш. Сепак нема одреден термин да закажат, туку ќе ти кажат да дојдеш само на тој ден. На закажаниот ден кога доаѓаш за преглед, ја предаваш книшката кај сестрите и тие ти даваат бројче која си по ред и си чекаш. Најчесто лекарите се симнуваат од кај 9 часот и прават прегледи. Значи кај 8 часот можеш да бидеш во ендокринологија, за да си фатиш место и побрзо да си завршиш работа. Прегледот не е долг, многу малку, најмногу до 5 минути. Потоа веднаш ти земаат крв од вена во другата просторија, а потоа ќе ти кажат кога ќе бидат готови резултатите за да дојдеш. Но тогаш не се закажува, само идеш, ги земаш и влегуваш на контрола (пример по една недела или помалку). А за тоа колку ќе бидеш задоволен, се зависи од лекарот. Кај кого ќе отидеш .
Девојки ај ако некој сака да ми го дај бројот од државна болница ск сакам да одам и да се јавам не можам да го најдам на нет бројот ке ви бидам благодарна и дали некој бил сега да ми го опише прегледот и чекањето во ендокринологија за проверка на сите хормони
Prvo pisi za kolku godini e osobata. Инаку се заказува преглед и се оди на крв зиманје мерење висина и тезина.А поната све сто треба ти казува докторот
Девојки пак јас ама ме јадеше нешто да прашам за колку време даваат резултатите од хормоните не сум од ск а никој ништо не ми кажа кога бев имаше толпа од луѓе
Резултат од хормонски испитувања се добиваат една недела откако ќе ти земаат крв, барем мене тогаш ми велеа да ги земам.
Некој што правел хормнски испитувања во брзо време, може конкретно да ми каже што се ти прават, освен што ти земаат крв од вена, јас и така сум плашливка па да знам за што да се подготвам кога ќе решам да одам
Можно ли е првпат да се отиде без упат на ендокринологија во државна? Општиот матичен лекар ми рече не смееле да даваат упати за во државна и да одам без упат првпат па ако било потребно отпосле ќе можеле да ми дадат Спојлер (Здравствово стана катастрофа)
Не може. Општата амбуланта (матичниот) ти спаѓа под примарно здравство. Матичниот може да ти даде упат за поликлиника, а ако има потреба ти даваат потоа за на клиника.
Не знам дали е соодветна тема, но ако не е ги молам модераторите да ми ја префрлат во соодветна. На групер има попуст за испитување на хормоните на приватно. Спојлер Еве ја понудата http://grouper.mk/skopje/deal/pavlina-hormoni Сакам да прашам, на кој ден од циклусот треба да отидам за истите, или евентуално кој лекар да го консултирам, матичен општ/гинеколог? Се јавив таму ми рекоа консултирај лекар. Се јавувам по лекарите моментално се зафатени. Да знам, дали да го купам купонот. Спојлер Да напоменам, немам реален проблем, сакам само да ги испитам, а понудава ми се гледа примамлива.
Тироидни можеш да испиташ кога сакаш, а за полови (незнам дали важи за сите полови хормони ) е сигурно на 3-ти ден од добиено... Сепак консултирај се со гинеколог најдобро ќе ти каже
Јас кога испитував хормони бев на 3тиот, 11тиот и 21виот ден од менструацијата. Бев со упат од гинеколог и тој ми рече дека тие денови мора да се запазат. Убаво ќе пресметаш кога треба да отидеш, па макар и да е недела. Има дежурни, нема да ти прават проблем.
Ме интересира и мене за оваа понуда. http://grouper.mk/skopje/deal/pavlina-hormoni Се чини доста примамлива.И јас треба да одам на проверка. Ако ја искористи некој понудава нека пише да знаеме што и како е. И ме интересира дали некој бил тука во лабораторија ПЗУ Павлина во Кисела Вода,дали знае колку се ефикасни со работата?
А што спаѓа во прегледот - испитувањето на хормони? И како оди тоа се прима некоја терапија со апчиња или...?
Јас бев во пзу Павлина, таму само ти земаат крв и после една недела ти ги пракаат резултатите, за кои немаш никакво толкување во смисла високо ти е нивото на некој хормон или ниско. Само ги имаш вредностите на хормоните кои треба да ги однесеш после на матичен или гинеколог да ти ги протолкува, истотака не ти кажуваат дека баш на неколку специфични дена во циклусот се прават тоа треба сам да си знаеш. Мислам дека во самата понуда на групер треба да стои дека хормонални испитувања се прават на специфични дати и треба претходно да се консултираш со лекар да ти каже кој ден точно да одиш. Не им одговара тоа да го напишат нормално вака повеке продадени купони, повеке пари.